Дваесет и четири годишната девојка, која ги користела контрацептивните таблети Yasmin, починала. Младата Австралијанка, починала од белодробни запушувања, само неколку месеци откако и` биле препишани таблетите. Смртта настапила, само еден ден откако и` се слошило. Симптомите се тешка кашлица и немање здив. Yasmin се промовирани од страна на Bayer Центарот за здравје. Тие се единствените пилули на пазарот, кои содржат прогестин кои можат да доведат до покачено ниво на калиум во телото. Поради ова, на веб-страницата на Yasmin, се наведува дека жените кои имаат болести поврзани со бубрезите или слезинката,не треба да го употребуваат овој лек, затоа што може да доведе до сериозни срцеви здравствени проблеми. Жените исто така се советуваат да се посоветуваат со лекар, доколку се на некаква терапија, било да е тоа моментална или хронична, поврзана со кардиоваскуларни проблеми.
Accutane е контраверзна тема со години. За прв пат, во доцните осумдесети, се привлече внимание заради предизвикување на сериозни дефекти на плодот. Исто така, во одреден број случаи, предизвикува психолошки проблеми и се поврзува со 266 самоубиствени случаи во САД.Предизвикува проблеми со џигерот, бубрезите, централниот нервен систем и панкреасот, како и кардиоваскуларни, мускулни, скелетни и авто-имунолошки системи. Жените кои ги земаат, треба да се контролираат редовно додека се бремени, заради покачениот ризик од дефекти при раѓање. Често, овие лекови, се користат и за третирање на акни.
uvo
Извор:
http://www.newsinferno.com/archives/3662