- Член од
- 27 мај 2012
- Мислења
- 186
- Поени од реакции
- 112
Па да, срамежлив сум особено кога некоја личност ја запознавам прв пат. И тоа многу ми смета.
Ајде кажувај..што треба да правамКога бев помал бев премногу срамежлив , далеку од нормалното , преку сите граници АМА ........ По долго размислување и разработување на "тематиката" сватив некои работи , се сменив и успеав да се извлечам од штитот у кој бев затворен , и сега сум сосема спротивното од тоа што бев порано , скроз сум опуштен и што е најважно од се веке не се замарам толку што мислат другите , едноставно си го живеам животот по мои правила , како ми одговара и како сакам и топ ми е , што е и најбитно . Ако порано минував растојание од точка А до точка Б екстремно брзо и со наведната глава (како да сум му згрешил нешто на некој --- уште се нервирам кога ке ми текне како можев да бидам толку глуп ) , сега приказната е многу поинаква , на секој ќош на секој чекор кога ке испаднам од дома каде и да одам застанувам ,се поздравувам со другари , другарки , познаници , роднини , муабети , приказни , зезање , ова она ... пошто го отворив мојот свет за нови луге , другари , пријатели , познаници , и верувајте вака е многу подобро се чуствуваш поисполнето и многу посреќен што е и најбитно во животот.
Да спомнам и дека освен што успеав да се извлечам од кругот у кој што се бев повлекол , успеав да им помогнам и на некои другари и пријатели и самите тие да излезат и да се отворат кон светот , да се отворат скроз и да ги осетат сите убавини на животот , зошто на крајот битно е само да бидеш среќен , да ги правиш работите кој те прават среќен и ДА НЕ СЕ ЗАМАРАШ ШТО КЕ РЕЧАТ И МИСЛАТ ДРУГИТЕ !!! Едноставно живеј си го животот како ти одговара и те прави среќен без исклучоци
Ако некој има проблеми со оваа тематика и му треба помош слободно нека се обрати , со задоволство ке му помогнам на секој кој што има потреба од моја помош , затоа што знам како ми било мене и сакам секој еден да ги осете сите убавини кој ни ги нуди животот Можеби ова беше малку поопширно али како што спомнав погоре во изминатите години се отворив скроз и сега неможам да се застанам кажувам се што мислам и што сметам дека треба да се каже