Не мора да значи дека е језиво...барем не секогаш! Инаку deja vue...ехееее, милион пати ми се има случено како и на секој човек овој ефект на веќе видено...инаку, не ги прочитав сите ваши теории, ама колку што можев да сфатам - некои научници тврдат дека тоа е всушност нецелосно сеќавање на мозокот на некоја случка веќе случена и сл...
Зборувајќи за deja vue-то можеме да ги поврземе и теориите за соништата, т.е. дека сонот е всушност слика на сето она што сме го искусиле и спознаеле со мозокот а во текот на еден ден човечкиот мозок перцепира и регистрира еден дооообар милион слики кои подоцна му остануваат во сеќавање и воедно продуцира исто толку мисли кои несредено ни минат низ мозокот...Секако ние не ни обрнуваме подеднакво внимание на сите тие, бидејќи ако би - многу бргу би ги загубиле нервите...Сакав да кажам - ние не се сеќаваме со точност на сето она кое сме го изживеале - кој од нас се сеќава на случки кога бил мал? Но секако во меморијата ни останале некои слики, звуци, мириси а во принцип природата ни ги нуди отприлика тие и нормално е повторно да ги сретнеме после некое време, па дри и во разговорот со некој бог знае колку пати сме употребиле исти реплики и подцна - кога ќе се сетиме на тоа - ехеее, имав deja vue! Па како можев да знам дека ова ќе се случи? :blabla:
Но секако, не тврдам со сигурност дека е така, сепак на овој начин некако јас го сфаќам deja vue-то, а интересни ми се и теориите на парапсихолозите за човечката интуиција, за оние сеќавања oд минатиот живот...Порано и многу верував во тоа,...ама повеќе НЕ!