Дежурна Ординација! #2

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Ѓорѓески, 3 мај 2011.

  1. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.727
    Допаѓања:
    15.201
    Масло од невен и камилица, ако немаш масло чај.

    П.С. Маслата се доста појаки, исто така пробај и куркума стави во чајот, микс од сите 3.
     
    На Ilumious му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    Кога ќе почувствуваме дека раната чеша, а нема црвенило, оток тоа значи дека местото заздравува т.е. за време на фазата пролиферација, кога клетките на раната ја повлекуваат кожата навнатре нервни клетки се стимулираат и се ослободува хистамин кој всушност е одговорен за „чешањето“ што велиме преставува т.н. „клеточно движење“ како услов за создавање на ново ткиво за да се затвори раната.

    [​IMG]

    и затоа најдобро е „да се издржи “ тоа чешање или евентуално доколу има можност да се помине нежно со тампон од газа да би се „тргнале изумрените клетки“ кај резот кои можат да предизвикувааат иритација и потоа да се држи малку ладна облога на местото, да би се малку „смири“ тоа чешање, некои болници применуваат тенок слој на антиалергиски мастови од тип на Синопен, Фенерган (кои всушност ја неутрализираат таа алергиска реакција на хистаминот што се ослободува на тоа место каде имаме траума на кожата), но мислам дека не е толку страшно и неопходно доколку е мал резот - мора да чеша и нека чеша... и малку медитација онака - не чеша, не чеша и неколку минути ладна облога би било подобро !
     
  3. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    74.024
    Допаѓања:
    148.267
    Добро бе Бијонси, сѐ ова убаво ама зошто мора на секој пост со докторати и слики кога нема потреба :D знам зошто чеша, напоменав и погоре, јасно ми е, само склет ме фати ноќеска, ете исплакнав со чај од камилица и ставив крема како што пишавте, се живее сега (y)
     
    Последно уредено: 11 март 2018
  4. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    ...исто како и ти што прашуваш, а дома имаш доктори... ако кажеш благодарам, ќе се случи смак света?
    секогаш, кога се кажува нешто треба мал увод да се разбере објаснувањето, зашто на пример чеша, не само за тебе што ете ти го знаеш тоа, туку и за други членови кои може ете ќе прочитат, па не го знаат тоа и ќе научат нешто, а и сликата ја постирав за малку да имат појма што значи мал рез и два конца, може некој воопшто немал „блиска средба “ со хирург ниту такво искуство...
     
  5. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    74.024
    Допаѓања:
    148.267
    Ти испратив палец нагоре и мислев дека е сосема доволно, извини ако те навредив Бијонсе, еве благодарам ти кажувам.
     
    На bijons и Bafra им се допаѓа ова.
  6. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    19.181
    Допаѓања:
    28.691
    Масло од невен она што се прави во домашни услови може да се употребува за вакви работи?
     
  7. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.727
    Допаѓања:
    15.201
    Да.
    --- Споено дупло мислење, 11 март 2018 ---
    H pylori инфекција најчесто, чаре на претходната страна, со додаток на чај од кумин, нане, анасон ѓумбир, 2 до 3x на ден.
     
    На kkk666 и Forza Milan!!! им се допаѓа ова.
  8. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    19.181
    Допаѓања:
    28.691
    Веќе две недели не можам да јадам како порано, прескокнувам оброци, не сум на никаква диета и изгубив од тежината. Јадам само овошје и зеленчук колку да не сум без ништо. Се осеќам гладен, а кога во уста ставам храна ми станува одбивно.
    Секој ден пијам магнезиум, Б комплекс, по пола литар свеж сок од лимон и портокал итн.
     
  9. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.727
    Допаѓања:
    15.201
    Уфрли јатки, јади слободно колку сакаш, 100-150г/ден.
     
    На Forza Milan!!! му/ѝ се допаѓа ова.
  10. king-makedon

    king-makedon THE KING

    Член од:
    5 декември 2008
    Мислења:
    503
    Допаѓања:
    262
    Имав јаки болки во грло и температура, али ко по обичај не одам на лекар пошо имам проблематичен желудник и неќам да пијам апчиња. Чај од прегорен шеќер, цеден портокал, салеп, по некој фервекс и после три дена ми се повлекоа болките во грло и температурата. Ама никако не ми престанува сувата кашлица, на секои пет минути кашлам ко стар дедо. Некој ефикасен ефтин сируп или пастили шо и да е за кашлица да препорачате?
     
  11. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    4.342
    Допаѓања:
    5.876
    Пробај со чај од корен од слез и ако не помага побарај Dr Theiss сируп за сува кашлица, тој е исто од тревки, а доста е ефикасен.
     
  12. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    19.181
    Допаѓања:
    28.691
    Пробав, ама не можам да ги јадам. Значи само овошје и зеленчук овие две недели, така покисело нешто. И кафето ми е одбивно и риба и се.
     
  13. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.727
    Допаѓања:
    15.201
    Што симптоми имаш, што ти се случува?
     
  14. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    19.181
    Допаѓања:
    28.691
    Немам никакви симптоми. Ова така наеднаш, а претходно мала настинка, ништо сериозно.

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
  15. ApiStar

    ApiStar

    Член од:
    6 мај 2017
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пробај Проанги од Д-р Бачев. Ја смирува кашлицата и го смирува грлото доколку е воспалено.
     

Сподели преку: