Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.135
Поени од реакции
9.635
Темава ја постирам тука а не во форумот „Животни„ затоа што се работи за дискусија за потреба од закон или правна легислатива.

Дали има потреба од закон или некаква правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Ова не е никаков повик на омраза против човековиот најдобар пријател.
Зборувам за раси на кучиња, кои се специфично селективно генетски селектирани и одгледувани (размножувани) повеќе генерации наназад за да се добијат животни што се агресивни, силни и физички предодредени за борба. Ова се однесува пред се на питбулот и неговите подраси иако во овој круг можат да се набројат уште неколку раси.
Знам дека ваквата тема е секогаш болна за нивните сопственици, кои во најголем број воопшто не се стереотип на гето криминалци кои одгледуваат кучиња за нелегални борби. Сепак сакам да го наведам фактот дека вакви закони/легислативи има во многу земји.

Земји каде постојат вакви легислативи:
Тука не се наведени USA заради различните закони во различните федерални држави кај нив, ама подетални информации има тука:
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation

Worldwide



NationLocalityDateType
Australia 2010-09-02 Banned for Importation
Bermuda July 21, 2003 Banned
Denmark Banned
Ecuador March 2009 Banned
France April 30, 1999 Restricted
Germany February 2001 Banned
Ireland, Republic of 1998 Restricted
Malta February 17, 1998 Restricted
New Zealand November 17, 2003 Restricted
Norway August 20, 2004 (First law against American Pit Bull Terrier came July 4, 1991) Forbidden
Poland 1997 Restricted
Portugal Banned
Puerto Rico July 23, 1998 Banned
Romania April 26, 2002 Restricted
Singapore June 4, 1991 Restricted
Spain 2002 Restricted
Turkey 2004 Restricted
Ukraine 1998 Restricted
United Kingdom August 12, 1991 Banned
Venezuela 2014 Banned

Зошто ваква легислатива нема во Македонија?

До кога покрај кеј ќе се разминуваме со питбулови без маски и често и неврзани на ланец? Децата се најранливи и не случајно најчесто смртно фаталните напади се токму врз децата.

Вистина е дека често ваквите раси не се толку агресивни кон луге (колку кон други животни) освен ако не се дресирани за тоа. Но сепак се работи за животни генетски селектирани за агресивност и борба. Регистрирани се многу случаи на напад без видлива провокација. Не се сите информирани дека нагли движења, наведнување, приближување па дури и едноставен контакт со очи, во одредени случаи некои кучиња можат било што од ова да го протолкуваат како агресија.

После се чудиме кога ќе се случат вакви ситуации, како оваа вчера:
http://www.trojka.rs/vesti/18518-pitbul-odgrizao-uvo-trogodisnjoj-devojcici.html
(ова беше и непосреден повод да ја почнам темава)

Јас лично немам ништо против кучињата, кога би имал услови и време со задоволство би набавил лабрадор или златен ретривер. Ама колкава е разликата помеѓу такви кучиња и животни што се физички способни да растргнат човек?
Во урбана средина за мене е нормално да се чува куче како ова:


Ама искрено, која е потребата да се чува вакво нешто:


Често повторуван мит е оној дека „проблемот е сопственикот а не кучето„. Ова е само делумно точно, има многу регистрирани случаи каде фатален напад бил извршен од куче долгогодишен член на семејството. Два такви случаи:
http://blog.dogsbite.org/2011/08/2011-fatality-pregnant-pacifica-woman.html
http://blog.dogsbite.org/2011/08/61-year-old-tucson-man-near-death-after.html
Овде имате ги имате сите смртни случаи во USA годинава:
http://www.dogsbite.org/dog-bite-statistics-fatalities-2011.php

Сите кучиња понекогаш касаат и често се работи за провокација од страна на каснатиот. Но генерално кај повеќето кучиња се работи за едно предупредувачко касање. Кога питбул каса, касањето е „гризни, не пуштај и движи се лево десно„. Како ајкула кога каса, целта е да е откине парче месо. Затоа и повредите се така ужасни а кога нападниот е физички неспособен да се одбрани (најчесто деца и постари луѓе), нападот продолжува до смрт. Едноставно таква е генетската предиспозиција на овие животни.

Повторувам, не повикувам на омраза.
Само ве прашувам дали е нормално да во близина на нас и нашите деца да има вакви нестабилни животни?
Од илјадници раси на кучиња, мали или големи, од чивава до шарпланинец или бернандинец... зошто да се чува баш питбул (било која подраса)?
Верувам дека најголемиот број на нивните сопственици навистина ги сакаат и се грижат за нив, но дали се способни да сфатат дека мало невнимание е доволно да се предизвика несреќа.
Не се случајни донесени законите кои ги има во повеќе земји, мое мислење е дека треба да се донесе ваков закон и во Македонија.

За крај, линков ве молам да не го отварате освен ако 100% не сте спремни да видите како изгледаат жртвите на најтешките напади.
Повторно ве предупредувам дека следуваат ужасни слики.






















 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.163
Поени од реакции
30.719
Темата е промовирана на почетната страна на Кајгана.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.204
Поени од реакции
190.262
Vanlok, не ги суди кучињата по изгледот. Имав доверено на чување 2 месеца баш такво куче како што го имаш ставено на втората слика и можам да ти кажам дека помило нема. Не ми правеше проблеми дома а очекував дека нова средина и непознати лица околу него. Ме чекаше мене да си легнам за да легне до мене, кој и да ми влезеше во соба веднаш стануваше за да не ми направи нешто, не цвичеше, не рикаше, не лаеше без потреба. Само го шетав 2 пати дневно и толку беше се.

А дедо ми чуваше порано на времето два пекинезера кафеави за кои не сум сигурна ама уште сумљам дека Сатаната беше навлезена во нив. Тие две суштества не се воспитуваа никако. Мајка и син беа.

не ги судете кучињата по изгледот, тоа сакам да кажам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.135
Поени од реакции
9.635
Те разбирам.
Но во случајов не се работи за спонтана предрасуда кога ќе кажам дека овие раси се опасни. Фактите зборуваат сами за себе.
In the 3-year period from 2006 to 2008, pit bull type dogs killed 52 Americans and accounted for 59% of all fatal attacks. Combined, pit bulls and rottweilers accounted for 73% of these deaths
http://www.dogsbite.org/dogsbite-newsroom-2009-dogsbite-three-year-fatality-study.php
Илјадници други раси се одговорни за 27% од фаталните случаи. Питбулот (и во помала мера ротвајлерот) за диретни причинители на 73% од фаталните случаи.

Познат е наравот на пекинезерите, ама каде си слушнал/а случај кога пекинезери растргнале човек?

Кај питбулот гризењето, односно самиот напад еднаш кога ќе се случи, остава тешки последици.
Се работи за склоноста да загризе и да не пушта, обидувајќи се да откине парче. Не знам дали си имал прилика да гледаш питбул кога гризе макар и во игра, кој имал прилика знае за што зборувам. Впрочем ваквате физички и психолошки предиспозиции го прават питбулот најдобар борец во борбите со кучиња, способен најчесто да порази кучиња од раси што се неколку пати поголеми и потешки од него.

Инаку во врска со видот на правната легислатива за кој зборувам, повеќе информации може да се прочита тука:
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
8.908
Поени од реакции
13.632
Јас имам лабрадор кој пред година дена беше нападнат од ротвајлер без никаква причина и тоа излета од двор од нигде.
Истиот ротвајлер неколку пати бега од двор и напаѓа други кучиња а во еден случај и човек...
Еден период толку го мразев кучето што сакав да го отрујам, само поради него неможев да прошетам со кучево од тој дел...

Е сеа сум имал во маало исто и два питбула, едниот се здави/нападна волчјак и неможеа никако да го оттргнат од него, дури и сите нозе му ги скршија со шипка и неможеа да му ја тргнат вилицата едно 10 минути....

У глобала тие се две раси што неможам да ги смислам, иако сакам кучиња тие 2 раси се баш гнасни... дури и дога/доберман ми се подобри од овие 2
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.204
Поени од реакции
190.262
Те разбирам.
Но во случајов не се работи за спонтана предрасуда кога ќе кажам дека овие раси се опасни. Фактите зборуваат сами за себе.

Илјадници други раси се одговорни за 27% од фаталните случаи. Питбулот (и во помала мера ротвајлерот) за диретни причинители на 73% од фаталните случаи.

Познат е наравот на пекинезерите, ама каде си слушнал/а случај кога пекинезери растргнале човек?

Кај питбулот гризењето, односно самиот напад еднаш кога ќе се случи, остава тешки последици.
Се работи за склоноста да загризе и да не пушта, обидувајќи се да откине парче. Не знам дали си имал прилика да гледаш питбул кога гризе макар и во игра, кој имал прилика знае за што зборувам. Впрочем ваквате физички и психолошки предиспозиции го прават питбулот најдобар борец во борбите со кучиња, способен најчесто да порази кучиња од раси што се неколку пати поголеми и потешки од него.

Инаку во врска со видот на правната легислатива за кој зборувам, повеќе информации може да се прочита тука:
http://en.wikipedia.org/wiki/Breed-specific_legislation
Поголеми се случаите кај овие раси затоа што ретардирани сопственици ги земаат баш овие раси и ги тренираат за борби, ги хранат со посебна исхрана, ги тепаат, ги малтретираат и нормално дека ќе се диви. Никој од овие не би зел пудлица за борби со кучиња. Воопшто не ги оправдувам ваквите малоумни. Многу сум против користење на кучиња за лечење на комплексот malmiе, ќе купам вакво куче, ќе го спремам за борби, пи4ки ќе ми се лепат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.135
Поени од реакции
9.635
Разбирам за што збориш. Ова е вистина ама само донекаде а често се тврди дека исклучиво „проблемот е во сопственикот а не во кучето„.

The pit bull's genetic traits are not in dispute. Many U.S. courts agree that pit bulls pose a significant danger to society and can be regulated accordingly. Some of the genetic traits courts have identified include: unpredictability of aggression, tenacity ("gameness" the refusal to give up a fight), high pain tolerance and the pit bull's "hold and shake" bite style.2 According to forensic medical studies, similar injuries have only been found elsewhere on victims of shark attacks.3
Perpetuators of this myth also cannot account for the many instances in which pit bull owners and family members are victimized by their pet dogs. From 2005 to 2010, pit bulls killed 104 Americans, about one citizen every 21 days. Of these attacks, 50% (52) involved a family member and a household pit bull.4 In the first 8 months of 2011, nearly half of those killed by a pit bull was its owner...

Извор:
http://www.dogsbite.org/dangerous-dogs-pit-bull-myths.php
Се работи за психолошката предиспозиција на агресивност и „непопуштање„ при конфликт. А барем во пола случаи кучето напаѓач е повеќегодишен член на фамилијата и напаѓа баш член од фамилијата, најчесто дете.

Да не се сите питбули убијци, точно. И често се сопствениците криви, и тоа е точно. Ама останува фактот дека самите кучиња се непотребен ризик во едно цивилизирано опшество.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
891
Интересна дешавка имав летово на кеј, рано наутро.
Трчајќи на патека со мојов џуџест пинчар, налетав на пит бул.
Повеќето кучиња, пинчаров го приметуваат на метар-два одалеченост. Додека питот го намириса на 15 метри. Со тоа што јас се наоѓав на горната патека, а тој со сопственикот беа долу.
Го кренав кучето во раце, со цел да го сокријам и приближувајќи се, дадов знак на сопственикот да го викне, зашто беше без ланец. Кучево послуша, застана до сопственикот и мирно гледаше дур поминував.
Можеше да тргне накај моево куче, а сиротово се плаши од мачка. :pos:
Поминав, но ја приметија ситуацијата луѓето што трчаат и еден од повозрасните почна да му префрла да го носи на ланец и да му стави маска. Човеков му рече дека му е смачено секое утро со страв да пешачи. Почнаа да се караат и не видов како завршија, бидејќи продолжив накај дома.

Според мене секоја раса може да се чува во урбана средина, но со соодветни услови. За поголемите раси како во муабетов, потребен е ланец и маска. Многу од луѓето се плашат, што е разбирливо. Треба сопствениците да сфатат дека кучиња не се пуштаат од ланец на места каде што има постојано движење на коли и луѓе. По училишни дворови, игралишта, паркови, меѓу згради, улици, шеталишта... Смачено ми е и мене веќе, да се мислам дали џукела ќе тргне по моево куче или некое што е без ланец.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Вака сега...под 1. Тој/Таа што ја отворил темава,не ги разбира работите.Тоа на сликата,не ти е пит булл,како што напиша погоре.2ро. секој што бил со НОРМАЛЕН сопстевник,и со нормален пит,знае какви се тие кучиња.Ќе зборувам за питовите конкретно.Пролистајте малце на нет,излезете на улица,распрашајте се,ќе добиете одговори дека питовите се створени,значи имаат ген да НАПАЃААТ ЖИВОТНО,а уште кога почнале борбите со кучиња,секој пит што ќе залаел,недај боже гризнел човек бил убиван,бидејќи во ринговите каде што се бореле кучињата имало и "судии" односно човек,што логички ви кажува дека во питот нема ген да напаѓа човек.Додека,имате друга ситуација,кај Г.О,доберман,ротт. кој биле створени,за чувари на човек,и во нив има ген кој е за да нападне човек,но тоа не значи дека доберманот обожава да јаде луѓе и деца :) Прочитав некаде,дека питот бил во 73 проценти крив за нападите врз човек ? Тоа ви се погрешни информации,гледајте ја емисијата на Анимал планет за питови,ќе видите дека питот спаѓа меѓу најмалите случаеви за напади врз човек.Кај нас,за жал повеќето питови се чуваат од страна на глупи деца,кои се фураат со кучињата пред девојчиња,па поради тоа има такви случаеви кај нас.Некој напиша и дека имало случаеви каде што питот,демек,бил чуван во добри услови,не борен,не тепан,и после долги години го нападнал сопственикот ?! Размислете малце и со сопствените глави,тоа се текстови напишани од едната страна,а кога би отишле до нивните комшии на луѓето што биле нападнати,ќе слушнете сосема поинаква приказна.Новинарите едвај чекаат да слушнат дека пит нападнал,и тоа ќе иде 24/7 на вести,а во Америка имало случај каде што пит спасил девојче од силување и тоа,што мислите каде одело ? на нет страницата,у ќоше збутано,бидејќи кој сака да слуша за тоа како пит спасил девојче од силување ??Уште еднаш ќе ви кажам,пред да почнеш да дискутираш за нешто,прво провери се дали си доволно спремен за такво нешто.Поздрав
--- надополнето: Oct 12, 2011 9:12 AM ---
Американскиот Пит Булл Терриер не е куче кое е агресивно,како што ќе прочитате во весник,или ќе слушнете на телевизија.Не велам дека ова куче НИКОГАШ нема нападнато човек,но по испитувања кои се прават секоја година за напади на куче-човек,питот е ДАЛЕКУ од првото место !! На списоците од каснување Питот е на 16то место по напади на човек во USA,24-ти во Англија,27-ми во Германија и 29ти во Франција.Само овие земји водат сметка за овие работи. Еве ви и статистика,колку да не испадне дека на памет зборам :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.226
Јас имам пцето кое изгледа така крволочно, али никогаш нема нападнато човек, интелигентно е, послушно, дури и да му се пушти друго куче на моја команда ќе се врати до мене (единствено мачка да не види, тогаш е вон контрола) го шетам меѓу луѓе строго на синџир а во поголеми гужви со маска (ради закон а и ради самите луѓе, оддалеку ко ќе не видат преминуваат на друга страна на улица. Некни така една жена изреагира као “Шо е ова со вакви кучиња се шетало ли низ град“... Госпоѓо (му велам јас) гледајте на синџир е, има маска... шо друго да му напрам? Да го застрелам, препарирам да му клам тркалца на нозе и так го влечкам низ град препариран?!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.135
Поени од реакции
9.635
Треба закон за газдите а не за кучињата. Ако твоето куче касне некој ти си крив, не си го врзал, немало корпа, не си пазел - 10 години затвор. Ако убие некој - 20 до доживотно и крај.
Затворот за газдата на кучето нема да и значи ништо на жртвата. И ова не се работи што се случуваат само таму накде во Америка, да потсетам на настанот завчера во Белград:
http://www.trojka.rs/vesti/18518-pitbul-odgrizao-uvo-trogodisnjoj-devojcici.html
Мислиш дека на девојчево со пола лице отидено и без уво останато, казната за газдата ќе и биде утеха?
Тригодишно детенце што баба му го враќала од градинка... Дури ни бабата не успеала да ја одбрани целосно, а што ќе се случело ако било само?

Да поединци може да имаат желба да чуваат вакво нешто од само ним познати потреби иако прашањето е колку од нив се воопшто информирани какви последици може да следат за нив и за сите други.
А каква потреба имаме ние како опшество да имаме вакви ѕверови во нашата урбана средина? Зошто во толку други земји ова е законски регулирано или целосно забрането?

Како информирани и морално одговорни граѓани на оваа држава ние сите имаме одговорност да преземеме што можеме за ваквите животни законски да се класифицираат како она што се. Опасни ѕверови за кои подлежат други закони за чување и поседување за разлика од нормалните кучиња.
--- надополнето: Oct 12, 2011 10:22 AM ---
Вака сега...под 1. Тој/Таа што ја отворил темава,не ги разбира работите.Тоа на сликата,не ти е пит булл,како што напиша погоре.
Да не се цитирам, погледај го ти подобро првиот пост.
Нагласив дека во темава се зборува за повеќе раси. Освен питбулот (+ сите подраси кои се базираат на нивниот ген) се работи и за ротвајлери, булмастифи и слични раси кои се специфично генетски селектирани и одгледувани (размножувани) повеќе генерации наназад за да се добијат животни што се агресивни, силни и физички предодредени за борба.
Фотографијата беше дадена за илустрација на куче од ваква раса. Од која точно раса е, не е поента на самата тема.
2ро. секој што бил со НОРМАЛЕН сопстевник,и со нормален пит,знае какви се тие кучиња.Ќе зборувам за питовите конкретно.Пролистајте малце на нет,излезете на улица,распрашајте се,ќе добиете одговори дека питовите се створени,значи имаат ген да НАПАЃААТ ЖИВОТНО,а уште кога почнале борбите со кучиња,секој пит што ќе залаел,недај боже гризнел човек бил убиван,бидејќи во ринговите каде што се бореле кучињата имало и "судии" односно човек,што логички ви кажува дека во питот нема ген да напаѓа човек.
Демек ние сега ќе чекаме да видиме кој од оваа генерација питбулови ќе нападне некој за да го одстраниме од генотипот на новата раса. Да дадеме допринос за развојот и усовршувањето на расата на питбули. Така за повеќе децении расата значително ќе ја „унапредиме„ да биде агресивна кон други животни а не и кон луѓе. Па и ако отиде понекој човек во процесот, јбг а?

И онака се работи само за агресивност кон животни а? А како мислиш се чуствуваат тие сопственици на тие „други„ (нешто како потрошни?) животни? Треба и они да почнат да чуваат ѕверови за да можат да преживеат едно шетање?

Луѓе не се залажувајте ова е раса специфично генетски селектирана и одгледувана да: биде агресивна, да биде силна, жилава, снажна со несразмерно голема вилица наспроти телото и неверојатно силно гризнување. Кога гризе не гризе да исплаши, да се одбрани... гризе да откорне месо, да убие дури. Неверојатно отпорна на болка и во напад не се откажува.

Можете вие да ги дресирате да не бидат агресивни кон луѓе ама генот си е ген. И праксата на жалост го докажува тоа. Можеби ти имаш волја да се носиш со ризикот ама прашај ги овие од линков:
Линков ве молам да не го отварате освен ако 100% не сте спремни да видите како изгледаат жртвите на најтешките напади.
Повторно ве предупредувам дека следуваат ужасни слики.






















 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Очигледно дека не ме читаш доволно добро,па да појаснам.Дали свакаш,дека питот е далеку од 1вото место во напади на луѓе ?! дали свакаш,дека статистиката ти кажува,дека има напади пит-човек,но тоа се мали бројки ? дали свакаш,дека и да има пропуст,тоа не е ради КУЧЕТО,туку ради неговиот газда ?! убаво ви напоменав,дека ќе зборам само за питот,бидејќи најмногу знам за него,и поради тоа се уклучив во темава.Велиш,ние сега требаме да ги истребуваме оние питови што нападнале луѓе ? тоа од дамна е направено,но има луѓе кои ги земале питовите за да напаѓаат луѓе,сите напади од питот,се кладам дека сопствениците,ги тепале,ги учеле со дресури,можеш на нет да најдеш без број дресури од некои што немаат појма како треба со кучиња,и земале пит ќе го учат за одбрана на човек ?! а незнаат дека тоа не му е во генетиката,како Г.О,доберман,ротт.И нормално,бидејќи тоа не му е во генот,ќе нападне погрешен човек.Дали свакаш што сакам да ви кажам ? На момент размисли малку поинаку,ќе сватиш дека не е се така,како што мислиш дека е.Јас не викам дека питот не нападнал НИКАД човек ? Но,сватете,дека кучињата,ја немаат таа интелегенција како човекот,кој свесно прави работи,и го прави тоа што он го сака.Кучето учи од газдата(човек) и го прави тоа што го научил,од својот газда(човек).Миленичето,е огледало за газдата.Не треба да се банираат тие раси,треба да се води ред,на кого се даваат тие раси.
--- надополнето: Oct 12, 2011 11:39 AM ---
Заборавив уште ова,со сликата тоа ти го напоменав,бидејќи дискутираш за нешто,а незнаеш како изгледа.
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Неспособен сопственик е главната причина што поголемите кучиња прават бељи.

Поголем проблем се скитниците низ Скопјево него регулација од "опасни" раси на кучиња.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.209
Поени од реакции
527
Затворот за газдата на кучето нема да и значи ништо на жртвата. И ова не се работи што се случуваат само таму накде во Америка, да потсетам на настанот завчера во Белград:
http://www.trojka.rs/vesti/18518-pitbul-odgrizao-uvo-trogodisnjoj-devojcici.html
Мислиш дека на девојчево со пола лице отидено и без уво останато, казната за газдата ќе и биде утеха?
Тригодишно детенце што баба му го враќала од градинка... Дури ни бабата не успеала да ја одбрани целосно, а што ќе се случело ако било само?
Извини али ај тогаш да ги забраниме и возилата кои возат побрзо од 10км/ч. Многу повеке има загинати и повредени од нив али пак заради неодговорни газди на тие возила кои се или пијани или возат брзо (или и двете). На сите што останале инвалиди ништо не им значи што возачите се во затвор.

Исто е. Се сочувствувам со девојчето и нејзиното семејство и ако мене ми се деси ова јас на газдата на кучето ке му вратам со комплетно унаказување и секако ке го оставам инвалид. Нема да прекинам дур не го онеспособам за нормален живот.

Али кучето не е криво. А ако 5 - 6 „фраери“ заглават по 10 - 20 години во затвор верувам дека никој нема да се осмели да ги пушта слободно кучињата дресирани за борба да шетаат

Можете вие да ги дресирате да не бидат агресивни кон луѓе ама генот си е ген. И праксата на жалост го докажува тоа. Можеби ти имаш волја да се носиш со ризикот ама прашај ги овие од линков:
Да се навратам на примерот со автомобилите, сега можеме да постираме еден тон невини жртви на пијани возачи нели? Ген е ген али питовите генетски не се поагресивни од другите кучиња, само се посилни. Пекинезерите се едни од најагресивните.
 
S

Shaman

Гостин
Има закон за ова кај нас и незнам зашто запињате дека не се спроведува кога е спротивно. Ама ај.
За кучињата со сопственици, треба само сопствениците да се пеглаат и ќе биде се во ред. Треба да има некој механизам што ќе го регистрира кучето кај сопственикот за да има одговорност не само додека го шета туку и ако му избега од двор. Кога им бегаат и прават масакр, најчесто сопствениците се прават мутави, демек „не е мое“.

А скитниците што се агресивни треба да се „успијат“ и точка.
Мене во Март ме нападнаа 4 „магариња“ во Гази Баба додека возев точак низ шумата.
Поминав само со изгризана гума и бандаж. Среќа успеав да се одбранам.
Си одам после накај дома и си мислам, а да беше некое дете или некоја жена или некои пензионери што стално се шетаат ???
 
На врв Bottom