blue ladybug
Фанг ловер
- Член од
- 5 февруари 2013
- Мислења
- 5.210
- Поени од реакции
- 11.803
А бе Срце, секој за себе. Примери имало и ќе има секакви. И секој пример е свој, посебен и едниствен.Ја па знам обратни примери, многу повеќе од овој твојов наведениов.
И малце ми е бесмислена причинава "Еј па не знам за сигурно ама ај за секој случај ако ми се приработи на 40+ години да се работам сега ко зајак". Океј, како што рече има примери спротивни на твојот. И сега?
Знам девојки кои не се согласуваат со ова воопшто.
Јас сакам да имам избор. Сакам да пробам повеќе работи пред да се одлучам за една, која ќе треба да ја имам за стално. Исто како кога купувам фармерки, пробувам повеќе, додека не ги најдам вистинските за мене. Сигурно нема да ги купам првите кои ќе ги видам, а ми стојат како да сум посрана во нив и ми се 3 броја поголеми или ми се мали и не ми влегуваат од колената нагоре. Ама оти први нив сум ги видела, па ај сега мора да си ги купам.
Така и со партнери. Тоа не значи дека ќе се работам како зајак со секој еден на кој што ќе налетам, за на 40+ да не го правам тоа. Значи ќе пробам неколкумина, оние за кои мислам дека вреди да се пробаат. Оние кои предходно ме привлекле, дали со шарм, дали со физички изглед, дали со интелект, или со сите овие работи заедно.
Тој што ќе ми одговара и кој што ќе има исти или слични потреби, желби и погледи кон сексот како и мене, со тој ќе бидам. Ама тоа не значи за да го најдам тој таков еден, дека пред него ќе легнам со стотина, за кога ќе бидам сопруга и мајка да изигравам светица.
За мене сексот е доста важен дел од една врска. Ако јас сакам ванила секс, а тој сака садо-мазо секс, нормално дека нема да ми одговара тој партнер на мене. Ќе си барам некој кој ќе сака ванила секс исто како мене.
Знам и јас девојки кои не се согласуваат со тоа, ама пак истите тие се жалат дека не се задоволени од нивните партнери како што треба, па за тоа и си купуваат играчки.