Се мислев да отоврам посебна тема ама ја видов оваа тема па тука ќе пишам.Дали ви се има десено при зевање на премногу отварање уста да ви се згрчи мускул доле под долната вилица ? Мене неколку пати ми се има десено и тоа лево мал дел се згрчува па ми треба неколку минути додека помине грчот. Тој дел каде што се згрчило на допир е како подуено. Вечерва баш ми се деси ова.
Oromandibular dystonia медицински кажано за силни мускулни контракции на лицето, устата и вилицата претежно кога силно и нагло се отвара устата или само при зборување, често пати поврзано и со тик на окото, инаку овој силен спазам- грч, контракција на мускулите е многу непријатен влечејќи ја вилицата и јазикот во различни правци и освен некои методи на лекување со инекции кои нема да ги спомнам, оти во твој случај не е потребно, иако се смета дека ваков спазам е невролошко заболување иако не е поврзано со менталното здравје, но сепак има врска со некои ситуации како стрес, депресија и анксиозност...
инаку би ти рекла дека еден од симптомите на користење на кокаин се појава на вакви грчеви на вилицата, ама сигурно тоа не си го пробал, па ниту го спомнав погоре ама ете коку да се знае општо ...
како и да е, ти сигурно не го имаш тоа и ќе речеме дека не е тоа причината на твојот грч при зевање туку механизмот на грчот што укажуваш на вилицата при зевање genioglossus и geniohyoid мускули е ист со механизамот на грч на било кое мускул во телото што се случува нормало во телото на здрав човек...
ќе ти спомнам некои трикови кои можеш да ги примениш пред или во моментот на грч...
сензорен трик е често џвакање на мастика за џвакање, при моментот на зевање и појава на болка се легнува релаксирано на под со вилицата свртен кон подот и би требало за неколку минути да се смири и болката да исчезне или евентуално да се земе нешто масло и да се масира мускулот под вилицата за да попушти грчот, како и да е треба да се внимава да не се отвора устата нагло, силно туку постепено да се отвора или да се испружи во моментот јазикот кој нема да дозволи да се отвори скроз устата...