Прегледај го приврзокот 278396
...самиот опишан наод е даден со самата дијагноза Ј20.9 што преставува акутен „неодреден, неспецифичен“ брохитис,
Прегледај го приврзокот 278398
Акутен бронхитис, неодреден (неспецифичен) е воспаление на бронхијалните туби кои се одговорни за внесениот воздух во белите дробови и ако навремено не се лечи може да премине во хроничен бронхитис,
...често луѓето кои се професионално или едноставно постојано дишат „загадена“ органска прашина која содржи алергени кои ете може да предизвика нарушување на имунолошкиот систем или т.н. надворешен алергиски алвеолитис, што зависно од изложеноста може да биде акутно со симптоми како кашлање, стегање на градите, главоболка, грозница и омалаксаност, при што симптомите се повлекуваат после еден ден доколку не се изложува телото на тој алерген што го предивика овој акутен алергиски алвеолитис, кај овој пациент може да има наод на РТГ, а може да нема наод, додека во хронична фаза пациентите почнуваат со подмолна кашлица, недостаток на воздух, замор со РТГ наод,
...ова во контекс дека РТГ наодите како и самата дијагноза на акутен бронхитис и тоа неодреден/неспецифичен, не може да се каже дали воспалението е од вирусно потекло па да се поврзе со коронавирусот или пак е последица од секундарна бактериска инфекција, ете може да биде сосема трета причина - надворешен фактор како алерген од органска прашина,смог, чад, нема сигурни дијагностички знаци или лабораториски тестови, така што дијагнозата на акутен бронхитис е во суштина клиничка, најважниот услов за да се исклучи е акутна пневмонија,
...затоа не е доволно само РТГ тест, туку не е на одмет и лабораториски анализи - ККС, клиничка слика, да работите станат појасни, затоа што ако овој неодреден акутен бронхитис е од вирусно или алергиско потекло, пиењето на антибиотик само ќе одмогне, а посебно денес кога сите појавени проблеми со белодробието го препишуваме на актуелниот коронавирус,