Тоа што ти се десило на 3 Октомври, вртоглавиците мене истото ми се деси во точно истиот период, поточно крајот на Септември, и мене ми траеја 1 недела тие вртоглавици кои беа проследени со висок притисок (140 со 95/100), дури еднаш завршив на дежурен кога ми се качи на 170 со 110... ама тогаш беше онака
врвот на мојата анксиозниост, кога се плашев од кревет да станам и мислите ми одеа само на "ова ќе ми биде, она ќе ми биде, нестабилен сум, ваков сум, таков сум". Паничните напади беа секојдневие...
Значи истиот период заедно сме ги имале вртоглавиците, и добро е што си направил 134124 тестови кадешто не ти откриле ништо позначајно, значи се е во ред со тебе. Финтата е во психата, мора тоа да се надмине, јас разговарав со лекар и ми кажа зошто ми се десиле тие вртоглавици.
- Неисчистени уши
- Низок притисок (што го немам)
- Задниот дел од вратот
- Тироидната
- Шеќер во крвта
- Нагла промена на времето
Мене ми беше од промената на времето, ама ми требаше време додека јас тоа да го сконтам, и затоа цело време имав висок притисок. Психички кога се нервираш, и цело време кога си напнат доаѓа и до пореметување на притисокот, во мојот случај се качуваше, во твојот варира час паднат, час качен.
Сега да не ме сфатиш погрешно, јас не ти викам да прекинеш да одиш на лекарски прегледи, всушност провери се целосно од глава до пети, практикувај го тоа барем еднаш годишно, здраво е, али ако и тогаш не ти најдат ништо пострашно ондак ќе мора да поработиш на твојата психа. Среќа јас дома имав член на семејството кое ги има поминато истите овие патишта што јас ги поминав, и ми кажа убаво дека
ова е чиста анксиозност, и со тек на време ќе се смири, само не треба да се замараш премногу со тоа. И така еве веќе па скоро 2 месеца мене притисокот ми е нормален 125 со 80/85, панични напади имам еднаш месечно и успеав да ги исконтролирам, и најважно ги исфрлив лошите мисли од глава.... Разговор со блиска личност, шетање, вежбање, и ако ептен имаш потреба од стручно лице оди одвреме навреме на психијатар на кафе муабет што се вели.
Држи се