За тие шо мислат со самото тоа шо седат на маса со мене ќе им позајмам пари, не. После пола саат може и сендвич ќе јадам пред нив кој ги шиша коа не си го знаат чергичето.
Скржав сум, за тие шо мислат дека поседуваат се шо поседувам ја, дали тоа спаѓа у другари девојка и слично. Ако правото на се што имам да морам да го дадам на употреба или целосно да го овозможам на некој друг спаѓа у другарство и фер ондак тој/таа има сериозни проблеми со сфаќањето на суштината на една индивидуа и не ја почитува туѓата интима. Што би бил јас ако сите работи ги делам со некого, само затоа што ете треба да испаднам фер?
Сум бил пресметлив да, сум се праел наудрен дека неам пари за да се реализираат некои други планови со тие пари, во истиот ден, не нешо да се праам наудрен дека неам затоа шо собирам за кола и куќа, него ете тие некои пари да се најдат, ионака ќе бидат потрошени порано или подоцна, човек има онолку пари колку што потрошил,велат старите. Најчесто и неам за да можам да позајмам, али секогаш кога имам, и сме излезени негде, не дозволувам, некој зашо си ги потрошил парите да ме глеа мене како се налевам со пијачки. Тоа не е со сите, многу ме нервира да ми рече некој ејј пушти срце,почасти нешо, многу е извесно да добие вербална плунка, а ако е женска, па не знам колку да ми е драга, добива црвен картон и нишо чудно да ја отфикарам зашо морам да одам на курс за хортикултура. Ако сакам да почастам некој, за уши и носам на шанк и ќе пиеме до немила и недрага, па и да чистиме веце после, ама некој да ми изнудува частење е крајно неписмено и некултурно, во најмала рака малограѓански.
За давање пари вака по сиромашни неам навика, тие шо доаѓаат на врата, рефлексно ги одебувам и уопште ретко така фрлам пари на питачи. Коа ќе видам некој број шо се донираат сто денари со повик, вртам. И немој да чујам некој, па шо тие привилегирани да не се, не не се, ама е јасна целта дека твоите пари одат во хуманитарни цели, а не некој ебиветар мрзлив шо нејќе да работи па пита за да купи цигари и да дува лепак ко мајмун некој. Сака да има нормален живот изволте нека заработи, има секој ден, се растовараат камиони, у печатници нека витка картони ,нека мие садови негде, нека не клепи на тротоар и на рандом луѓе да им добацува ај некој динар ти се молам. Социјални случаи има многу, вистина, и да погиниш колко-толко ќе се спасиш.
Ин џенерал, неам пари за тие шо мислат дека стално иам. За другите сум кокиче
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
.