Кога не станува збор за љубов, може многу да се сакаат. Сите на некој различен начин, заради различна причина. Некој помалку, некој повеќе, но никој највеќе..
Со некого ти е убаво за излегување, забавен е, мил .. го сакаш на некој начин.. друг можеби ти дава сигурност, добар за разговор, пријатен.. и него го сакаш... трет за нешто трето.. и така натаму... Ниеден од нив не те исполнува целосно, па затоа сакаш неколку во исто време. А тоа сакање нема врска со љубов.
Кога е во прашање љубов сите овие работи ги гледаш само во еден. Може само еден вистински да се сака! Никако повеќе. Љубената личност не исполнува целосно, не исполнуваат и неговите мани, ги сакаме и нив. Нема нешто што би барале кај друг...