Драги мои колеги форумџии. Поминаа повеќе од три месеци откако дознав за терапијата Инфликсимаб и нејзините ефекти кои ја докажале како најсилната и најдобрата терапија досега измислена за Корновата болест. Веќе 7 години се мачам со оваа досадна болест, и сега кога веќе конечно медицината напредува до степен да се измисли лек за болеста, мене ми даде надеж дека конечно ќе можам да се збогувам со неа. Можеби за кратко, можеби за 50 години, можеби засекогаш.
Поради тоа што беше неопходно да се започне со лекувањето најбрзо што може, јас веќе започнав со тоа и веќе се осеќам подобро и верувам, имам некое позитивно чувство дека се ќе заврши во најдобар ред и планирам да чкрапам низ форумов уште години.
Реакциите на кои наидов од форумџиите тука, на фејсбук, во живо и општо сегде низ интернет просторов изнудија убави измешани чувства кои ме натераа да заплачам од среќа.
Секогаш кога ќе прочитав убав коментар, желба и искрена помисла, се осеќав некако вака:
Ви благодарам на сите Вас, на сите кои постираа, донираа, на сите кои споделија или барем помислиле на мене и ми посакале добро здравје. (и на срцињата од Интер, Милан и Јувентус
) Бескрајно благодарен сум. Акцијата е успешно завршена.
You made this guy truly happy.