Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии?

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Дали сте задоволни од понудената програма на Македонските Телевизии?
Во последно време наша продукција нема. Не се снимаат нови филмови и емисии и се носи готова програма од други држави, а Македонскиот етер е затруен највеќе со Турски и Индијски филмови, кој се само една своевидна реприза на Шпанските сапуници што се емитуваа во минатото. Се другото е политика(не мешајте политика во наредните постови) и Турбофолк труење...
Какви промени се потребни, дали домашното продуцирање ќе влијае позитивно?
Секако дека ќе влијае позитивно, затоа што парите ќе се трошат во државава и ќе се снима Македонска програма.
Што мислите вие какви промени се потребни во Македонскиот етер? Со надеаж дека некогаш состојбата ќе се подобри..:свиркам:
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
телевизија не гледам веќе цела година, така да не ни знам што има. Претпоставувам серии и политички емисии со самопрогласени експерти, квази новинари кои ја извртуваат вистината. Жолт печат. Трачарења......
или во глобала затупување на мозокот
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879


Повеќе нови филмови, ("треската" на Сител е...:facepalm:) скоро сите турки серии да бидат збришани од програма, нека се концентрираат на квалитет на програмата а не квантитет, некако се им е пренатрупано од превише турски серии и квизови.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не сум задоволен. Недостасуваат специјализирани телевизии затоа што имаме премногу колажни. Моментално најквалитетна програма нудат МТВ1 и Алфа.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
Абе ај, нормален си шо зборваш?

Како да не бидиме задоволни, пре задоволни.Од МТВ 1 најмногу, и МТВ 2-ката си ги гледам трубачите оркестри има забавна програма воглавно.Има за животните многу забавно е кажуваат таму како ловеле риби ова она, позабавно нема од ова.

Исто така си ги гледам оние чичковците стари шо кажуваат за минтатото на МТВ.

„Ја сакав да ја земам нејзе, таја играше таму оро во едно ќоше, cкришум и појдов и се вативме за рака итн итн...“

Ја сум задоволен од МТВ пред се, најмногу ме возбудува иселенички џубокс и онаја емисијата кај Ане :pos:
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Воопшто не е вина кај телевизиите. Они си го гледаат профитот. Вината е кај затупаниот македонски народ! А1 каква програма имаше ехееее конкурираше со најдобрите балкански телевизии, меѓутоа гледаноста не беше како со турските.
Ај шехерезад ок, ај лисјата ок, ај саваш ок ама буквално од понеделник до недела од 18-24ч турски серии, а од 10-17ч репризи на турски серии успат надополнети со вести да се труе народот, па стварно више не разбирам.

И да, секако дека не сум задоволен од програмата. Ама прашајте ја баба ми дали не е. Нема излезено надвор да се прошета.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Ми се допаѓаат документарните емисии на 24 часа оние за природата и животните. Лоши им се документарците за војните и историјата. Треба повеќе да имаме научни емисии, од полето на индустријата, иновациите, технологијата, машинството и сл.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Освен спортски програми и NatGeo нишо друго не гледам на ТВ , посебно не МК телевизии , сите знаеме зашо
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
ништо ич .. дури не почне некоја телевизија да дава програма за :drk: нема ништо од овие ..
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Од април 2007 навака, телевизија не ни гледам(тук и там некој квиз тркало и се или нешто), телевизорот ми служи како пренос на слика од компјутер. Серии и филмови од нет и цепај и плаќај рдт:pos: = не сум задоволен, а најсмешни ми се канал5 со пререпризирањето на нивните филмови кои ако ги собереш ќе излезат 6 филма преку сила за една година, се едни исти вртат. Сител и нивната треска = циркус, се понашаат како да се ХБО па филмски трески, од глава да ги удрат, филмови од 1980-1990година.:pos: Баш ми е криво имаме стварно квалитетни глумци, те оние од приказните, и од поновиве генерации, барем некои серии да снимеа хумористични, вака мртва сцена.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
2.521
Хех, од која програма да бидам задоволен, кога се состои од -
- турски/индиски серии
- вести
- реклами
и понекои
- политички обиди за перење мозок, како да пиеш нафта
- квизови за кои не е потребно никакво знаење (ееее златна Квискотека!)

Како што рече некој погоре, за турскиве серии крив си е народов отупавен што ги гледа...да не ги глеа никој, нема да ги пуштаат телевизииве.

Само спорт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom