Да му помогнеме на нашиот форумџија Димитар (Хуманитарна забава, 10.06.2012, Temple caffe)

S

Shellshock nam67

Гостин
Да му помогнеме на нашиот форумџија Димитар Димоски!

Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн(имуран), но без соодветен одговор.
Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:
-
070 143 115
(За корисниците на Т Мобиле)
-
077 143 705
(За корисниците на VIP)

Жиро сметка:
530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Дечки јас мислам дека сите можеме да одврзиме новчаниците, кој колку може. Знам дека хуманоста не треба да познава селективност, но истовремено земете предвид дека се работи за човек кој е постојано присутен овде на форумов, а со тоа на некој начин е поврзан со сите нас. Затоа, ве замолувам уште еднаш да се обединиме како форумџии и да му помогнеме на Димитар.

detevo ako ne se lazam od Ohrid e :) gospod zdravje da mu dade sto pobrzo da ozdravi (y)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Што направи пријателов? Подобар е?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Што направи пријателов? Подобар е?
Димитар има примено 2 од потребните 7 инфузии досега. Бидејќи има уште доста инфузии до крајот, повторно би ве замолила да продолжиме со донациите за да може да го добие целосниот третман.
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.657
Поени од реакции
722
Ко што пиша некој претходно,
Следно гледање да биде на Меаца...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom