Дежурна Ординација! #2

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Епа тоа имам, плус хроничен гастрит. И сеа се мислам дали сите тие сензации, аритмии, тахикардии, возбуда налик на паничен напад - не ми се од психолошка природа, туку од рефлуксот? И со тоа се заебавам цела година, може и повеќе.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Епа тоа имам, плус хроничен гастрит. И сеа се мислам дали сите тие сензации, аритмии, тахикардии, возбуда налик на паничен напад - не ми се од психолошка природа, туку од рефлуксот? И со тоа се заебавам цела година, може и повеќе.
Ако прво доаѓа паниката, па потоа аритмиите не, ама ајде да кажеме дека е можно.

Се решава лесно рефлуксот, само треба да се уложи некој денари за суплементи, и да си редовен со билки/чаеви.

А да, и асален тест за H Pylori.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Не постои таква работа како "таков организам"

Колку единици витамин Д3 пиеш, и кои апчиња поточно? како ги зимаш?
...ти може го внесуваш Витамин Д „вештачки како лек“ прашање дали истиот од цревата оди таму каде треба? за апсорбција на витаминот Д се неопходни масти, соли на жолчната киселина дали кај тебе тоа функционира како треба да речеме жолчката и јетрата?
дали ти внесуваш доволно витамините А, Ц , потоа фосфор, калциум, холин и неомицин кои исто помагаат за апсорбција? Апсорбцијата на витаминот Д ја одмогнуваат: минералните масла и холестираминот, а и многу лекови како антибиотикот Рифампицин, хепарин, Х2-блокатори, барбитурати, како и антиепилептични лекови од тип на изонијазид, карбамазепин, фенитоин фенобарбитон.... ?
п.с.
кога сме кај ЦК дали направи испитување на штитната жлезда?
Вака проблемот со ЦК, ЦКМБ (кој се спушти, ама скоро ја фаќа крајната граница на нормала) и Д витамин започна пред 3 години кога ми се појави уртикаријата и тогаш случајно открија дека и овие се високи, но мислеа дека е од честото боцкање на мускулот со урбазон и синопен, како и пиењето на кортикостероиди, а тогаш ЦК достигаше околу 580. По завршувањето на уртикаријата и терапијата, ЦК се симна на 300 и нешто, па на секои 6 месеци правам проверка. Од тогаш си варира 250 - 300 - 350, а сега е 480. На Д витаминот низ тие 2 години испитувања не му ни обрнуваа внимание, затоа што веројатно до исхраната било, се додека изминатово лето не отидов на кожно поради опаѓањето на косата, па докторката направи детални испитувања за Д витаминот. Се покажа дека е во дефицит, а сега е во инсуфициент. Она ми даде да пијам Вигантол капки, по 4 капки во лажичка полна со млеко, и така терав некои 3 - 4 месеци со нив, па неколку недели прекинав. Потоа почнав да пијам Д перли кои не ги земав секој ден туку да речеме некои 3 - 4 пати во неделата. Но на толку испиен Д витамин во рок од околу 8 месеци очекував да биде бар некоја скромна вредност во границите на нормалата. Ревматологот ги испита тие за жолтица, Јо антитела, АНА, ЦРП, еден куп имунолошки испитувања, како и еден куп други биохемиски испитувања. Воглавно сите секогаш се добри, освен Д витаминот и ЦК. Единствена работа што ја приметив ја (може и нема врска) е тоа кога на минатите контроли Д витаминот бил во нормални граници, ЦК е посимнато. На ревматологија и после 3 години уште не знаат од што е тоа, мислат дека има шанси да е генетски, т.е. таков бил организмот, но бар досега од виденото кај моето семејство Д витаминот и ЦК се во ред. Другата опција која ми ја понуди ревматологот и интернистот е биопсија на мускул. Но искрено кога видов на Интернет како се прави, не би сакал, кој знае колку боли по попуштањето на анестезијата. А другата работа е тоа што ми рекоа дека може ни со биопсија нема да се дознае што е причинителот. И уште една бонус информација, пред 3 години кога имав уртикарија интернистот откри малку замастен црн дроб и песок во бубрезите, а тогаш имав и вискои вредности на хелико бактер и ја пиев таа трипла терапија. Од тогаш не сум имал голема физичка активност (читај фитнес, спортови, трчање, точак возење...), а се исхранувам најздраво колку можам (шеќерите, газираните сокови, било какви купечки сокови, мрснотии и такви работи ми се на страна, најмногу внесувам зеленчук и овошје.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Не замарај со опширен опис, кажи колку единици зимаш - која доза!
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не замарај со опширен опис, кажи колку единици зимаш - која доза!
Wow, браво докторе! Секоја чест! Вакво земање анамнеза нема ни во Штипска клиника!
@Sungerot Bob какви потешкотии уствари имаш ти поради ниското ниво на витамин д?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Wow, браво докторе! Секоја чест! Вакво земање анамнеза нема ни во Штипска клиника!
@Sungerot Bob какви потешкотии уствари имаш ти поради ниското ниво на витамин д?
1 година пишува како зимал витамин Д, без успех, ни еднаш не кажа колку зима, ако зима 400 па дури и 1000 единици буквално никакво подобрување нема да има, осетна разлика се прави од 3000 + нагоре, под тоа можете на билките и цвеќињата да им ставате. Сум имал со него многу пати безкорисна дискусија во која ќе опишува се до небо само клучните детали не.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
1 година пишува како зимал витамин Д, без успех, ни еднаш не кажа колку зима, ако зима 400 па дури и 1000 единици буквално никакво подобрување нема да има, осетна разлика се прави од 3000 + нагоре, под тоа можете на билките и цвеќињата да им ставате. Сум имал со него многу пати безкорисна дискусија во која ќе опишува се до небо само клучните детали не.
Највисока дозволена дневна доза на витамин Д е 2000 IU освен кај луѓето што имаат многу сало бидејќи витаминот се депонира во салото. Но, тоа е исклучиво под надзор на доктор. Не под надзор на форум. Предозирањето со витамин Д може да ги оштети бубрезите и затоа е неопходно да се следи постојано од страна на доктор за терапијата да се прекине кога веќе нема да биде неопходна, нешто за што ти не си квалификуван да процениш, ниту па да ординираш терапија на невидено, нечуено и ненаучено.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Највисока дозволена дневна доза на витамин Д е 2000 IU освен кај луѓето што имаат многу сало бидејќи витаминот се депонира во салото. Но, тоа е исклучиво под надзор на доктор. Не под надзор на форум. Предозирањето со витамин Д може да ги оштети бубрезите и затоа е неопходно да се следи постојано од страна на доктор за терапијата да се прекине кога веќе нема да биде неопходна, нешто за што ти не си квалификуван да процениш, ниту па да ординираш терапија на невидено, нечуено и ненаучено.
Не, највисока е 10.000. 2018 сме, провери уште еднаш за дозите. Бубрези може да оштети само ако се зима без магнезиум и K2, иначе може да уништи буквално ништо.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не, највисока е 10.000. 2018 сме, провери уште еднаш за дозите. Бубрези може да оштети само ако се зима без магнезиум и K2, иначе може да уништи буквално ништо.
MayoClinic, Oct. 18, 2017
Children age 9 years and older, adults, and pregnant and breast-feeding women who take more than 4,000 IU a day of vitamin D might experience:
Nausea
Vomiting
Poor appetite
Constipation
Weakness
Weight loss
Confusion
Disorientation
Heart rhythm problems
Kidney damage
Од крајот на октомври до сега каде е објавено дека разлика од 6000 IU е безбедна?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Еве каде, тука имаш збир на мета анлизи и асални студии, не Mayo clinic.....

The recommended daily allowance for Vitamin D is currently set at 400-800IU/day, but this is too low for adults. The safe upper limit in the United States and Canada is 4,000IU/day. Research suggests that the true safe upper limit is 10,000IU/day. For moderate supplementation, a 1,000-2,000IU dose of vitamin D3 is sufficient to meet the needs of most of the population. This is the lowest effective dose range. Higher doses, based on body weight, are in the range of 20-80IU/kg daily.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Еве каде, тука имаш збир на мета анлизи и асални студии, не Mayo clinic.....
Mayo Clinic е сосема соодветен извор, а еве и од National Institute of Health препораки за медицински професионалци (акцентот на професионалци)

Воедно на твојот линк, единствена студија што ја најдов од 2017 (бидејќи, ете, нели, 2018 сме биле) беше за влијание на витамин Д на мисловниот процес, при што се користени високи дози од, та-даааааа, 4000 IU.
Ако си ти вољен на себе да експериментираш - слободно прави го тоа, но не препорачувај на други работи што се потенцијално штетни, особено земајќи го предвид фактот што а) бараш „да не замараат со опширни описи“, б) познавањата од „медицина“ ти се од квазимедицински портали и в) цитирањето на студиите го правиш селективно и од нив бираш само факти што ти одговараат, а ги занемаруваш сите други што не ти одат во прилог на неоснованите теории.
Мене ми е совршено јасно дека твоето мислење ќе си остане исто, меѓутоа постовите ги пишувам заради другите кои можеби и немаат толку медицински познавања па веруваат на вакви мислења и ќе се полажат да земаат суплементи без притоа да земат предвид какви други лекарства пијат, дали на нивниот организам му е потребно толкаво ниво на суплемент, дали е воопшто дозволено да го земаат тој суплемент во таа количина, итн.
Дискусијата во оваа тема - Дежурна Ординација, завршува овде. Ако осеќаш потреба за понатамошна дискусија за ова, тоа можеш да го правиш во соодветната тема.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Не, дискусијата е фер да заврши откако ќе ми биде дозволено да одговорам, а ако тоа не е како што треба онда префрли ги и ова и твоето мислење во таа тема.

Друго, ти постираше квазимедицински портал, не јас, Examine.com е врвот кога се работи за "портали" за научни студии и докази, воедно заклучокот на страната, е дека безбеден upper limit e 10.000, јас не наведов дека таа доза е оптимална, нити ја препорачувам да се пие константно, а поготово не без магнезиум и K2, него кажав дека 2.000 не е горниот лимит.

Целата дебата беше што е највисока безбедна доза. Селективно ништо не се бара, за селективност обрати се кај вашите колеги, кои не сакаат да чујат за ништо што го нема во литературата т.е. библијата нивна.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... На Д витаминот низ тие 2 години испитувања не му ни обрнуваа внимание, затоа што веројатно до исхраната било, се додека изминатово лето не отидов на кожно поради опаѓањето на косата, па докторката направи детални испитувања за Д витаминот. Се покажа дека е во дефицит, а сега е во инсуфициент. Она ми даде да пијам Вигантол капки, по 4 капки во лажичка полна со млеко, и така терав некои 3 - 4 месеци со нив, па неколку недели прекинав. Потоа почнав да пијам Д перли кои не ги земав секој ден туку да речеме некои 3 - 4 пати во неделата. Но на толку испиен Д витамин во рок од околу 8 месеци очекував да биде бар некоја скромна вредност во границите на нормалата. Ревматологот ги испита тие за жолтица, Јо антитела, АНА, ЦРП, еден куп имунолошки испитувања, како и еден куп други биохемиски испитувања. Воглавно сите секогаш се добри, освен Д витаминот и ЦК. Единствена работа што ја приметив ја (може и нема врска) е тоа кога на минатите контроли Д витаминот бил во нормални граници, ЦК е посимнато. На ревматологија и после 3 години уште не знаат од што е тоа, мислат дека има шанси да е генетски, т.е. таков бил организмот, но бар досега од виденото кај моето семејство Д витаминот и ЦК се во ред. Другата опција која ми ја понуди ревматологот и интернистот е биопсија на мускул. Но искрено кога видов на Интернет како се прави, не би сакал, кој знае колку боли по попуштањето на анестезијата. А другата работа е тоа што ми рекоа дека може ни со биопсија нема да се дознае што е причинителот. И уште една бонус информација, пред 3 години кога имав уртикарија интернистот откри малку замастен црн дроб и песок во бубрезите, а тогаш имав и вискои вредности на хелико бактер и ја пиев таа трипла терапија. Од тогаш не сум имал голема физичка активност (читај фитнес, спортови, трчање, точак возење...), а се исхранувам најздраво колку можам (шеќерите, газираните сокови, било какви купечки сокови, мрснотии и такви работи ми се на страна, најмногу внесувам зеленчук и овошје.
...ме зачуди што кажа дека земаш Вигантол, мислев дека си на Пливит Д3 или нешто слично и зашто со млеко? поради лошиот вкус ли?



оти последен пат колку се сеќавам пред не знам колку години токму поради вкусот беше повлечен како лек од произведувачот „Vigantol Merck“ Германија поради ослободување на токсична супстанца од апликаторот, па вкусот и мирисот бил непријатен, од тогаш некако ич „не го сакам“ како лек, преферирам Пливит Д3, а каква капалка - апликатор има сега? ...
како и да е, ме зачуди и самата доза која си ја применил од само 4 капки еднократно дневно?? која е пониска од доза за превенција со Вит Д, а не да ти го „пополни“ дефицитот ?
дозирање кај нас горе доле би било вака :
- развој за спречување на рахитис кај бебиња од 2 недели - 1-2 капки раствор (500 ИЕ) на ден, но оправданост има понекогаш кај предвремено родени бебиња да дозата може да се зголеми до 3-4 капки (околу 1.000 IU) на ден.
- децата на возраст под 2 години, во текот на зимата на како година за спречување на рахитис доза од 3 капки 3 пати на ден.
- децата на возраст од 2 години третман за рахитис имаме доза од 5 капки 3 пати на ден
- за лекување на доенчиња кои имаат кризи со мускулни грчеви т.н. spazmofilii се дава доза од 10 капки 3 пати на ден.
- превенција на возрасни во процесот остеомалација доза од 1-2 капки на ден, за третирање 5 капки 3 пати на ден.
- возрасни во текот на хипопаратироидизмот се применува доза од 15-20 капки на ден (околу 10.000 IU), со задолжителната контрола периодично на ниво на калциум и фосфор соли во крвта, како несакан ефект развој на камења во бубрезите предизвикани од одлагање на калциум во бубрезите и уринарниот тракт.
... доколку дозата ти била 4 капки еднократно дневно, а третманот е поради недостаток на Вит Д, а не за одржување тогаш дефинитивно ти е мала доза што ти ја одредила докторката !



а перлите АД3 за возрасни се пијат 3 пати 3 перли дневно, а не паушал ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom