Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии?

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
За хрватски телевизии можеме да сонуваме, милион години понапред од нас. Ама они имаат 6 национални телевизии на кои има секакви серии, секакви филмови, емисии за да може секој да си се најде во тоа што сака. Нема никаква споредба со нашите телевизии, баш никаква. И тие серии што ги даваат, ги даваат со титлови, да посакаш и секаква серија да гледаш.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ја исполитизиравте темава,шител срање алфа и телма најдобри.

Јасен е муабетот,ама си знаете и вие која телевизија колку е гледана и квалитетна .
За Телма прав си, ама ти сам ја политизираш темата кога се обидуваш да докажеш дека Сител е квалитетна ТВ. Не зборувам за политичко-пропагандната улога на Сител, ама во забавниот дел, Сител буквало ниеднаш не направиле нешто свое и нешто оригинално. Дур беше А1 се копираа од неа, буквално се, сега почнаа од К5, оној квизот „Лесни пари“ со онаа бедата Блажевски го направија само оти К5 почна со „Џандар збира“, а слини примери има стотина во претходните години, они не измислуваат, они само реагираат кога конкуренцијата нешто ќе смисли па они одма прават исто или слично, уште еден пример е кога Алфа почна да прави шпици со мотиви од Скопје, еве ги и они одма да не се покусо.

Се на се-лешинаркса ТВ, со одвратни, надмени вообразени уредници и водители.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Незнам зошто пак зборувате на памет :facepalm: Драг, Dardan-ia, ниту НОВА ТВ, ниту РТЛ ХРВАТСКА, а што е најстрашно ниту ХТВ не врши пренос на НИТУ ЕДНО фудбалско првнество од тие што ги наброја. И Хрватите, како и србите, а и како кај нас пренос гледаат СПОРТ КЛУБ
Еве пред себе го имам распоредот на програмата на ХРТ1 за денеска (недела).

И гледам дека на програма биле сите емисии подготвени од ХРТ (околу 10 , религиски , квиз , документарни , културни, фамилјарни) , ниеден турски сериал, еден англиски со 10 епизоди , и две амерички филма.

А кај нас како е ? 5 работни дена полно со сериски , а преку викенд реприза на истите.

Потоа ХРТ2 :
од сабајле даваат натпреварувањето во скијање од светскиот куп во Банско (лелеее , од кога немало скијање на домашна телевизија) , потоа Цртан Филм -сериски (како дете станував од 7 за да гледам цртани , сега нема) , повторно скијање , втор спуст ... потоа британско-амерички филм , потоа нивна емисија некоја .... ондак даваат снимка од некој нивен карневал .... потоа Олимп-спортска емисија .... потоа ХОКЕЈ даваат .... и почнуваат со филмови , американски па и корејски.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Да живее Discovery, да живее National Geographic, да живее Viasat, да живее Аnimal Planet, да живее спортклуб, да живее ESPN, да живее Еurosport!

Толку ќе кажам.
 
P

PewDiePie

Гостин
За Телма прав си, ама ти сам ја политизираш темата кога се обидуваш да докажеш дека Сител е квалитетна ТВ.
Ај најди пост кај што го велам ова.
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 00:15 ---
Се на се-лешинаркса ТВ, со одвратни, надмени вообразени уредници и водители.
Сигурно се подобри од оние на Алфа што изгледаат како да му избегале на гробарот. ;)

П.С. Алфа не беше ни телевизија пред да реши есдес да ја направи опозициско кењало.

Ако баш морате да мешате политика.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Ве поздравува најгледана телевизија во Македонија , Сител , утрешна програма :

06:15 часот - Напуштен Ангел - серија

09:40 - Триумф на љубовта - серија

11:20 - Малечката невеста - серија

11:35 - Огнови на љубовта - серија

13:45 - Езел - серија

15:15 - Љубов и казна - серија

16:26 - Љубов и казна - серија

17:15 - Огнови на љубовта - серија

18:15 - Малечката невеста - серија

20:00 - Љубов и казна - серија

21:20 - Езел - серија

23:02 - Кармин и високи потпетици - серија

23:50 - Видовитиот - серија

-

Измеѓу серијалите има : Бумбар , Топ Шоп , Кога Латас го гледа часовникот , Бекстејџ и то.

:гомце::sick:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.575
Студирам економија, и од таа гледна точка можам да ги разберам телевизиите, но никако не можам да ги разберам младиве луѓе што ги поддржуваат телевизиите и нивните програми(Сител сега и А1 во последните денови од своето постоење, ги земам како пример дека беа Big Two).

Кога ќе ми текне дека го разубедував татко ми да не гледа РТС, сега жив се јадам што не можам да го направам ресиверот...
 

maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Од македонските телевизии единствено само Алфа тв може да се каже дека има интересна програма,има и забавни емисии, даваат и филмови итн,итн. Единствено што ми смета е при преносот на шпанското првенство, што нонстоп даваат реклами, на сред важна акција во натпреварот, ете ги со 2 мин реклама, тоа иритира..

А од другите телевизии т.е. од нивната понудена програма не сум задоволна, а секако за тоа се заслужни турските серии, кои ги има преку цел ден, а и за викенд нивните репризи. Претераа.
 
К

Кики.

Гостин
Многу ретко гледам ТВ, а кога гледам тоа најчесто се документарци на Discovery, National geographic и слични на нив. Нашиве не ги сметам за живи, поради труење со секаков вид серии, вести 19783641 пати во денот, глупи емисии од типот на Драган Вучиќ и да не продолжувам. Се на се, имаме ужасна ТВ понуда.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
8.075
треба едно да се свати..македонските телевизии не треба да се гледат од страна на кое првенство го преносвале..то не е нивна должност а посебно не МТВ..нивна главна задача треба да биди да се популира македонскиот спорт т.е домашниот спорт како шо е на запад
ако сакаш да глеаш странско национално натпреварување треба дебело да си платиш..
а не на мтв да глеаш англиско или шпанско првенство..
според мене телевизиите ја имаат најголемата кривица шо македонија нема спорт
 

Kajgana Shop

На врв Bottom