Затоа ќе си склучиш договор заверен од нотар,ќе платиш давачките на државата и 2-3 кирии однапред како гаранција.Со секоја наредна кирија ќе ги бараш и сметките дали се платени,ако не некое време ги толерираш и им земаш роба 30-40% повеќе од вредноста на сметките и киријата.Ако ни тоа не помогне вратата ја знаат.
Ќе напраиш договор. Може и они ќе ти бараат такво нешто, пошто и инспекција на нив може да им го бара тоа.
За кои давачки на држават збориш?
Киријата да биде целиот износ наведен во договорот?
Тоа значи дека од тие 200 евра (претпоставувам дека зборуваме за истиот дуќан по горе) и државата месечно ќе зима "процентче". Епа тоа "процентче" или ти ќе си го одбиеш од тие 200 евра или на нив нема да им биде киријата 200 евра него повише. Тоа е грубо, некои 20 евра.
Ако они ги плаќаат тие, тогаш, наврати се на погорната "ставка", дека тешко се наоѓаат кираџии. Качи се во ТЦ Буњаковец на спрат и види колку од дуќаните со таа квадратура (-20м.кв.) се празни. Кога ќе им кажеш дека за таков дуќан треба да дадат 200+ евра, не само што ќе ти се изнасмеат евентуалните кираџии, туку и останатите (многу) издавачи на дуќани ќе ти се смеат. Твојот дуќан ќе остане празен последен.
Ако пак ти мислиш да ги дадеш тие 20тина евра, тогаш месечниот ќар на инвестицијата од 20.000 ќе ти биде 180 евра. Кога сите ризици кои не се заебанција, и празни месеци (без кираџии) ќе ги урачунаш, опасно ќе се приближиш до каматата од банка (во која опција, патем, парите ти се на дофат, а не затворени for good).
Морам да напоменам дека ова со 200 евра месечно за -20 м. кв. таму е неверојатно смела прогноза.
Пред се поради мноштвото такви дуќанчиња кои се издаваат нема да можеш многу многу да им поставуваш услови.
Можам уште да продолжам да го коментирам твојот пост, ама ќе престанам и ќе преминам на поентата, само пред тоа ќе ти кажам дека овие бројки со кирииве и цениве на дуќани не ги вадам баш од ракав, како што праам за претпоставките за суми потребни за бизнис. Значи велам дека за тоа не претпоставувам туку ова го знам од прва рака.
BTW, само ќе кажам дека неодамна беше издаден дуќан кој вреди 3-40.000 минимум, само за 100 евра месечно (хитно им беше).
Поентата е кратка - Има дуќани кои ептен лесно се зимаат под кирија, не вреди од икс причини да се купува
сега дуќан. Ова до сега што го наведов се само некои од причините.
Значи во идејата за стопанска дејност од 20k eu, како некакво олеснување, би требало да влезат ниските кирии на локалите, во ТЦ-а од типот на Буњаковец.
--- надополнето: Oct 21, 2011 10:33 PM ---
Нема пополнување време,се издвојуваат трошоците и остатокот со добивката повторно се вложува во истата роба или прв носиш нова роба што ја нема во околните дуќани
Ова е сепак премногу грубо кажано. Биди по конкретен. Каква роба? Кај носиш?
--- надополнето: Oct 21, 2011 10:36 PM ---
А да се фатите за работа.Такви пари се слатки ама кратки и можат да ти го повлечат и тоа што го имаш.
Јас ти се распишав, а не го прочитав овој пост, пред тоа, дека ти си го напишал. Извини.
I rest my case.