Науката докажува дека сексот пред брак
создава нови врски во мозокот
Има причина зошто раскинувањето на сексуалната врска е емоционално многу поболна и потешка да се заборави од онаа каде што немало сексуални односи. Неколку неврохемиски процеси се случуваат при сексуалниот однос, кои се како „лепак“ за човечко сврзување.
Сексот е моќен стимуланс за мозокот. Кога некој е сексуално активен, тоа прави тој или таа да сака да го повтори чинот. Нивниот мозок произведува многу допамин, моќна хемиска супстанција, која се споредува со хероинот во мозокот. Допаминот е дел од твојот систем за внатрешно задоволство/награда. Кога е вклучен допаминот, тоа прави промена врз начинот на кој ги помниме работите.
Другиот дел е окситоцин, кој е создаден пред сé да ни помогне да заборавиме што е болно. Окситоцинот е хормон кој првенствено се лачи во женското тело. Кога жената има дете и го дои, таа произведува многу окситоцин, кој ја поврзува со детето. Поради тоа, мајките би умреле за нивното дете, затоа што се емоционално поврзани како резултат на окситоцинот кој се ослободува кога се во директен контакт (кожа на кожа) со нивното дете.
Истиот феномен настанува кога жената има интимна врска со мажот. Окситоцинот се лачи и ова предизвикува емоционално да се врзе со него. Дали си се запрашал зошто понекогаш жената останува со маж кој ја злоставува? Сега знаеме дека така е бидејќи е емоционално врзана за него поради окситоцинот кој се лачел во неа за време на сексуалниот однос.
Мажите произведуваат вазопресин, за кој се вели дека е „хормонот на моногамијата“ и го има истиот ефект како окситоцинот кај жената. Го сврзува мажот со жената.
Овие „сврзувачки“ агенси го стеснуваат нашиот избор на една личност. Тоа е прекрасно во брачната врска, но е навистина лошо во предбрачна врска бидејќи ја губиш објективноста додека го бараш потенцијалниот доживотен партнер.
Нарушена проценка
Според невропсихологот д-р Тим Џенингс: „Кога имаш секс пред брак, твојот механизам за награди е поврзан за партнерот сега и врската ќе биде подлабока и поболна. Честопати, кога раскинуваат луѓе кои биле сексуално активни, не можат да го толерираат чувството на празнина, па затоа веднаш брзаат во друга врска. Немало време да го ресетираат нивниот нервен систем и така имаат нарушена способност да се врзат со следната личност, а можат да бидат сексуално активни со неа. Ова е циклус што се повторува и има вистински нарушувања ако продолжи сврзувањето.
Поврзувањето со порно филмови
Истите неврохемиски супстанции се присутни кога гледаме порнографија. Човекот ќе се сврзе со сето она со кое ангажиран во моментот кога се лачат овие хемиски супстанции. Кога твојот однос е поврзан со слика, ти се поврзуваш со она што го гледаш.
Брачниот советник д-р Даг Вајс ги советува мажите да одржуваат контакт со очите со нивните сопруги при сексуалниот однос за да се поврзаат со нив. Тој објаснува дека кога го прават тоа, со текот на времето поединците ќе ги намалат „нервните патишта кон порнографијата и сексуално несоодветните мисли и верувања и ќе се поврзат со здрава сексуалност кон нивните сопруги. Кога мозокот размислува за секс, тој размислува: „Каде ми е жената?“ Тоа е одличен начин да се војува битката.
Откривањето како нашите умови се создадени да функционираат од страна на величествениот Создател ни открива како треба да живееме.
Циклусот на сексуален грев
За оној кој гледа порно филмови, една од функциите на окситоцинот е да го одвои искуството и возбудата од интензитетот на срамот. Според невропсихологот д-р Џес Монтгомери: „Обично до моментот кога ќе го исклучат компјутерот, тие веќе тонат во чувство на неуспех и срам, а функцијата на окситоцинот е да му каже на мозокот: „Почекај малку. Не сакаш да го запомниш тоа. Сакаш да се држиш до возбудата и оваа неверојатна магија која штотуку ја доживеа“.
Познавањето како овие неврохемиски супстанции реагираат една со друга и го менуваат мозокот ни помага да разбереме зошто сексот е создаден да се одржува во рамките на бракот. Тука се насетува призвукот за Божјиот дизајн за чист храм. Ова е уште една причина зошто ѓаволот толку ја напаѓа нашата сексуалност, зашто кога ја напаѓа човечката сексуалност, таа пречи во сврзувањето на човекот.
Така, оние кои имаат сексуален однос надвор од бракот, создаваат врска со нивниот партнер и на тој начин им се нарушува проникливоста дали треба да останат во таа врска. Бог ги поврза и создаде нашите мозоци за конкретна причина: да се поврземе со личноста со која сме во брак.
Позајмено од списанието Charisma news.