Дали може да сакаш две личности во исто време?

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
doti4nata напиша:
Ноуп! Може да хммм не си сигурен кој вистински сакаш, да си сакал некој па после да си засакал друг па да се прашуваш „чекај сеа, дали уште го сакам тој првиот, или овој сега бла,бла...„, може исто така да мислиш дека сакаш двајца у исто време па кога ќе изгубиш еден од тие да сфатиш дека всушност го сакаш тој со кој си останал, или пак да сфатиш дека го сакаш тој што си го изгубил...ама да сакаш двајца во исто време нема шанси...една личност ти го „поседува„ срцето, една личност ти ги поседува мислите...и колку побрзо успееш да сфатиш која е таа личност, толку подобро за тебе...сакање двајца - ноу веј, ноу хау! :)
Aко сакаш некоја личност навистина, нема да имаш сомнеж во тоа дали ја сакаш или не!

А да, дали може две во исто време... не... може многу да ти се блиски, да имаш одредени чувства спрема повеќе, но... всушост не сакаш никоја од нив :) Не си вљубен....

Ако постои некоја кон која би се посветил целосно, ќе ја сакаш со сите добри и лоши работи... колку и да ти нуди околината подобри прилики....
 
Член од
23 март 2007
Мислења
16
Поени од реакции
0
da moze da se saka 2 istovremeno

pa moze mene mi se ima sluceno. Na primer edniot go obozavav i muabetot so netao i izleguvanjeto, a so drugiot se custvuvav sigurna i zastitena.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Димитар напиша:
Aко сакаш некоја личност навистина, нема да имаш сомнеж во тоа дали ја сакаш или не!

А да, дали може две во исто време... не... може многу да ти се блиски, да имаш одредени чувства спрема повеќе, но... всушост не сакаш никоја од нив :) Не си вљубен....

Ако постои некоја кон која би се посветил целосно, ќе ја сакаш со сите добри и лоши работи... колку и да ти нуди околината подобри прилики....

Може да има сомнеж, секогаш може да има сомнеж, поготово кај личности со послаб карактер...еве јас лично се сомневав еднаш, кога сакаш некој повеќе од 2 години и кога ќе најдеш некој друг, што те прави среќен, од кого ти затреперува целото тело, па пеперутки у стомак и тако даље, многу нормално е да се запрашаш како па така одеднаш се изгубиле чувствата за предходниот, па дали уште го сакаш, па што кога ќе го видиш...е сега јас си реков тоа се размислувања у празно, на тоа ставив точка и сега терам понатака со новата љубов...а некои што не се толку решителни, што се двоумат секако дека ќе помислат дека ете, можеби е можно да се сакаат двајца...подоцна ќе сфатат дека грешеле, јас знам дека нема шанси срцето да ти е поделено на два дела, за две личности, ама други не знаат :smir:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Wild Rose напиша:
pa moze mene mi se ima sluceno. Na primer edniot go obozavav i muabetot so netao i izleguvanjeto, a so drugiot se custvuvav sigurna i zastitena.
Прво. Што ти значи болдираниот збор? Се трудев по логика да сфатам што сакаш да кажеш, ама не ми успеа.

Второ. Со тој што си се чувствувала сигурна и заштитена не ти било убаво излегувањето и не си го обожувала?

Во постов зборуваш за сакање или за начин како само да го исполниш слободното време?
 
Член од
23 март 2007
Мислења
16
Поени од реакции
0
Fortune напиша:
Прво. Што ти значи болдираниот збор? Се трудев по логика да сфатам што сакаш да кажеш, ама не ми успеа.

Второ. Со тој што си се чувствувала сигурна и заштитена не ти било убаво излегувањето и не си го обожувала?

Во постов зборуваш за сакање или за начин како само да го исполниш слободното време?
болдираниот збор е "него" sorry
со тој што бев сигурна и заштитена го сакам многу ама велам дека не ме исполнуваше целосно, додека другиот беше сосема поразличен. можеби заради тоа се загледав и во двајцата.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ааааха.
Значи ако една личност не те исполнува, ако му фали нешто (не мислам во умот), тогаш треба да најдеш уште една личност која ќе ги исполни сите тие празнини? И со кого си во врска во случајов? Со двајцата?

Сепак Викторгг беше во право со објаснувањето кога побарав да ми се објасни како е можно да сакаш 2.

Сепак, некако кај мене не се ни приближува муабетов до вистинското значење на зборот „сакање”. Добро, можеби е до мене:toe:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
16
Поени од реакции
0
Со тој што го сакам без разлика што не ме исполнува целосно. А во право си кога велиш дека треба да си најдам еден што ќе ме исполнува па во иднина ќе се потрудам повеќе кон реализација на тоа
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Wild Rose напиша:
Со тој што го сакам без разлика што не ме исполнува целосно. А во право си кога велиш дека треба да си најдам еден што ќе ме исполнува па во иднина ќе се потрудам повеќе кон реализација на тоа
Малку не си ми јасна.
Прво велиш дека може да сакаш двајца, а потоа велиш дека дечко ти е тој што го сакаш без разлика што не те исполнува. Се наметнува прашањето: Кого сакаш?
Во случајов тебе и двајцата не те исполнуваат целосно, бидејќи и кај едниот и кај другиот постои нешто што фали. Како од тие двајца ќе избереш еден, кога не е она што сакаш ти?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
После долго и сериозно размислување, студиозно разгледување на про и контра, како и неколку обемни истражувања на темава дојдов до одговор на прашањево кој може да се сублимира во две букви:НЕ!:icon_mrgr
 

^Cutie^

*Charming Princess*
Член од
22 март 2007
Мислења
869
Поени од реакции
1
Јас мислам оти може за двајца у исто време да осеќаш нешто повеќе, ама да сакаш нее...Може да сакаш само еден..
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Дали може да сакаме две/двајца во исто време?

По сето тоа што ми се случи деновиве и што ми се случува воопшто, дефинитивно да. Што вие мислите?

Не знам дали оваа тема беше отворена, ја барав, ама не можев да ја најдам. Ако некој ја најде нека ја спои на старата тема...

Инаку, ми се случи ситуација којашто не ми беше дошла ниту на сон : се заљубив во некој којшто го познавам веќе подолго време и ептен ми стана чудно. :raz:
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Мене ми се дешава тоа во моментот. Има две што ми се вртат низ глава и ме збунуваат, а јас веќе не знам од дека да се завртам. Заебано е малце тоа, но сепак е можно :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да сакаш двајца со иста силина во исто време,мислам дека е невозможно.Може да се случи да сум сакала некој долго време,на кого ништо лошо не би му направила,кој заслужил искрена љубов од моја страна.Но во мојот живот се појавува случајно друга особа,која на почетокот додека ја запознавам,сум сигурна дека го сакам човекот со кој сум во врска.Но по извесен период, моите мисли, соништа,планови,желби за слушање на гласот на новата особа се големи.Почнувам да се сомневам во мојата љубов кон човекот со кого сум,бидејќи полека но сигурно се заљубувам во новата особа.Во периодот на дилема кој го сакам,неможам да се одлучам да изгубам еден од нив,бидејќи едниот го сакав долго време и ја гледав иднината само со него,мил ми е,можеби уште го сакам,но сега несакам ни да помислам да ја изгубам новата особа.Е во таква ситуација може да се стекне впечаток дека двајцата ги сакам,но оној со кого заспивам во главата и кој сакам да го видам наутро пред мене,по кого копнеам,дефинитивно е човекот кој го сакам.Едниот е или избледена љубов или заблуда.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Чекам да ”проверам” дали истовремено и истоинтензивно сакам. Ама знајте дека имам љубооооооооооооооооов - деновиве сум љубозовен! :raz:
 
С

Сатори

Гостин
Еротската љубов ако е вистинска има само еден објект, се друго е страст.НЕ ЉУБОВ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom