Имаше студија што излезе лани, со 2000 мажи и жени, и покажуваше дека групата што конзумираше повеќе од 2.5 g. сол, имаше во просек помал крвен притисок од таа што јадеше помалку од 2.5 g. сол. Студијата што е контра многу други студии, цел етаблиран физиолошки механизам и слично, одма стана хит пошто нели, така работат клик беитови. Тие што ја направија студијата, не заклучија дека сол не го покачува крвниот притисок, туку дека таа студија покажала спротивен резултат од очекуваниот, што е контраинтуитивно. Причините зошто е тоа така, може да бидат различни и таква студија треба да се повтори многу пати, да се постави нова хипотеза и да се тестира наспроти постоечката.
До сега има прецизно и просто објаснување, како јадење сол крева крвен притисток.
1. Бубрезите филтрираат помалце течности кога имаш повише Na+ во крв. Ова е добро објаснето, зошто и како.
2. Na+ во крв, некако доведува до вазоконстрикција.
Како Na+ у крв доведува до вазоконстрикција, e уште дискутабилно иако има една добра
теза. Оваа теза, опишува добар физиолошки механизам, со метаболични патишта, јадара јадара, и е једина теза што ја лично ја знам.
Е сеа, у право си за тоа дека луѓе погрешно си го сфаќаат тоа, „јади помалку сол“. Не е поентата ич да не јадат сол пошто солта е многу битна, ама да се задржат до некои статистички определени количини кои се ок. Сеа наравно, некој поголем, со една сензитивност и едни бубрези, може да нема проблеми ни со 3 г. или 3.5 г. сол, а на друг да му рипа притисокот со 2.5 г. сол, има индивидуални разлики и таа статистика за тоа колку сол е најбоље да се јаде, варира во различни географски подрачја, кај различни групи на луѓе и све тоа по список.
Ама ако некој ждере 12 г. сол дневно и јаче, голема е шансата да почне да си има проблеми со здравје после многу години таква диета. Ипак, тука зборуеме за шанси, не е тоа на камен пишано.