Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии?

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Моментално, најквалитетна програма нуди А1.
кај ја најде а1 жити се? кај мене ми ја изггасиле изгледа. :tapp:
сител превзема се живо и диво од а1 и копи пејст е буквално. остатокот се турски серии и МЕГА ПОПУЛАРНИТЕ НАЈГЛЕДАНИТЕ У ЦЕЛ СВЕТ КОИ ПРЕМИЕРНО ЗА ПРВ ПАТ СЕ ПРИКАЖУВААТ индиски серии. со невероватни ефекти ( слоу моушн ). општо македонскиве програми се на дното на мизеријата!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Телевизиите ни се супер, ако си домаќинка во 50-тите, пензионер, изучуваш шпански јазик или си заинтересиран за хинду културата. Дополнително, ако си партиско лево сметало можеш да свршуваш на дирекни преноси од штабови или собрание.

За останатите, чек да видиме:

Вести - срање, and who needs that shit.
Спорт - многу малце, на времето МТВ даваше повеќе од сите овие заедно.
Спортски коментатори - еден, олицетворен во ликот и делото на Игорче Трпевски, кој несакајќи стана јунак на нацијата.
Образовна програма - Бушавата азбука. Сеуште.
Домашни документарци - што беше тоа?
Музички емисии од домашна естрада - нема, и фала богу што нема.
Музички емисии, странски топ листи, ретро, класици - последен пат емисијата на Иван, Антонио и Живкица (ваљда така се викаше)
Хумор - К15, им снемува вицови на луѓето.
Филмови - за нова година.
Серии - do i need to talk about this?
Talk Shows - јок. А и кого ќе поканиш, материјал има за 2-3 недели.
Идеи - оригиналните се потрошија, повремено се позајмуваат од соседните кичерајски телевизии.

Дали сме за никаде..? Колку, колку сме за никаде...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
А што ви сметаат турскиве серии?

Баш се супер,синхронизирани и све.Се труел народот, поголеми глупости се немам изначитано кузнај од кога.

Искрено, нема член од кајгана да каже еее то и то е добро.Сите сте некакви експерти, да кажеме МТВ не чини, МТВ 2-ката не чини со трубачите, ама шо не ви чини во Сител?

Шо лошо има во турските серии?Или оти се турски нечинат?
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 01:12 ---
А да беше на пример Долина на волците англиска серија, ќе кажевте, најдобра серија во светов.Така ви звучи имево сигурно, турска серија и не чини одма сфаќате дека не чини.Ако се турци не знаат да глумат?незнаат да снимат филм? Ајде бее....
Во турските серии, смета што актерите не знаат да глумат + грди се, ако не за друго во шпанските серии, барем ќе видиш набилдани дечки и цури, јес да и они лошо глумат, ама кога ќе видиш деколте кој другото и го занемаруваш.
Незнам колку вредат независните, европските филмови ама може такви да откупат и да ги прикажуваат на ТВ, ако не за друго се многу подобри од моменталните амерички срања.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
За да имаш добра програма треба да имаш реклами , за да имаш реклами треба да имаш јака економија.

Сега ние сме 2 милиона народ , плус слаба економија , 10 компании имаме , нема спонзори едно друго.

Од тие 2 милиона , голем дел гледаат други балкански програми (српски , албански , хрватски , бугарски и западњачки) , што значи одма пазарот се ослабнува.

Сега најдоа спас , секоја телевизија по 5-10 сериски филмови , пушти касета и уживај.

А по студиата пајажина им фатила , пошто немаат никакви сопствени емисии.

Кој сака да биде Милионер - кај отиде ?
Сега имаме некои коцкарски забавни програми ... од типот Се или Нешто , Вртелешка (ова е ОК) , и таа на Сител некоја со карти.
Се или Нешто , не ми е интересно луѓе , водителката е агресивна според мене , студиото е супер, а пари малце даваат ... Сега јас што сум гледал Италијанската и Турската верзија , со по 500.000 или 1 милион евра , каде солзи им течат кога губат ... не ми е интересно тоа на Сител.

Зарем толку немаат креативност и идеја ... Колку толку има спортска активност : фудбал , кошарка , ракомет , мал фудбал итн .... Но сепак нема ниедна неделна емисија за спорт , каде што би се коментирале овие спортски случувања. Алсат-М имаше нешто , но не знам дали сеуште има.
А во соседството , секоја недела или понеделник , има вакви дебатни емисии , каде се коментира и следи спортот.

Политички дебати ... каде би се соочиле политичари меѓу себе, би се дебатирало за политички случувања ... да се потат малце , да ги видиме кој се што се , а не вака со пишани реферати да не заебаваат, и со однапред познати прашања.

Вести -
Пренесуваат изјави , не го мачат гзот да најдат нивна вистина на случувањата , туку само трчат од едно место на друго, собираат изјави и толку.
Слободно речи му на новинарот дека овој месец има 30 дена и дека температура е 20 степени , и нема да го мачи мозокот да провери дали навистина има 30 (ако веќе не знае).

Забавни програми
со разни и интересни гости , а не секоја трета емисија истите гости , впрочем толку ги има , нема кого да викнеш , нема веќе ни актери ни пеачи ни ништо , и тие умреа заедно со телевизијата.

Во вакви општи услови , денеска е многу лесно да се протнеш во многу полиња , со една добра песна и спот можеш да станеш звезда ... со малку подршка можеш да станеш политичар ... водител ... директор ... а со основно можеш да бидеш градоначалник.

Можеби малце песимистички звучам , но сепак тука негде сме.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Можеби малце песимистички звучам , но сепак тука негде сме.
Не звучиш песимистички звучиш вистински, да тоа што го пиша е од ред до ред точно дури и оптимистички е, она што е најлошо програмската шема не е многу различна од онаа во 90-тите, само во 90-тите наместо серии пуштаа филмови и вистинска продукција имаше само МТВ што реално гледано и денес само она може нешто вистински да продуцира, ако се сака.
Интересното е што сериски филм е филм кој трае 2+ години, а обичен филм е филм кој трае од 90 до 180 минути и рекламниот простор кај сериски филм е далеку поголем од оној на еден обичен филм. Разликата во цена е варијабилна т.е нови блокбастери се прилично скапи во однос на обична серија, но некој независни филмови сигурно не се нешто толку скапи, а може и се поефтини од обичната серија, арно ама кога ќе се земе во предвид делот за реклами е тука серискиот филм води и тоа на големо, плус добиваш загарантирана публика за 2+ години.
Значи да сумираме програмата е срање бидејќи се гледа како да се продаде повеќе загарантиран рекламен простор отколку тоа што ќе се дава и ако видите кои ви се уредници на програмските шеми, ќе сфатите дека нема спас од турбо-фолкери, па тоа и го форсираат бидејќи и друго не знаат.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
сега е многу лошо...
и што имаше по нешто добро све укинаа да се направи место за турските и индиските евентуално, башка најефтини се и цел ден ѓи пуштат да си прават пари.

Јас мислам дека ни треба нешто како Discovery или некоја спортска шо ќе даваат на првата некои научни па и емисии на терен а на спортската може сите македонски првенства и странските важни ствари.
i'm done here.
 

dai

Член од
30 јануари 2012
Мислења
93
Поени од реакции
83
Big Brother - X
Got Talent - X
Dancing with the Stars - X
Sketch Show - X
Who Wants to Be a Millionaire? - X
............. X
.... X
.. X
Се или нешто - (version 1.0 Beta) :facepalm:
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
А што ви сметаат турскиве серии?
Префорсирана драматика..? кукање и плачење, патетика, едно те исто ? свемоќните баби да не ги заборааме :P
Второ, децава денеска растат со овие глупости (а што се ќорават и зрачат со компјутери и мобилни, за тоа и да не почнувам), а ние порано со Бранко Коцкица, Опстанок, Бушава Азбука, итн...мада за ова се криви "родителиве" денеска све им допуштаат на децава само да не ги замараат.
Џабе бараш оправдување за тоа што гледаш глупости, ајде седни со баба ти и гледај, да видите дали ќе се земат турците на крај. :P

Сегде има програма за порки, кај нас иселенички џубокс :(
Еее на времето кога даваа на Шител и на Крт/Амазон после 12...Златни времиња :D
 
P

PewDiePie

Гостин
Фалат неколку спортски канали,да имаш кај да гледаш и прмиер,и калчо,и ла лига и македонско првенство ако сакаш. Нормално да не спомнувам преноси за баскет и ракомет.

Фали филмска телевизија,не мора да даваат премиери на филмови ама нека имаат комбинирана квалитетна програма,нека има термини за македонски филмови,мак.серии мак народни приказни,за да видат децата што е квалитет,бушава азбука,дајте музика.....тоа се треба да им се земе на МТВ и да се пре-емитува на ваква телезивија.

Фали телевизија што ќе дава документарни филмови за Македонија и светот,што ќе ја истражува Македонија и ќе ги извади на виделина сите убавини и културата на оваа земја. Храна и вино слободно може да ја сместат овде исто.

Фали МУЗИЧКА ТЕЛЕВИЗИЈА повеќе од се. Јас незнам каде отиде времето од 90-те и раните 2000-ти кога имавме УБЕДЛИВО најдобра музика на балканот. Спијат,Александар Митевски,Копров,Владо Јаневски,Куку Леле? Фалат "анонимуси" како П.С. Ерзана,Тања Царовска,ДСГ,Нови дечки,Угро,Магија што условно кажано имаа 2-3 песни ама тие песни беа чист квалитет. Фали Авалон,да застане позади нашите музичари,се знае какви спотови и песни имаа Тоше,Каролина,Андријана Јаневска на времето. Еве Нокаут се трудат нешто ама една ластовичка пролет не носи.
Слаткар,ДНК,Џеј Џеј.....на што се сведува македонската музичка сцена бе ???
:facepalm:

Е ова треба да се среди за да имаме квалитетни медиуми.

А да ќе заборавев и со закон да се забранат турски серии.​
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
За да имаш добра програма треба да имаш реклами , за да имаш реклами треба да имаш јака економија.

Сега ние сме 2 милиона народ , плус слаба економија , 10 компании имаме , нема спонзори едно друго.
Еден споменик да се скратеше, да и се дадеа парите на МТВ ќе мрдневме од мртва точка.

МТВ на времето беше закон, снимаше квалитетни емисии, даваше квалитетни серии.И ден денес би гледала Бушава Азбука, човечињата или Tropical Heat со Nick Slauter. Во тогашни услови се снимаја далеку поквалитетни емисии во споредба со денес што искрено можам да кажам дека е срамота. А, и порану да гледаш документарец на МТВ да ти е мерак да гледаш и да не те интересира ќе се заинтересираш кога ќе им го слушнеш гласот на македонските спикери кои тогаш го позајмуваа гласот за синхронизација на документарците.

Од денешните спикери квалитетни останаа пак оние стара багра МТВ, другиве се тури му пепелот. Друго, водителиве се едно уште поголемо срање, излага дотерана на тв и од 45 мин емисија 30 мин се смее и не знае зошто се смее. Вика гости у емисија, а не знае три прашања саглам да им постави. Некогаш дури и се прашувам какво чувство во моментот си имаат гостите зошто мене упорно некој да ми поставува дебилни прашања несомнено ќе се почуствувам и ја ко дебил. И трето, не сакам да дискриминирам ама страшно ме нервира кога на телевизија ќе излезе некој водител/спикер или што и да е со говорна мана што не знае р да погоди или л. И порану во МТВ не знаеле ама иделе на часови за обука и колку-толку ги надминувале маните.

За емисиите конкретно те поддржувам, убаво ги имаш објаснето секоја посебно само за спортот би те надополнила- имам чувство дека македонските медиуми не знаат за друг спорт освен фудбал, кошарка, ракомет и по најново тенис. А што е со другиве спортови: скијање, пливање, велосипедизам, уметничко лизгање, атлетика и да не набројувам. Па само спорт и музика да емитуваат ќе го исполнат својот репертоар ама ај.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Нема ништо лошо во Турските серии, има еден одреден период во денот каде одредена група на лица сакаат да си седнат на тв и да си го одморат умот малце.Само да не се претера како што и претераа цела програма со тоа.Башка ние сме биле и напредни гледам на сите телевизии почнаа со нивно емитување.
Е сега другово од кај да почнич, од водители, спикери, коментатори до уредници.Све политизирано срање,особено за Сител важи, Латас прееска го слушав абе комедии што сака си збори ич не му чуе.Мтв таа пак ништо ново кај неа.Во детството и си поминав убаво со тие емисии, ги жалам денешниве деца шо немаат шо да видат и гледаат Лесни пари.Канал 5 најголемо срање, има 1 година кај што не ја гледа.Па еден пренос од кошарка не довршија маме им ебем, најнепрофесионални.
Воглавно кога ќе видам сумасумарум тоа што е се политизирани и несамостојни е најголемото зло.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Навистина, штета што го нема Големиот Брат. Тоа шоу драстично го подига квалитетот на телевизијата и исто многу благопријатно влијае на нивото на интелегенција на оние кои го гледаат...
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Нема ништо лошо во Турските серии, има еден одреден период во денот каде одредена група на лица сакаат да си седнат на тв и да си го одморат умот малце.
и шо одморање е тоа, со кукање пискање и дерење, со таква нападна содржина пресечена одвреме-навреме со реклами од по 15 минути? :) (Толку) нема поасолна содржина да се опушти народов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom