Дежурна Ординација! #2

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.733
Поени од реакции
24.373
@Agda Beata слабокрвна да не си?
Бев и средив. Не е до тоа.

@bijons Тест скоро никаков не ми се направи, ми ѕирнаа внатре во ушите, ми измерија притисок итн, а овој тест за позиционо вертиго не ми го направи, дојде до тој заклучок според симптомите што му ги кажав на лекарот. Многу лаички пристап од страна на лекарите, затоа и сум скептична. Лекаров ги гуглаше симптомите и ми постави дијагноза. :tapp: Ги правам моментално вежбите и има подобрување, ама не целосно. И претходно левата страна ми беше проблем, сега пак. Ова е веќе трет пат и се случува за многу краток период, во рок од три-четири месеци, трет пат. Значи ми се врти баш кога ја вртам главата на лева страна. Третиот пат дури и од спиење рипнав затоа што вртоглавицата ми се појави неочекувано, додека спиев на левата страна. Затоа и ме интересира што ги предизвикува, стрес, облаци, почеток на некаква болест? Читав дека позиционото вертиго не е опасно и знам како настанува, ама зошто и зошто толку често?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Да се пофалам оти железото после месец и кусур пиење апчиња и јадење е покачено, сега дури 14 е, не очекував искрено. :D

Имам прашање за една ставка во уринарниот статус. Што значи негативна вредност на уробилиноген? Во референтни вредности пишува дека е 0,1-1. Билирубинот ми е исто негативен. Се друго ми е во нормални граници, немам покачени леукоцити ни во крв, ни во урина.
 
Член од
10 април 2017
Мислења
5
Поени од реакции
1

негативна вредност е знак дека во урината не се застапени уробилиноген и билирубин што е знак дека е одлично и така треба да биде , секое добро
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.578
Поени од реакции
34.766
Да се пофалам оти железото после месец и кусур пиење апчиња и јадење е покачено, сега дури 14 е, не очекував искрено. :D
Имам прашање за една ставка во уринарниот статус. Што значи негативна вредност на уробилиноген? Во референтни вредности пишува дека е 0,1-1. Билирубинот ми е исто негативен. Се друго ми е во нормални граници, немам покачени леукоцити ни во крв, ни во урина.
...дали си прекинала со пиење на железен препарат најмалку две недели па после тоа си направила комплет лабораториско испитување на крвна слика и железо? ...или како си пиела лек другиот ден си отишла и си дала крв за испитување - само железото ?
... во крвта билирубинот се наоѓа во две различни форми како некоњугиран (индиректен) нерастворлив во вода кој се транспортира со крвта од слезина до јетрата врзан за транспортни протеини на крвта- албумини, а другата форма е коњугована и растворлива во вода која од јетра повторно се враќа во крвна плазма поголем дел преку жолчката т.е. преку жолчни киселини во цревата, така да мерење на билирубин во плазма е всушност збир на коњугиран и некоњугиран( го има повеќе) т.н. вкупен билирубин .
... во урина билирубинот може да се најде само како коњугиран (директен) билирубин и секогаш е позитивен т.е. го има во урина кога има појава на висока вредност на билирубин во серум на пример при појава на жолтица (ikterus).

...можно е испитување на уринарниот статус и во домашни услови со специјалните 9 параметри колоритни ленти кои за неколку минути се обојуваат и споредувајќи ја бојата на соодветниот параметар можеме да направиле мала лабораториска анализа на урината, ете како трет параметар е уробилиногенот каде лево двете бои укажува на нормална вредност во урина, а десно потемните позитивен наод ....

... во урина уробилиноген , кога поголемата количина на коњугиран билирубин од јетра се влева во жолчно ќесе па преку жолчни канали во цревата таму нашите ,,добри,, бактериите од цревната флора го метаболизираат до безбоен уробилиноген кој оксидира давајќи ја карактеристичната кафеава боја на столицата, а дел делумно стигнува до бубрезите ( ја дава жолтата боја на мокрачата) значи нормално е мало присуство на уробилиноген во урина и тоа се смета како негативен наод, но при зголемено присуство на уробилиногенот како позитивен наод (жолтица или опструкција односно проблеми со жолчното ќесе од тип на камен, воспаление ...итн)

* со еден збор, нормален наод во уринарниот статус е кога билирубинот и уробилирубинот се негативни !!!
 
Последно уредено:

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
152
Поени од реакции
78
Пред 2-3 години ослабев 20кг. Првата зима после слабеењето рацете ми беа невообичаено ладни, никако неможев да ги стоплам, ми посинуваа па потоа кога ќе влезев во топла просторија ми отекуваа повремено и сл. на лето, нормално не беа толку изразени овие манифестации, само ми беа повремено ладни. Меѓутоа секоја зима истата приказна се случува, имам трајно црвенило веднаш на коренот на ноктите, сега забележувам и промени на ниво на ноктите кои ми се бели од недостаток на циркулација... Можам да речам дека 80% од времето мене прстите ми се КАМЕН ладни!

П.С од ко ослабев и сега направив крвна слика и се е во ред, ништо немаше под нормалата.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Почни да суплементираш редовно магнезиум, и да јадеш цвекло сирово - блендано - со вода - 3x на ден после оброк, во блендерот стави и 2 - урми и 1/2 грам рузмарин и 1/2 грам ѓумбир.

Друго б комплекс, витамин ц - најмалце 2 грама на ден 4x500 mg, и повеќе јаткастки плодови.
Да се пофалам оти железото после месец и кусур пиење апчиња и јадење е покачено, сега дури 14 е, не очекував искрено. :D
Зимаше железо и фолна?
 
Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
152
Поени од реакции
78
Почни да суплементираш редовно магнезиум, и да јадеш цвекло сирово - блендано - со вода - 3x на ден после оброк, во блендерот стави и 2 - урми и 1/2 грам рузмарин и 1/2 грам ѓумбир.

Друго б комплекс, витамин ц - најмалце 2 грама на ден 4x500 mg, и повеќе јаткастки плодови.

Зимаше железо и фолна?
Која е шансата да ми се нормализира циркулацијата? Бидејќи поради оваа периферна вазконстрикција забележувам ми се намалува квалитетот на ноктите...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Пробај тоа што ти предложив на 1 недела и кажи резултат
 
Член од
20 април 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Пред два дена почна постепено да имам мали болки во пределот кај задникот неколку цм под коската (на крајот на рбетот), а овие мали болки доведоа до неподнослива болка вечерта. Се будев од спиење од болка, ме болеше при секое поместување во секоја положба.Сабајлето забележав дека на местото имам оток,во вид нешто слично на тврдо црвено топче подуено (не чеша, не пече ништо од тоа, само премногу боли). Се мачкам веќе втор ден со маст која ми ја препорачаа од аптека Rectanal Aid ,ама подобрување нема ,освен што болката не е веќе неподнослива. Што би можело да е проблемот? И кој би бил лекот за истиот, бидејќи премногу боли, дури и кога лежам на стомак, одам и слични работи со кои воопшто не се ни допира местото.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.709
Поени од реакции
6.838
Бев и средив. Не е до тоа.

@bijons Тест скоро никаков не ми се направи, ми ѕирнаа внатре во ушите, ми измерија притисок итн, а овој тест за позиционо вертиго не ми го направи, дојде до тој заклучок според симптомите што му ги кажав на лекарот. Многу лаички пристап од страна на лекарите, затоа и сум скептична. Лекаров ги гуглаше симптомите и ми постави дијагноза. :tapp: Ги правам моментално вежбите и има подобрување, ама не целосно. И претходно левата страна ми беше проблем, сега пак. Ова е веќе трет пат и се случува за многу краток период, во рок од три-четири месеци, трет пат. Значи ми се врти баш кога ја вртам главата на лева страна. Третиот пат дури и од спиење рипнав затоа што вртоглавицата ми се појави неочекувано, додека спиев на левата страна. Затоа и ме интересира што ги предизвикува, стрес, облаци, почеток на некаква болест? Читав дека позиционото вертиго не е опасно и знам како настанува, ама зошто и зошто толку често?
Извини, можеби доцна коментирам. Дали ти е прегледана вратната кичма? И мала спондилозичка знае да прави проблеми.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.733
Поени од реакции
24.373
Извини, можеби доцна коментирам. Дали ти е прегледана вратната кичма? И мала спондилозичка знае да прави проблеми.
Не ми е одамна. Никако не можам да закажам време кај физиотерапевт, таму ваљда ќе кажат.
Што убаво ја викаш, нагаленко. :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.578
Поени од реакции
34.766
Пред два дена почна постепено да имам мали болки во пределот кај задникот неколку цм под коската (на крајот на рбетот), а овие мали болки доведоа до неподнослива болка вечерта. Се будев од спиење од болка, ме болеше при секое поместување во секоја положба.Сабајлето забележав дека на местото имам оток,во вид нешто слично на тврдо црвено топче подуено (не чеша, не пече ништо од тоа, само премногу боли). Се мачкам веќе втор ден со маст која ми ја препорачаа од аптека Rectanal Aid ,ама подобрување нема ,освен што болката не е веќе неподнослива. Што би можело да е проблемот? И кој би бил лекот за истиот, бидејќи премногу боли, дури и кога лежам на стомак, одам и слични работи со кои воопшто не се ни допира местото.

Pilonidal sinus

...според лоцираната болка што ја укажуваш -значи овде каде има црвенило кај фоткава !

...највероватно според ова што укажуваш имаш веќе воспаление на Pilonidal sinus- превртено синусно влакно!

или зависно од интензитетот на силната болка можно веќе превртеното влакно да има оформено циста полна со гној и со секое движење доаѓа до силни болки ...

апцесот ( гнојот) како хронично воспаление на мекото ткиво во браздата над задникот е проследено со оток, црвенило и силна болка можна е и покачена телесна температура или грозница инаку може да има едно ама може и повеќе влакна во таа цистична формација инаку можат да пукнат сами, или пак хируршки да се засечат за да се исцеди гнојот со што се остранува гнојот а со тоа и самата инфекција ,

ама често повторно се појавува дали од премногу седење на задницата, дали од честа неправилна депилација или воопшто тоа е така вродена појава која баш сега се активирала... инаку се третира со антибиотик и аналгетици и ако може некако да се ,,пукне,, па да се дренира целиот тој гној но толку е тоа е болно да се оди со хирушка интервенција која воопшто не е страшна и со мало засечување да се исчисти и во должина и во длабочина таа циста која може да биде полна со влакна...
... ова сега вака е општо кажано и покажано визуелно , сега во која фаза си ТИ и дали е во прашање едно влакно, повеќе влакна, присуство на циста, хронично восплание...итн тоа ќе го одреди докторот кој највероватно ќе мораш да го посетиш !!! (y)

Внимавај, ако не можеш да гледаш крв не го гледај видеото !!!!!
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.709
Поени од реакции
6.838
Не ми е одамна. Никако не можам да закажам време кај физиотерапевт, таму ваљда ќе кажат.
Што убаво ја викаш, нагаленко. :D
Па зарем физиотерапевт ќе дијагностицира? Дека и кај мене одамна се сомневаа на Мениер, ама изгледа тоа не се потврди. Ама затоа, спондилозичето...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom