Никако
Сум се обидела повеќе пати...во повеќе варијанти и видови...
Причината била едноставна-сум си велела-дечкото е добар, пристоен, културен, вреди да се проба-незнаеш што може да се случи/ развие...
Па варијантите се состоеле од размена на телефон, преку излегување на пијачка, започнување на врска (стадиум на сексуална интимност никогаш не се достигнал) и сл.
Во сите случаи - се потврдил првичниот инстинкт - а тоа е секако мое лично искуство - доколку не почуствувам хемија (грч во стомакот, сладок бодеж во срцето, руменило на образите, среќа, надеж) од првиот миг/ разговор кога погледите ќе ни се сретнат со дотичното лице од машки пол - џабе е се...
Еве ви велам, сум искусила да се фатам со дечко кој ги исполнуваше сите критериуми кои си ги имав поставено а кои се однесуваа на тоа каков маж би скала да имам покрај себе (на интелектуално и емотивно ниво) .... но сепак физички не ме привлекуваше (а не беше ружен) ... и врската се сведе на измачување ... не можев ни да се бакнувам со него, а камо ли нешто повеќе....
Оттогаш сум си рекла, ќе го слушам само срцето во оној прв миг кога ќе запознаам некого ... и само тогаш ќе пробам ... истото ви го советувам и вам.
Позз:smir: