Дали се уште има чесни луѓе? (Случки и искуства)

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Imam eden drugar majstorce vodoinstalater veli porano znaele da go posluzat i voda i kafe deneska go pcujat ako zakasni 5 minuti.

Mene na primer na ulica eden mi svirese zatoa sto treba da mi dade prednost na ulica ama se brzal sto sum se vklucil vo soobrakjaj pa jas mu svirev posle se piknav pozadi nego da vidi kako e kulturen.

Zatoa gubime u fudbal ne.sme korektni bre........
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
Глупаво прашање. Биди си ти чесен и веќе ќе имаш одговор на прашањето.
 

Kiro Hametovski

Sniffericious
Член од
11 декември 2005
Мислења
1.685
Поени од реакции
43
И јас верувам дека сеуште постојат чесни луѓе,иако се многу ретки.Мислам дека не е важно дали се од помладата или постарата генерација како што вели Space_Cowboy, едноставно тоа зависи од самиот човек и од неговите доблести.

Ете еден мој пример, што ми се случи деновиве. Јас и другар ми се враќавме од журка,кога во темницата забележавме црна чанта,така подзатскриена во ноќта. Искрено, јас не сакав да ја отвориме мислејќи дека има дрога или нешто слично,па си реков никој не би ја оставил да имаше нешто вредно. И верувале или не, другар ми ја истури,внатре имаше едно 5 000 евра сите по стотки.WOW! Можевме да избегаме и да си ги поделиме парите,ама ние така чесни без размислување баравме легитимација за да ги вратиме. Помисливме како му е на човекот кој ги загубил.Имаше возачка дозвола, па отидовме и му ги дадовме следниот ден на човекот, а тој замислете ништо не ни даде за награда,па не рече ни фала, како да бевме должни ние да му ги вратиме загубените пари .Сакам да кажам има секакви луѓе, на некои едноставно не вреди да му вратиш со добро :evil:
Па извини ама сте прости!!! Таква ситуација не докажува дали е човек чесен, џабе сте ги враќале, две и петсто у џеб.:icon_lol:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Денес „тазе“ се изнервирав на слична тема... Можеби не буквално чесни но со минимум осет.
Патувајќи накај работа пред мене проклизи девојце со мотор и падна. Застанавме со пријателка и искочивме од колата да и помогнеме бидејќи навистина лошо падна; не се појави некој да и помогне да го дигнеме моторот-наместо тоа сите свиреа зосто има застој!?!?!?!
Значи не останаа луѓе... Не знам во што се претворивме....
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ја неможам чесни другари да најдам , а камо ли па чесни луѓе ..... сите се од корист ...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Има, но премалку се за жал :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Retko,mnogu retko...preovladuva dvolicnosta:(
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Кај ќе ни биде крајот ако почнеме да веруваме дека нема?
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Јас исто така припаѓам на чесните луѓе...

Кај мене:

1. Денски влезната врата кај мене е отклучена (Кај некои од „чесните“ (бизнисмени) влезната врата е заклучена 24/7 независно дали имаат визити, имендени, веридби, крштевки, куќни слави итн...
2. Јас кревам на секој непознат број (независно дали ми ѕвонал со скриен број со тараба или број што првпат го гледам на екранот на мобилниот. Но оние бизнисменчиња на батерии не креваат на секој број бидејќи должат многу пари на секој чекор...
3. Во мојот дом немам ниту една поставена камера. „Успешните“ или „чесните“ луѓе во својот дом поставуваат по 12, 16, 24 камери, а и имаат вработени од НИКОБ, ПИТОН...


Но што дека сум чесен, поштен и со крстот на чело...!!!???

Да земам јас некоја половна кола од Немачка од 2.000-3.000 евра веднаш луѓето ќе речат: Мамето негово од каде му се парите на овој Заптија од каде ги украде тие 2-3 илјади евра???

Но...

Зема некој теренец вреден 100.000-200.000 евра.

И кога ќе рече некој од каде му се парите на овој???

Одговор ќе добиете: Aбе се снашол тој успешен бизнисмен си е!!!

Е ај барај логика!!!
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Не постои 100% чесен човек, секој во некоја одредена ситуација би направил нешто нечесно.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дали ќе ви го вратат загубениот паричник?/Видео


Како ја оценувате чесноста на луѓето во градот во кој живеете?
И дали вие би вратиле новчаник, мобилен и слично?
Имате ли досега такво искуство?
 
Т

Триптико

Гостин
Пред неколку години околу 23 часот, шетаме со друштво низ Градски парк и на излезот каде што стојат таксистите, наоѓаме паричник. Црн, кожен...немаш појма колку убав. Го земаме и внатре гледаме лична карта, картичка од банка и некои други картички. И такви решени да го вратиме, одиме до ПС Карпош. Влегуваме внатре (цела банда од 7 луѓе :D ) и еден оди на пријавница. - Добро вечер, најдовме паричник бла бла... и полицаецов заспан целиот, ни вика: - Почекајте малку. Го чекавме сигурно пола саат да се врати, во меѓувреме влегуваат други со фатен крадец, со пијани деца што скршиле некој излог...И, еве го, доаѓа овој и ајде сега податоци од тој што го пријавува. Ние позади го зезаме: - сега кога ќе се јави сопственичката, па кога ќе ти стегне една тужба зашто ги нема парите...овој страв...којзнае колку пцуел во себе :ROFLMAO: На пријавница му објаснуваат дека тоа е доколку побара награда и овој исплашен: - Не, не. Не сакам никаква награда... Пусти страв :pos: Додека чекаме, влегува еден...сигурно со некаков чин...и прашува: - Што правите тука? Му кажуваме... - Аха, имаше пари? - Не. - Што не сте го фрлиле :eek: Заминавме после тоа и до денес никој не се јавил да каже едно фала.

Прашањето дали би вратил... Ако видам дека му паѓа пред мене, да. Инаку, исто како да не го гледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom