Дали се уште има чесни луѓе? (Случки и искуства)

Член од
2 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
133
До сега имам најдено новчаник,жената беше на сто метри од мене и трчајќи и го вратив,ми се заблагодари и ми рече -леле фала дете само што ја земав платата,ни 5 ден за лижавче не ми дае,али нема везе.

Мобилен имам изгубено, што е најтрагично беше на татко ми купен скоро во тоа време,кошташе 7000 ден,пријавив во полиција и во т-мобиле.Никад не ми се јавија,а мене најмногу ми беше криво и се убив плачејќи дека не беше мој,имав грижа на совест. Татко ми што да ми рече-да сме здрави и живи сине (ќерко) ќе купиме друг.[DOUBLEPOST=1410731685][/DOUBLEPOST]јаки се кумановци :pos:
Еј брат најде 500 евра на улицу
- И што направи?
Однесе ги у полицију , ти што би направија на мое место?
- Брат и ја би лжаја дека сам ги однесеја у полицију.
 
Последно уредено:
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Заборавив уште една случка. Пред 5 години, бев втора година студент во Пелагонија и ми дојдоа двојца другари на гости, да сме иделе на тоа Пиволенд, Пивофест како му имеше, на Кале го одржуваа... Отидовме со такси до таму и едниот другар кој седеше на совозачкото седиште плати, ама платил со 1000 денари, си излеговме и кога отиде таксито на овој му текна дека не земал кусур. Среќа што запаметив која компанија е и знаев каде им е тоа диспечерскиот центар (шо и да е, нивен објект беше :)), а па другиот другар запаметил што кола сме се возеле, разговаравме со вработената таму, женската ги распраша сите возила кои возеле во тоа време, се јави и шоферот и утредента ги оставил парите во тоа центарот. Културни луѓе.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Не знам дали паметите едни чоколади имаше порано што беа обвиткани со хартија што личеше на 10 марки? Шетајќи со другари тогаш, видов на земјата 20 марки! Почнав да ги шутирам (мислејќи дека се тие од чоколадата). Другар ми се наведна, ги зема, и излезе дека се вистински...

Еднаш и телефон најдовме со другар ми. Ова беше во времето кога популарни беа Алкател - Сапун, Ериксон - Цигла и тој Сименсот - најскапиот во понудата на Мобимак во тоа време. Со другар ми најдовме Нокиа 3210 ! Не знаеш кои радости бевме тогаш дека сме нашле фраерски телефон. Не го вративме...

Имаше еден период од животов кога бевме скроз банкрот со уште еден другар. Одевме намерно навечер покрај кафиЌи со намера да најдеме пари што му испаднале на некој пијан кога се качувал у такси. Новчаник не најдовме, ама пари се наоѓаа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Што се однесува до изгубено-најдено, досега сум немал проблеми. Мобилниот ми го вратија, а ми вратиле и новчаник (заедно со парите). И јас сум вратил новчаник (со се пари во него).

Се` на се`, тоа е. Два пати сум изгубил и еднаш сум нашол, а се` поминало како што треба, нормално, со враќање на најденото.

Од моиве примери ќе излезе дека сме најчесниот народ ;)
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
лани или пред две години излегов в чаршија и појма неам како новчаникот ми паднал на сред плоштад и не сум го сетил. кога си идам дома вујко ми ми го даде и ми рече дека некој повозрасен човек го нашол и со такси го донесол кај мене пред порта. во новчаникот дебитни картици, лична карта, некое стотче.
сум имал огромна среќа шо таков човек го нашол, само не го знам чичкото да го честев шо ме спаси од белја.
 
M

Moon Child

Гостин
Jas do mestoto kade sto rabotam pred nekolku meseci najdov 100evra zavitkani vo uplatnica so ime i prezime. I ne gi vrativ. Isto najdov i 20 evra covekot sto gi izgubil dojde da gi bara i mu kazav deka ne sum nasl nisto.
Pricina: dva pati izleguvam manjak po 20 evra, nikoj ne mi rekol ej povekje si mi vratila, plus jas da izgubam nikoj nema da mi vrati, taka da sto najdam moe si e.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Пред некој месец ова, најдовме телефон позади игралиште, нема врска шо телефон и ај викам да отвориме именикот да се јавиме кај мајка му, татко му да им кажеме за кај да го однесеме, ама телефонот беше исклучен, го уклучивме и глеаме пин, сите викаат џабе е зимај си го, тешко дека ќе го среди некој. После некое време ми текна да пробам четири нули пошто голем број од луѓето ги користат тие цифри за пин, коа стискам четири нули и се уклучи телефонов, па ајде после се јавивме кај мајка му и го вративме, телефонот да ти бил на мало дете.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Јас пред некоја година ја заборајв колата пред маркет така со си кључ со си новчаник натре незнам шо напрајв ама сабајлето си ја најдов. Се изненадив жими се!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.369
Jas do mestoto kade sto rabotam pred nekolku meseci najdov 100evra zavitkani vo uplatnica so ime i prezime. I ne gi vrativ. Isto najdov i 20 evra covekot sto gi izgubil dojde da gi bara i mu kazav deka ne sum nasl nisto.
Pricina: dva pati izleguvam manjak po 20 evra, nikoj ne mi rekol ej povekje si mi vratila, plus jas da izgubam nikoj nema da mi vrati, taka da sto najdam moe si e.
Така е. И јас денес сретнав едно дете по улица и само еден шамар беше доволен да ми ги даде сите пари што ги има. Му опнав една клоца и го избркав.
Причина: И мене така ми правеа едни локални бадијаолџии коа бев мал. Никој не ми ги надокнадуваше парите, нити ми даде 50.000 евра за душевна болка.
:tapp:
 
Т

Триптико

Гостин
Седам на автобуска (на онаа самата клупа) во Ново Лисиче и чекам бус. До мене седи една околу 50 годишна и на самата автобуска има уште 2ца. Во џеб имам 2 кутии цигари. Го гледам автобусот како доаѓа и викам дај да извадам картичка на време. Како го вадам паричникот, едната кутија ми паднала, госпоѓава ја видела и си ја собрала. Се пипкам по џебови, шипак. Ми фали и тоа ти е. Свртев позади клупа, гледам на сите страни...ја нема. Мора да е кај неа, ама си ќутам. Доаѓа автобусов и оваа брзо брзо да влезе, а не ме гледа дека и јас одам позади неа. Се качуваме двајцата, јас поништив од картичката и ја чекам да дојде (таа отиде кај возачот да купи билет). Доаѓа до апаратот и имаш: госпоѓо отворете ја ташната!
-Ама јас ги најдов паднати долу.
-А од каде знаете што барам кај вас?
-Па видов кога ти паднаа цигарите и ги земав.
-Аха, а зошто не ми кажавте дека ми паднале, туку си ги прибравте?
-Аааа, па мене да ми паднеа ти ќе ми кажеше?
-А што ќе беше да ми паднеше паричникот? И него ќе го земевте и ќе си преќутевте?!?
- Ама дечко, јас не ти ги украдов цигарите.
-Никој не рече дека ми ги украдовте, само што ги земавте, а знаете дека се мои.
-Од каде да знам дека се твои, јас ги најдов паднати долу.
- Да,а? Сакате да одиме до станица, па таму да објасните како цигари од мој џеб завршиле во ваша ташна?
-Ама ти знаеш ли бе која сум јас? Знаеш ли за кого работам? Сакаш да се јавам на мобилен, па да видиш?
-Госпоѓо, а сакате ли и ти и таа за која работите да си го добиете по сите прописи? -Таа е од внатрешни и не знам јас што збориш.... После ова, глас не и се слушна.

Е ова ми се случи денес, 17.09.2014год на автобуската во Н.Лисиче околу 17:40h. Не ми беше до цигарите (100ден) туку ме фати инат, и си викам има да те претресам, па последно нека е. Досега верував во тоа што го напишав и претходно: ако видам дека на некој му паѓа било што од џеб, ќе му кажам...од денес тоа НЕ ВАЖИ!!! Па да видиме како е кога знаеш дека ти паднало нешто, а не ти признавам дека е твое (и поважно, не ти го враќам).
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.288
Поени од реакции
6.998
Лани летото изгубив новчаник со 700-800 денари внатре,лична карта и дебитна картичка. Бев у полиција,пишував на ФБ да ги земат парите ама другите работи да ми ги вратат ама залудно. Иначе 2003-4 година со моите во Белград,таткоми имаше Сименс мобилен на претплата. Шетаме низ Кнез Михајлова,бевме во 1 трафика тој да земе цигари,се враќаме кај бабами-телефонот го нема. Стариов го фати паника,тогаш роамингот беше прескап(не дека сега е нешто поефтин),и проба да ѕвони,не се ни надеваше дека ќе му крене некој. Ѕвони првиот пат,не крева никој. Ѕвони уште еднаш,му крева непозната женска особа и му кажува кај му паднал телефонот,кај била она. Излезе по телефонот,се враќа по пола саат и ми ја кажа ситуацијата. Спроти трафиката некоја циганка продавала врвки за патики/чевли. На излегување од трафиката тој му паднал,и оваа го земала. Кога отишол таму,таа го прашала каков телефон/шо телефон,кога таткоми и кажал таа веднаш му го дала. Овој сакал да и даде пари,оваа воопшто не сакала да ги земе. Кога и рекол дека ајде барем врвки да и купи,оваа му рекла дека цел ден ништо не пробала,па овој ако и враќал на услугата ќе ја тепало демек некој малер :pos::pos::pos:. После отишол во трафиката и оставил пари на продавачката,продавачката му рекла дека жената стварно била многу побожна и чесна и овој и оставил пари на продавачката за да и даде нешто за јадење/пиење...
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Многу ретко да се погоди некој кој ќе ти врати некоја работа доколку ја имаш изгубено кај мене во дуќан повеќе пати имаат некои муштерии имаат нешто загубено но како и секогаш повеќето кога и да најдат не враќаат загубени работи. Има многу луѓе кои се нечесни а се поради тоа што немаат пари. Јас многу пати и кога ќе заборават нешто јас го чувам додека некој не дојде да го побара сепак нешто што не е мое не сакам да го земам.
 
Член од
17 октомври 2013
Мислења
887
Поени од реакции
1.877
Еднаш ми се случи да видам како на некој дечко му паднаа 100 денари од јакна додека вадеше телефон и му ги вратив зошто аман со 100 денари не ќе се збогатам. Кога му ги вратив, ми рече земи ги твоја среќа се :pipi:
Иако имам искуства со изгубени работи, секако никогаш најдени не би зела нешто што не е мое.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom