Дежурна Ординација! #2

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721


Треба нешто да ме загрижува ?:toe:
Не. Пази на мрсно малку, не пиј алкохол, вежбај, спиј редовно, пиј вода... ако веќе ги праиш редовно работиве, продужи.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.376
Дома не се однесувам така бидејќи ги почитувам домашните. Да бидеме пристојни. :)
... однесувањето зависи од воспитувањето, а не од почитувањето, затоа што животот свешто носи, па може „утре“ поради Х причини веќе нема да ги почитуваме домашните, ама ако сме воспитани како треба и тогаш кон нив треба да се однесуваме со почит, оти тие ни се домашни, зарем еден период ќе почитуваме некого, па ќе се однесуваме како треба, ама ако ни „стапне на жуљ“ и веќе нема да го почитуваме, па ќе се однесуваме на ваков начин, па после ќе се чудиме зошто така се однесуваат со нас, па и во реалниот живот,
... кога се нема морални вредности и тие 7 години од дома, залудно е и знаењето, не е само писменост и образование важно, комплетна личност без воспитување не може да биде!
... овој „смирен“ со почит, циничен пост е само поради реакцијата на админот, а не дека си пристоен, туку авторитет негов те спушти на земја, барем тука на форум!
...покажувате елементарни незнаења за проблематиката, нешто што е срамота за медицинско лице, а воедно и опасно поради лажниот авторитет кој го прикажувате на форумов.
... проблематиката ќе ја решиме, со тоа што треба да кажеш со кој коментар кажав „незнаење“, но тоа понатаму, прво да го решиме проблемот околу „лажниот авторитет“ на форумов, по не знам кој пат да повторам - „форум“, па не би ти пишала што значи форум и како функционира, не е ниту авторизирана акредитирана здравствена јавна установа, ниту пак гледам тука некои посебни имиња кои се со „вистински авторитет“, а јас сум била со „лажен авторитет“ потпишана како „bijons“,
Вашето елементарно неразбирање на основните физиолошки процеси, микробиологијата и имунологијата, а и општо, медицината; сметам дека не сте компетентна да давате медицински совети овде, со што, мислам дека треба да се отстрани Вашето присуство од темите поради биоетички причини. Ќе доставам барање да се ограничи Вашето присуство на овие теми поради опасноста да му наштетите некому со вашите површни и неумесни совети.
... ова е веќе втора јавна закана на форумов кон мене од таков тип на „пријави, и „барања„ на некомпетентност, но не се искажа дали тоа до некоја медицинска институција или до министерство за внатрешни работи како што имам сознание дека некој од форумов веќе превзел такви егзибиции, па во тој смисол би ти советувала да се контролираш, оти и твоите „совети“ тука на тема ДМТ со други психоделици од аспект на искуство не ги гледам баш лиценцирани, а примената на тие забранети супстанции на форум, со толкаво искуство на доживување, не го гледам како резултат на некој си труд, а деца читаат на форумов, ама нели тоа е све под контрола од компетентен авторитет!
елементарно неразбирање на основните физиолошки процеси, микробиологијата и имунологијата, а и општо, медицината
... под инерција требаше да објасниш така и за делување на кока кола т.е. фосфорната киселина како совет за гнојна ангина или само моите совети се „под лупа“ на овој форум, а другите можат да пишуваат онака лежерно без да им се скине сведителство, диплома, лиценца, избрка банира од форум и други заканувачи методи од пријави и закани,
Uvae ursi folium ги содржи фенолните гликозиди арбутин и метиларбутин. Тие подлежат на процесот на хидролитичка деградација во алкалната урина и го ослободуваат антисептикот хидрохинон. Хидрохинонот е ефективен антисептик бидејќи го уништува клеточниот ѕид на бактеријата, а и клеточната мембрана, со што се зголемува пермиабилноста на бактериската клетка, истекувањето на интрацелуларната супстанција, а и влијае на протеинската синтеза и експресијата на гените. Конзумацијата на натриум бикарбонат (ова е екстремно страшно непознавање на физиологијата од Ваша страна) не е поврзана со дејството на uvae ursi folium на бактериите во урогениталниот тракт од аспект на pH вредноста како директен релевантен фактор, туку со хидрохинонот кој се екскретира во форма на неактивни конјугати, па му треба алкална урина за да може да се ослободи, а и како индиректен фактор за дејството на активната супстанција. Исто така, високото pH во урината им овозможува на неутрофилите поефективно да ги елиминираат патогените. Поради тоа што урината на луѓе кои имаат западна диета со месо е кисела, се сугерира истата да се алкализира со натриум бикарбонат, во контекст на прашањето за увиниот чај.
Но ова прашање е комплетно нерелевантно на дискусијата и покажува дека не го разбирате дејството на увиниот чај, па можам да замислам поради кои сѐ наивни причини мислевте дека се администрира натриум бикарбонатот. Нејсе.
... нерелвантно, оти не знаеш што е релевантно прашањето,
за „наивните причини“ и препоставки задржи ги за себе не ги кажувај како факт затоа што Ти така мислиш,
алкализацијата на урината со пиење на сода бикарбона како алкална супстанца се врши токму како објасни на активните супстанции на „мечкино грозје“ да би делувале на тоа место (урина) каде под претпоставка има патогени бактерии кои се криви за бактериска инфекција на урогениталниот тракт, со сода бикарбона ја алкализираме урината за да после извесен период кога ќе испиеме Увин чај (комбинација со мечкино грозје) во таа веќе создадена алкална урина ќе делува уроантисептички, ако урината остане со својата киселост Увин чај ќе му дојде како сок да сме испиле без да има лековито дејство (антисептик), истото ќе се случи ако претходно сме испиле брусница или Витамин Ц што го покачува уште повеќе ацидитетот на урината и Увин ќе прошета како обичен сок,
... најчести грешки на препораки да се пие многу брусница и Увин во блиски интервали токму поради неделување на гликозидите на лист од мечкино грозје во кисела средина туку во алкална, што би била подобна средина за размножување на патогените (neutrophile,alkaliphile)
Сумарно, повисоко pH е подобро од пониско pH за растот на оралните стрептококи, но и ова е покомплициран дискурс, несоодветен за Вашето кратко внимание. Сепак, мора да се задржиме во опсегот на вашето лимитирано разбирање на медицината. Зошто е тоа така ако бактериите прават забави на ниско pH? Зошто повисоко pH е подобро за нив според студијата,
... јас кога давав објаснување укажав на pH повисоко и pH пониско со бројка, зашто не укажуваш со бројка твоето „повисоко pH е подобро од пониско pH за растот на оралните стрептококи“ кога знаеме дека pH 7 се смета за неутрална средина, а све што е под 7 е кисела средина, све што е над 7 е алкална средина,
би сакала да ги напишеш вредностите, да споредам со моите укажани вредности во претходен коментар каде нели ти носиш заклучоци со погрдни зборови?
„It is therefore not surprising that the PpHE was found to vary considerably among the oral streptococci tested. In general, the time of PpHE was reduced for alkaline pH, and longer for acid pH values (especially pH 3.6). A pH of 5.6 appears to be the cut-off point above which PpHE is reduced. In other words, oral streptococci, in vitro at least, are more resistant to alkaline environments. Therefore, when intraplaque pH increases, as can occur during periods of food deprivation, these bacteria may continue to develop at a nearly normal rate. In contrast, if the pH drops abruptly, their development is severely restricted as long as the environment remains acidic.“
... во ист контекс зависно каде ќе потенцираш текст да насочиш внимание делот околу оралните стрептококи кои се или не се одговорни за кариес, еве и јас како тебе ќе изберам текст од истиот линк, каде
,,.. неколку студии покажува врска на кариесот во уста со некои стрептококи поради деминерализација поради присутна pH киселост,
,,Some streptococci are able to produce acids (acidogenesis), grow in environments with an acidic pH (acidophilia), produce acids at low pH values (aciduric capacity) and synthesize intra-and extracellular polysaccharides [2]. Because these properties are not shared by all oral streptococci, cariogenic potential varies among species [3]. Several studies confirm a relationship between dental caries and mutans group streptococci, particularly Streptococcus mutans and S. sobrinus [4, 5, 6, 7, 8, 9, 10]. For this reason, it is important to accurately identify bacterial strains in accordance with current taxonomic standards [11, 12, 13].Although the production of acid favors the appearance of caries due to demineralization The pH exerts selective pressure on bacteria: micro-organisms that recover their normal rate of growth shortly after exposure to an acid pH have an ecological advantage over those that take longer to reinitiate growth. Thus, even temporary alterations of oral acidity or alkalinity (usually associated with changes in the amount of micronutrients available) may have considerable repercussions on bacterial growth [15].,,
... а целта на тие клинички студии се токму двата дела во едно, да се следи капацитетот на раст на оралните стрептококот при вакви pH шокови на кисела/алкална средина,

П.С.
се извинувам за долгиот пост, но општо pH балансот на организмот е интересна тема што може заслужува повеќе внимание, можеби во некоја наредна тема,
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Почитувана Бијонс,

Ти може да ги имаш највисоките и најпрестижните титули од било која област, или пак огромното искуство на кое во неколку наврати се повикуваш, но на крајот на краиштата, евидентно е дека едно нешто немаш. Емпатија, толеранција и комуникациски вештини, како најважни особини на еден лекар.

Види, ова веќе не е интересно. Речиси сите луѓе на форумов знаат за каков лик станува збор и константно се обидуваат да ти укажат на начинот на кој што се однесуваш, ама ти и понатаму продолжуваш да го фураш истиот фазон. Не знам зошто во секоја можна дискусија се повикуваш на мене (сигурна сум дека е со желба да ме испровоцираш), ама гледаш немам време да водам дискусии во недоглед, со човек кој не знае да сврзи една просто проширена реченица. Жалам, ама начинот на кој што се изразуваш ниту е литературен македонски јазик, ниту е граматички точен, ниту е медицински коректен. Веќе утврдивме дека милуваш да се служиш со википедија и истите текстови да ги пренесуваш тука. Тоа можеби и немаше да биде толку лошо, доколку имаше барем основни познавања од англискиот јазик. Начинот на кој што се изразуваш со помош на гугл транслејт е многу лош.

За крај, со сета должна почит (со оглед на тоа што го немам искуството на кое што цело време се повикуваш), сакам да кажам дека сите мои мислења кога е во прашање здравјето на луѓето се неколку пати одмерени пред да бидат пишани! Секогаш предност ќе има прегледот во живо, разговор со лекар очи во очи, а дури потоа консултации на форум! Свесна сум дека тоа што се пишува колку и да е најдобронамерно кажано, за некој може да биде скроз погрешно (од проста причина што не ја поседуваш целата медицинска историја на пациентот). Токму тоа е причинита зошто не треба да се охрабруваат луѓето да земаати лекови (а посебно не антибиотици) на своја рака. Јасно ни е на сите како се лекува гнојна (стрептококна) ангинина, но, што ако првата линија антибиотици кои се користат за овие намени е контраиндицирана кај човекот? Што ако развие анафилакса? Како би го лечеле тоа на форумов? Или што ако не е стрептококна ангина? Па 80% од гнојните ангини се вирусни!

За крај, да кажам дека ова воедно ќе биде мој последен коментар на твоите провокации, бидејќи моето достоинство не ми дозволува да се расправам на теми на кои луѓето бараат совети за здравјето.

Ти посакувам пријатна вечер!
 
Член од
13 март 2015
Мислења
187
Поени од реакции
190
Кога станав од спиење вчера имав вкочанет врат и болки. Денес пак исто, се будев 8-9 пати синока од болките во вратот. Зборам само кога го мрдам вратот имам болки, воедно болката е поизразена во лежечка позиција и во текот на денот речиси ја снемува, но се врака кога ке си легнам да спијам. Дали е до начинот на спиење проблемот? Треба ли нова анатомска перница да си купам или?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Член од
28 декември 2012
Мислења
119
Поени од реакции
67
Имам кризи од прекинување на, Антидепресиви кои ги пиев долго скоро 10години.. веќе 3месеци не пијам и земам хелекс 0,5 мг два пати на, ден...... ама се повеќе паника страв изгубеност безволие и не можам плус, со ова ковид уште повеќе имам панико, ноќта ми е кошмар бидејќи сам живеам се мислам на најлошо немам блиски пријатели комшиите ѓи се терсене не можеш помош да побараш и се е хаос немам сила, за работа движење по гужви се кошмар искрено :( кажете совет од терапија немојте совети преку глава, веќе од тоа. долга е мојата приказна но доволна е и подршка
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.425
Вака има многу смисла. Ќе пробам утре, претпоставувам не треба да е грч ладна туку на собна температура?
Ако често ти се случува ова да си ги извадиш крајниците да те види господ :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Кога станав од спиење вчера имав вкочанет врат и болки. Денес пак исто, се будев 8-9 пати синока од болките во вратот. Зборам само кога го мрдам вратот имам болки, воедно болката е поизразена во лежечка позиција и во текот на денот речиси ја снемува, но се врака кога ке си легнам да спијам. Дали е до начинот на спиење проблемот? Треба ли нова анатомска перница да си купам или?
Пробај со вежби за вратни пршлени. На пример ова:
или ова:
Мене ми помогнаа, сега немам проблеми.
 

Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Во градска треба да правам мала интервенција на прст поради отцепен фрагмент, со локална анестезија. Брис за Ковид ми зедоа и треба да ја поминам вечерта пред интервенцијата во градска. Зашто е ваква процедурата? Не ми кажаа ништо детално освен дека сега ќе ми направат анализа крвна слика, екг, доктор ќе ме види и требало да преноќам таму.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Испитував крв (два пати годишно редовна контрола), се е во граници на нормални вредности, освен триглицеридите. Пишува крајна граница 1.9, а кај мене се 2.2. Холестеролот е во ред и се друго останато. Матичниот ми вели „нема ништо се е во ред“. Како е во ред, ако триглицеридите се покачени. Не јадам мрсна храна, фаст фуд не, алкохол не (чаша вино за ручек, 2-3 пати неделно) газирани пијалоци не. Физичката активност ми е намалена периодов. Телесната тежина во граница на нормала (2-3 кгр + зимско време :icon_mrgr:). Треба ли да земам некаква терапија? Или да барам друго мислење од доктор затоа што матичниот ми тврди дека „се е во ред, уживај“. Некоја препорака?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Испитував крв (два пати годишно редовна контрола), се е во граници на нормални вредности, освен триглицеридите. Пишува крајна граница 1.9, а кај мене се 2.2. Холестеролот е во ред и се друго останато. Матичниот ми вели „нема ништо се е во ред“. Како е во ред, ако триглицеридите се покачени. Не јадам мрсна храна, фаст фуд не, алкохол не (чаша вино за ручек, 2-3 пати неделно) газирани пијалоци не. Физичката активност ми е намалена периодов. Телесната тежина во граница на нормала (2-3 кгр + зимско време :icon_mrgr:). Треба ли да земам некаква терапија? Или да барам друго мислење од доктор затоа што матичниот ми тврди дека „се е во ред, уживај“. Некоја препорака?
Намали значајно се од животински производи, како и од зејтини, зголеми зеленчук поготово бабури и црвена зелка - карфиол. Додади куркума, ѓумбир, рузмарин и сув магдонос 3x на ден од сите по 1г. Тргни се и од рафинирани шеќери....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.376
Испитував крв (два пати годишно редовна контрола), се е во граници на нормални вредности, освен триглицеридите. Пишува крајна граница 1.9, а кај мене се 2.2. Холестеролот е во ред и се друго останато. Матичниот ми вели „нема ништо се е во ред“. Како е во ред, ако триглицеридите се покачени. Не јадам мрсна храна, фаст фуд не, алкохол не (чаша вино за ручек, 2-3 пати неделно) газирани пијалоци не. Физичката активност ми е намалена периодов. Телесната тежина во граница на нормала (2-3 кгр + зимско време :icon_mrgr:). Треба ли да земам некаква терапија? Или да барам друго мислење од доктор затоа што матичниот ми тврди дека „се е во ред, уживај“. Некоја препорака?
... испитај (TSH , Т4, T3, anti TPO antitela, Th) , често знае хипотиреоза да даде покачени триглицериди!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom