...очигледно имаше мака од зашеметност и омалаксаност што дава повисока телесна температура, а ти најде за време да се логираш овде во 03 после полноќ очекувајќи адекватен одговор и совет...
како и да е , добро си направил што си се напил фервекс, оти содржи парацетамол 500 мг, кој ќе те заштити од повисока покачената температура, но не очекувај веднаш и не е правилно веднаш да дојде на нормала, оти 38,7 со еден парацетамол и ладни облоги (се надевам ги ставаше на чело) си заштитен од повисока температура, а и мозокот со ладните облозите (тој е најважен да не ,,зоврие,,) зашто еден од одбранбените механизми на човекот е и покачувањето на телесната температура кога е нападнат од патолошките бактерии кои ти прават беља во телото не можат да им функционира клетката на повисока температура од нормалната, а ти ќе можеш да издржиш 3 до 4 часа со 38,7 ништо нема да ти бидне, а тие ќе се уништат не можејќи да опстанат на таа 38,7 температура и ќе бидеш како нов !!!
...тоа е многу важно и при лечење да се знае дали е настинка, оти треба да се грижиме околу настинката, но не и да внесуваме било што со што ќе го зафркнеме одбранбениот систем на телото, ако не се грижиме добро за настинката ( демек ништо не ми е и во продолжеток не внимаваш пиеш ладна вода, се облекуваш послабо...итн) за некој ден сигурно тоа ќе се претвори во бактериска инфекција за која треба понаква стратегија во приод на лекување...
..од тука голема грешка посебно кај младите мајки кои веднаш ако видат дека на детето му се качило на 38 температура веднаш панично му дозираат сируп против температура, а и антибиотик... оставете го детето со таа температура, менувајте ги само ладните облози на главчето и следете да не се покачи над 39 степени , ако го издржите тоа верувајте следниот ден све ќе биде во нормала, доколу ,,предвреме,, му давате било што само ќе го пролонгирате оздравувањето до една недела па дури ќе дојде до примена ампуларна терапија поради збувнување на патолошките бактерии...
...сигурна сум дека си сега добар и дека ова ти била само една непреспиена ноќ ...