@Димитри
До каде ќе стигнам со некаква петиција... најверојатно до никаде, својствено на приликите тука. Овде законодавците менуваат нешто со вакви закони во два случаи. Првиот е ако побараат од ЕУ, вториот ако јавното мислење достигне точка на вриење, што со нивото на јавната свест кај нас може да се случи само по ужасен несреќен случај. Дури и тогаш, тука секое чудо за три дена - нели лошите работи секогаш им се случуваат на други луѓе.
Еве и Несреќникот ме прашува дали јас лично сум бил нападнат од куче од опасните раси. Зошто нели, додека не те нападнат лично тебе нема за што да се буниш по фаталистичката логика. (додуша голема е веројатноста дека ако те нападне питбул/ротвајлер под „прави„ околности... секако нема да можеш да се буниш). C'est la vie... кај нас.
Статистиката покажува дека под овие околности, еднаш ќе бидне ваква беља и кај нас. Мое e само да се надевам дека директивата од Еу ќе стигне пред нападите со непоправливи последици.