Дежурна Ординација! #2

Член од
10 април 2017
Мислења
5
Поени од реакции
1
Бидејќи не знам каде да го поставам моето прашање ке го пишам тука. Летоска правев пап беше уреден и микробиолошки на кои имаше само клебсиела бактерија вагинално. Пиев антибиотик но одредени симтоми ми останаа правев пак брисеви два пати не покажа. Меѓутоа исцедокот ми остана бел со зелено но не мириса, имам и некои ранички внатре се познаваат на површина на вагината и понекогаш во текот на денот кога мокрам осеќам внатре болка кај уретрата што е . Се ми оди паметот на нешто не дај боже страшно ако некој имал нешто слично нека каже што може да е . Отидов и на специјалист на клиника првиот пат така само ми вика бешиката ти е денес бев за преглед да правам им снема стапчиња за брисеви и ме врати дури после велигден да одам ни едно обично ехо не сакаше да направи. Ако има некој искуатво што би можело да е нека пише извинете на долгиот пост.
мојот предлог е повторно да се консултираш со матичниот гинеколог за дополнителни контролни брисеви и вагинално ехо за да се увиде состојбата и потеклото од што настанале ранички на слузницата , ако е потребно направете приватен гинеколошки преглед се со цел побрза диагностика и терапија ,секое добро
 
S

Samurai_Sk

Гостин

Ако сте стварно доктор :D, да ве прашам ситни полипи од кој најголем е од 4мм, колку ова појава е опасна? дали треба да се грижам за моето здравје? bthw имам 27 години и тоа ме загрижува на ова возраст да ми се појават такви работи, колку тоа е нормално?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

извадок
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не ги имам во цревата во жолчката ми се, во секој случај фала многу
Нема врска каде се. Изледај го видеото - поентата е иста. Не сакам да те плашам или било што, ама на твое место би бил малце по сериозен.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Нема врска каде се. Изледај го видеото - поентата е иста. Не сакам да те плашам или било што, ама на твое место би бил малце по сериозен.
Да знам, сепак не е нормална појава, и сум посериозен прочитав доста каде главно викат во 95% од случаите не е нешто опасно, но сепак самата појава не е нормална оти е многу ретка особено на моја возраст без разлика дали тие полипи се опасни или не
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.625
Поени од реакции
34.814
Бидејќи не знам каде да го поставам моето прашање ке го пишам тука. Летоска правев пап беше уреден и микробиолошки на кои имаше само клебсиела бактерија вагинално. Пиев антибиотик но одредени симтоми ми останаа правев пак брисеви два пати не покажа. Меѓутоа исцедокот ми остана бел со зелено но не мириса, имам и некои ранички внатре се познаваат на површина на вагината и понекогаш во текот на денот кога мокрам осеќам внатре болка кај уретрата што е . Се ми оди паметот на нешто не дај боже страшно ако некој имал нешто слично нека каже што може да е . Отидов и на специјалист на клиника првиот пат така само ми вика бешиката ти е денес бев за преглед да правам им снема стапчиња за брисеви и ме врати дури после велигден да одам ни едно обично ехо не сакаше да направи. Ако има некој искуатво што би можело да е нека пише извинете на долгиот пост.
... според мене имаш три патокази кои самата ни ги укажуваш, па додека чекаш гинеколошки преглед :
1. ,,Исцедокот ми остана бел со зелено но не мириса,,
има одредени бои на вагинален исцедок што не се вагинално природни туку е знак на некоја вагинална патолошка состојба...

доколку се има има пенаст, жолт, или зеленикав исцедок ( green discharge) со неприроден непријатен мирис е знак на присуство на ,,Трихомонијаза,, ...

(Trichomonas vaginalis)
како најчеста причина на вагинална инфекција која обично се пренесува преку полов однос при што често може да се инфицира и мочниот канал (уретра т.е.се јавува печење и болка при уринирање кај жената) и простатата кај мажите која се пренесува преку полов однос (ова доколку имаш партнер неговиот пенис испушта сличен исцедок), значи слична ситуација кај двата пола, така да треба заедничко лекување оти Ти можеш да се излечиш и повторно да ти биде пренесено од партнерот...

овој микроорганизам може да опстане цели 45 мин надвор од човечкото тело на пример на влажна марамица, долни веш, сунѓер или пешкир со што може да дојде до контаминација и да се пренесе без полов однос со партерот (со земање вагинален брис би требало да се докаже микробиолошки) се лечи со ,,metronidazol,,...
2. ,,Ранички внатре,, ... болка или ранички на вагиналната вулва додека не се докаже со ЦИН тест дека е во ред ќе го сметаш за приоритет (може да се остранат ласерски) без да ти објаснувам од што и како се толкува...
3. ,, Кога мокрам осеќам внатре болка кај уретрата ,, веќе имаш ширење на инфекцијата од вагина и во мочниот канал (уретра) истото може и кај партнерот...

...и додека чекаш на гинеколошки преглед,а богами сега би рекла имаш и уролошки проблем еве неколку хербални напитоци против воспаление на мокрачните патишта...

remedika клик евентуално sistina клик доколку не можеш да дочекаш после празник....
 
Последно уредено од модератор:
Член од
10 април 2017
Мислења
5
Поени од реакции
1
Не ги имам во цревата во жолчката ми се, во секој случај фала многу
како прво ,како полипите на жолчното кесе се потврдени дали е направено ехо на стомакот или со друга дијагностичка метода ? кои биле вашите симптоми ?во голем дел полипите на жолчното кесе се дијагностицираат со ехо метода која не секогаш и во најголем дел зависи од тоа кои самата визуализација ја прави во смисол да не се помеша со присуството на камчиња во кесето кои во повеќе наврати се присутни ,потребно е да се направат доиследувања за да се открие за што се работи преку специјалист гастроентерохепатолог затоа што и честата бенигна природа на полипите со потекло од воспалителни засегања на зидот на кесето можат да направат проблеми во самата функција на кесето како резервоар на жолчка и во самиот тек на жолчката,денешната медицина има можности за точна диагноза и третман во смисол наа точна визуализација на полипите нивна биопсија-да се одреди од какво потекло се и ако е потребно нивно отстранување или отстранување на целото жолчно кесе ,секое добро
 
Па преку ехо систематкси и искрено тој што ме прегледаше не ми беше баш сигурен тип, вика а имаш ситни полипи од кои најголем со димензии 4мм, и викам добро што да правам има третман вика не не страшно само треба да се следат и толку, па јас во случај прашав и матичниот ми кажа дека повеќето и грешат можат да бидат камчиња а да ги помешал со полипи второ мислење вика обавезно и ми даде упат за ехо пак, симтоми немам само што не знам дали тоа е поврзано некогаш за време на нуждата имам проблеми темна е бојата а стомакот доле знае некогаш да пече болки не но чуство како да имаш киселини доле во стомакот, тие ми се едниствените симптоми.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.625
Поени од реакции
34.814
Полипи во жолчниот меур,
се израстоци кои се зафатени на работ на внатрешниот ѕид на жолчниот меур, тие можат да бидат канцерогени, но тоа ретко се среќава и секогаш тие се тие најчесто се од тип на холестерол полипи (помали од 1 см), повеќето луѓе обично имаат повеќе полипи во своите жолчното кесе или само еден полип, често пати полипот може да се откачи од ѕидот на жолчното ќесе и да плови во нејзината внатрешност како камен...

инаку присуство на полипите во жолчката не дава никакви симптоми, така да истите се откриваат при рутински ехо контроли ( канцерогените полипи секогаш се поголеми од 1 cm и најчесто кај особи на возраст над 60 год)...
е сега правило е доколку се има колики- болки, односно жолчното ќесе има и камења и полипи тогаш хирушки се остранува целата жолчка ( laparoscopic cholecystectomy), а доколку се нема никакви симптоми ниту камења туку само полип тогаш не се оди хирушки туку се следи ситуацијата, односно ако се зголеми тој полип над 1 cm тогаш да не се ризикува и сомневањето околу канцероген тип на полип и се оди кон оперативно остранување на жолчката...(y)
а да, на ехо апаратот лесно се одредува според три разлики:
...полипите немаат акустична сенка за разлика од камењата кои имаат и тие скоро секогаш се прикачени на ѕидот на жолчното ќесе за разлика од камењата кои се во луменот на жолчното ќесе и слободно се движат, а полипите се неподвижни, така да докторот сигурно тоа би го ,,видел,,...

Последно уредено:
Член од
3 март 2010
Мислења
638
Поени од реакции
369
што може да го предизвикува ова:
свирење во ушите, несоница, болка/притисок во челото и главата,
главоболка која не дозволува да заспиетe
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Дечки совет некој ми треба премногу се потам особено под мишките,сум пробал секакви сапунчиња за под мишка и ништо не ми помага,дури и надвор минус да е јас се потам. Бев на матичен ми рече едноставно таков си...ве молам за совет
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Дечки совет некој ми треба премногу се потам особено под мишките,сум пробал секакви сапунчиња за под мишка и ништо не ми помага,дури и надвор минус да е јас се потам. Бев на матичен ми рече едноставно таков си...ве молам за совет
Килажа, исхрана, и самодоверба/анксиозност. Сите овие влијаат.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Килажа, исхрана, и самодоверба/анксиозност. Сите овие влијаат.
Многу си во право за овие работи,дефинитивно влијаат, килажата е топ исхраната уште подобро,на самодовербата работам и цело време е подобро и подобро ама пак премногу се потам само под мишките е проблемот
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Многу си во право за овие работи,дефинитивно влијаат, килажата е топ исхраната уште подобро,на самодовербата работам и цело време е подобро и подобро ама пак премногу се потам само под мишките е проблемот
Кога ќе се напиеш исто ли е?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom