Торзија на тестис !
...највероватно имаш состојба на
увртување васкуларна петелка на тестисот т.н.торзија на тестис како честа појава кај момчиња која ако е во акутна состојба ( за среќа немаш се уште болка) е сериозна ситуација поради можни исхемични промени на тестикуларното ткиво кои завршуваат со некроза на истото и потреба од целосно отстранување на тестисот...
торзија на тестисот всушност е торзија на сперматична врвка( васкуларна петелка) крвните садови кои носат крв до тестисот, тие се превртени и стиснати и поради немање доток на крв ( доаѓа до исхемија) и можно губење на самиот тестис... така да ова ти е
хитен уролошки случај додека не го докажеш спортивното и не мора да бараш добар уролог туку потребно ти е тестови да го докажеш ова, па потоа добра болница...
инаку левата страна е почесто погодена од десната страна ( зафатеност на двата тестиса е многу ретка појава) ќе мора да ти се направи ултразвук интегриран со колор доплер кои можат да покаже и погрешни артериски проток во раните фази на торзија и во парцијално или интермитентна торзија, може да се направи анализа на урината за да се исклучи уринарна инфекција и воспаление на епидидимисот и доколку ја има тоа не ја исклучува можноста дека немаш торзија на тестис, да знаеш !
...ова ситуација може си ја имал од раѓање ама не си ја приметил, оти тестисите треба да се движат слободно внатре во скротумот кој највероватно кај тебе е послаб како сврзно ткиво ( се прави физички преглед за да се види скротумот)
...немој да чекаш ситуацијата повторно ќе се повтори, а може ќе биде тогаш пропратена со силна болка, болка на бутината, нагон на повраќање, мачнина, па ќе се уплашиш не знаејќи што е работата...
...не знам дали е можна овде кај нас уролог да со рака проба да ја исправи таа сперматична врпца за да се избегне операција, се смета дека ако поминат шест часа при таков прекин на проток на крв во тестикуларното ткиво тестисот може да ,,умре,, и истиот треба да биде хирушки остранет...
...операцијата т.е. хирушката деторзија се одвива со општа анестезија со правење на мал рез во скротумот каде операторот ја исправа сперматичната врпца и со тенки конци се поставува тестисот да се одржи во скротумот да не би се појавила повторна ротација и се затвора резот со шавови и воала ќе бидеш како нов!
Внимавај !!! -а ко не можеш да гледаш операција (крв) не го гледај видеото !!!!
... доколку ти се случи повторно, а се уште не си отишол на доктор, а ти е попратено со болка имај на ум да ставиш топло ( шише со топла вода би завршила работа ) на тестисот да би се опуштил и со рака полека сосема полека да го вртиш тестисот во скротумот како стрелките на саат и полека сосема полека назад во обратен правец све додека не почуствуваш попуштање на болката, ако при вртење почуствуваш уште посилна болка тогаш не чепкај и под хитно на уролог оти ситуацијата ти кажав е хитна имаш 6 часа да се исправи тоа... (не сакам да те уплашам, не си единствен со таков проблем како кај младите така и кај повозрасните мажи, но се чудам како никој не те посоветувал или пак никому не си го кажал тоа? )