Фалат неколку спортски канали,да имаш кај да гледаш и прмиер,и калчо,и ла лига и македонско првенство ако сакаш. Нормално да не спомнувам преноси за баскет и ракомет.
Фали филмска телевизија,не мора да даваат премиери на филмови ама нека имаат комбинирана квалитетна програма,нека има термини за македонски филмови,мак.серии мак народни приказни,за да видат децата што е квалитет,бушава азбука,дајте музика.....тоа се треба да им се земе на МТВ и да се пре-емитува на ваква телезивија.
Фали телевизија што ќе дава документарни филмови за Македонија и светот,што ќе ја истражува Македонија и ќе ги извади на виделина сите убавини и културата на оваа земја. Храна и вино слободно може да ја сместат овде исто.
Фали МУЗИЧКА ТЕЛЕВИЗИЈА повеќе од се. Јас незнам каде отиде времето од 90-те и раните 2000-ти кога имавме УБЕДЛИВО најдобра музика на балканот. Спијат,Александар Митевски,Копров,Владо Јаневски,Куку Леле? Фалат "анонимуси" како П.С. Ерзана,Тања Царовска,ДСГ,Нови дечки,Угро,Магија што условно кажано имаа 2-3 песни ама тие песни беа чист квалитет. Фали Авалон,да застане позади нашите музичари,се знае какви спотови и песни имаа Тоше,Каролина,Андријана Јаневска на времето. Еве Нокаут се трудат нешто ама една ластовичка пролет не носи.
Слаткар,ДНК,Џеј Џеј.....на што се сведува македонската музичка сцена бе ???
Е ова треба да се среди за да имаме квалитетни медиуми.
А да ќе заборавев и со закон да се забранат турски серии.