Дежурна Ординација! #2

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Ѓорѓески, 3 мај 2011.

  1. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.906
    Допаѓања:
    15.371
    Да, 100%
     
  2. Solaire of Astora

    Solaire of Astora

    Член од:
    30 јули 2014
    Мислења:
    3.139
    Допаѓања:
    7.699
    Епа тоа имам, плус хроничен гастрит. И сеа се мислам дали сите тие сензации, аритмии, тахикардии, возбуда налик на паничен напад - не ми се од психолошка природа, туку од рефлуксот? И со тоа се заебавам цела година, може и повеќе.
     
  3. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.906
    Допаѓања:
    15.371
    Ако прво доаѓа паниката, па потоа аритмиите не, ама ајде да кажеме дека е можно.

    Се решава лесно рефлуксот, само треба да се уложи некој денари за суплементи, и да си редовен со билки/чаеви.

    А да, и асален тест за H Pylori.
     
  4. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    31.900
    Допаѓања:
    36.445
    Вака проблемот со ЦК, ЦКМБ (кој се спушти, ама скоро ја фаќа крајната граница на нормала) и Д витамин започна пред 3 години кога ми се појави уртикаријата и тогаш случајно открија дека и овие се високи, но мислеа дека е од честото боцкање на мускулот со урбазон и синопен, како и пиењето на кортикостероиди, а тогаш ЦК достигаше околу 580. По завршувањето на уртикаријата и терапијата, ЦК се симна на 300 и нешто, па на секои 6 месеци правам проверка. Од тогаш си варира 250 - 300 - 350, а сега е 480. На Д витаминот низ тие 2 години испитувања не му ни обрнуваа внимание, затоа што веројатно до исхраната било, се додека изминатово лето не отидов на кожно поради опаѓањето на косата, па докторката направи детални испитувања за Д витаминот. Се покажа дека е во дефицит, а сега е во инсуфициент. Она ми даде да пијам Вигантол капки, по 4 капки во лажичка полна со млеко, и така терав некои 3 - 4 месеци со нив, па неколку недели прекинав. Потоа почнав да пијам Д перли кои не ги земав секој ден туку да речеме некои 3 - 4 пати во неделата. Но на толку испиен Д витамин во рок од околу 8 месеци очекував да биде бар некоја скромна вредност во границите на нормалата. Ревматологот ги испита тие за жолтица, Јо антитела, АНА, ЦРП, еден куп имунолошки испитувања, како и еден куп други биохемиски испитувања. Воглавно сите секогаш се добри, освен Д витаминот и ЦК. Единствена работа што ја приметив ја (може и нема врска) е тоа кога на минатите контроли Д витаминот бил во нормални граници, ЦК е посимнато. На ревматологија и после 3 години уште не знаат од што е тоа, мислат дека има шанси да е генетски, т.е. таков бил организмот, но бар досега од виденото кај моето семејство Д витаминот и ЦК се во ред. Другата опција која ми ја понуди ревматологот и интернистот е биопсија на мускул. Но искрено кога видов на Интернет како се прави, не би сакал, кој знае колку боли по попуштањето на анестезијата. А другата работа е тоа што ми рекоа дека може ни со биопсија нема да се дознае што е причинителот. И уште една бонус информација, пред 3 години кога имав уртикарија интернистот откри малку замастен црн дроб и песок во бубрезите, а тогаш имав и вискои вредности на хелико бактер и ја пиев таа трипла терапија. Од тогаш не сум имал голема физичка активност (читај фитнес, спортови, трчање, точак возење...), а се исхранувам најздраво колку можам (шеќерите, газираните сокови, било какви купечки сокови, мрснотии и такви работи ми се на страна, најмногу внесувам зеленчук и овошје.
     
  5. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.906
    Допаѓања:
    15.371
    Не замарај со опширен опис, кажи колку единици зимаш - која доза!
     
  6. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    4.427
    Допаѓања:
    6.159
    Wow, браво докторе! Секоја чест! Вакво земање анамнеза нема ни во Штипска клиника!
    @Sungerot Bob какви потешкотии уствари имаш ти поради ниското ниво на витамин д?
     
  7. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.906
    Допаѓања:
    15.371
    1 година пишува како зимал витамин Д, без успех, ни еднаш не кажа колку зима, ако зима 400 па дури и 1000 единици буквално никакво подобрување нема да има, осетна разлика се прави од 3000 + нагоре, под тоа можете на билките и цвеќињата да им ставате. Сум имал со него многу пати безкорисна дискусија во која ќе опишува се до небо само клучните детали не.
     
  8. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    4.427
    Допаѓања:
    6.159
    Највисока дозволена дневна доза на витамин Д е 2000 IU освен кај луѓето што имаат многу сало бидејќи витаминот се депонира во салото. Но, тоа е исклучиво под надзор на доктор. Не под надзор на форум. Предозирањето со витамин Д може да ги оштети бубрезите и затоа е неопходно да се следи постојано од страна на доктор за терапијата да се прекине кога веќе нема да биде неопходна, нешто за што ти не си квалификуван да процениш, ниту па да ординираш терапија на невидено, нечуено и ненаучено.
     
  9. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.906
    Допаѓања:
    15.371
    Не, највисока е 10.000. 2018 сме, провери уште еднаш за дозите. Бубрези може да оштети само ако се зима без магнезиум и K2, иначе може да уништи буквално ништо.
     
  10. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    4.427
    Допаѓања:
    6.159
    MayoClinic, Oct. 18, 2017
    Children age 9 years and older, adults, and pregnant and breast-feeding women who take more than 4,000 IU a day of vitamin D might experience:
    Nausea
    Vomiting
    Poor appetite
    Constipation
    Weakness
    Weight loss
    Confusion
    Disorientation
    Heart rhythm problems
    Kidney damage
    Од крајот на октомври до сега каде е објавено дека разлика од 6000 IU е безбедна?
     
  11. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.906
    Допаѓања:
    15.371
    Еве каде, тука имаш збир на мета анлизи и асални студии, не Mayo clinic.....

     
  12. AlternativeF

    AlternativeF госпожата од втори

    Член од:
    1 мај 2006
    Мислења:
    4.427
    Допаѓања:
    6.159
    Mayo Clinic е сосема соодветен извор, а еве и од National Institute of Health препораки за медицински професионалци (акцентот на професионалци)
    [​IMG]
    Воедно на твојот линк, единствена студија што ја најдов од 2017 (бидејќи, ете, нели, 2018 сме биле) беше за влијание на витамин Д на мисловниот процес, при што се користени високи дози од, та-даааааа, 4000 IU.
    Ако си ти вољен на себе да експериментираш - слободно прави го тоа, но не препорачувај на други работи што се потенцијално штетни, особено земајќи го предвид фактот што а) бараш „да не замараат со опширни описи“, б) познавањата од „медицина“ ти се од квазимедицински портали и в) цитирањето на студиите го правиш селективно и од нив бираш само факти што ти одговараат, а ги занемаруваш сите други што не ти одат во прилог на неоснованите теории.
    Мене ми е совршено јасно дека твоето мислење ќе си остане исто, меѓутоа постовите ги пишувам заради другите кои можеби и немаат толку медицински познавања па веруваат на вакви мислења и ќе се полажат да земаат суплементи без притоа да земат предвид какви други лекарства пијат, дали на нивниот организам му е потребно толкаво ниво на суплемент, дали е воопшто дозволено да го земаат тој суплемент во таа количина, итн.
    Дискусијата во оваа тема - Дежурна Ординација, завршува овде. Ако осеќаш потреба за понатамошна дискусија за ова, тоа можеш да го правиш во соодветната тема.
     
  13. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    16.906
    Допаѓања:
    15.371
    Не, дискусијата е фер да заврши откако ќе ми биде дозволено да одговорам, а ако тоа не е како што треба онда префрли ги и ова и твоето мислење во таа тема.

    Друго, ти постираше квазимедицински портал, не јас, Examine.com е врвот кога се работи за "портали" за научни студии и докази, воедно заклучокот на страната, е дека безбеден upper limit e 10.000, јас не наведов дека таа доза е оптимална, нити ја препорачувам да се пие константно, а поготово не без магнезиум и K2, него кажав дека 2.000 не е горниот лимит.

    Целата дебата беше што е највисока безбедна доза. Селективно ништо не се бара, за селективност обрати се кај вашите колеги, кои не сакаат да чујат за ништо што го нема во литературата т.е. библијата нивна.
     
  14. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    3.825
    Допаѓања:
    4.245
    ...ме зачуди што кажа дека земаш Вигантол, мислев дека си на Пливит Д3 или нешто слично и зашто со млеко? поради лошиот вкус ли?

    [​IMG] [​IMG]

    оти последен пат колку се сеќавам пред не знам колку години токму поради вкусот беше повлечен како лек од произведувачот „Vigantol Merck“ Германија поради ослободување на токсична супстанца од апликаторот, па вкусот и мирисот бил непријатен, од тогаш некако ич „не го сакам“ како лек, преферирам Пливит Д3, а каква капалка - апликатор има сега? ...
    како и да е, ме зачуди и самата доза која си ја применил од само 4 капки еднократно дневно?? која е пониска од доза за превенција со Вит Д, а не да ти го „пополни“ дефицитот ?
    дозирање кај нас горе доле би било вака :
    - развој за спречување на рахитис кај бебиња од 2 недели - 1-2 капки раствор (500 ИЕ) на ден, но оправданост има понекогаш кај предвремено родени бебиња да дозата може да се зголеми до 3-4 капки (околу 1.000 IU) на ден.
    - децата на возраст под 2 години, во текот на зимата на како година за спречување на рахитис доза од 3 капки 3 пати на ден.
    - децата на возраст од 2 години третман за рахитис имаме доза од 5 капки 3 пати на ден
    - за лекување на доенчиња кои имаат кризи со мускулни грчеви т.н. spazmofilii се дава доза од 10 капки 3 пати на ден.
    - превенција на возрасни во процесот остеомалација доза од 1-2 капки на ден, за третирање 5 капки 3 пати на ден.
    - возрасни во текот на хипопаратироидизмот се применува доза од 15-20 капки на ден (околу 10.000 IU), со задолжителната контрола периодично на ниво на калциум и фосфор соли во крвта, како несакан ефект развој на камења во бубрезите предизвикани од одлагање на калциум во бубрезите и уринарниот тракт.
    ... доколку дозата ти била 4 капки еднократно дневно, а третманот е поради недостаток на Вит Д, а не за одржување тогаш дефинитивно ти е мала доза што ти ја одредила докторката !

    [​IMG]

    а перлите АД3 за возрасни се пијат 3 пати 3 перли дневно, а не паушал ?
     
    Последно уредено: 24 јануари 2018
  15. Ailurophile

    Ailurophile

    Член од:
    21 септември 2016
    Мислења:
    500
    Допаѓања:
    513
    Me umre migrenava :mad: ima li permanenten lek za ova cudo????
     

Сподели преку: