Добро, од што може да расте ЦК во крвта, а Д витамин да опаѓа? Бев на контрола на Ревматологија, направив крвна слика ама резултатите слични како минатиот пат. Се е во ред, освен ЦК кое минатиот пат (читај крај на јуни) беше околу 350, а сега е 480, а максимум треба да биде до 173. Д витаминот е повторно низок, а скоро 8 месеци пијам Д витамин. Четири месеци пиев Вигантол капки по 4 на ден, и уште четири месеци скоро секој ден пиев Д перли, а Д витаминот е повторно низок. Посебно овие 8 месеци гледам здраво да се исхранувам, пијам Витамин Ц, Б6, Д витамин и Магнезиум. Од физичка активност нешто посебно немав освен пешачење и тоа не секој ден и некои слаби вежби како јога пред спиење. А сега баш сакав да почнам со фитнес и ете докторката вика дека она баш не е за тоа многу. Она вика дека може и таков ми бил организмот, но вика ако и на следната контрола е уште пораснато, може да сме направеле биопсија.