Она што мене најмногу ми смета тука е менталитетот, снобизмот/лешинарството, малициозноста, лижењето на квази-моќнички ануси, преопседнатоста со туѓите животи и зависта кај луѓето, и општата неспособност на скоро секој јавен функционер, од било која партија, во било кој ешалон. Едноставно такво е мнозинство тука и тие се уствари персонификација на државата.
Од скроз неспособната администрација која појма нема дека преку СМС може да се плаќа административна такса, па се до разни купи-продај далаверџии на кои буквално ни куче не би им остаил да ми чуваат ни 15 мин, а не пак да купам нешто од нив.
Преварантски организации на секој чекор, од мобилни оператори па се до, периодов актуелни туристички агенции.
Секој колега, вработен или било каков кохабитатор гледа да помине со "плукни-залепи" и 90% од луѓето се bare minimum легачи.
Луѓе кои целиот живот им е кафана, скара, искачање, фолкерај.
Луѓе кои ги интересира само својот гз, и ги боли уво како своите дејствија ќе влијаат на некој друг. Спремни буквално да газат се пред себе, без почитување било какви правила на игра.
Патолошки екстроверти со его-трипови не сфаќајки дека ако ги лажат другите со нивните "лажни" успеси, уствари се лажат самите себе си. Луѓе пуни со стереотипи и пуни со предрасуди од секаква природа. Луѓе кои не го пијат кафето за да уживаат во него, туку да не дремат дома бидејќи очигледно не се поднесуваат себе си и какви се, па излегуваат и гледаат од глава до пети како некој е облечен, дали има кола и ги ругаат оние што се "под" нив. Луѓе кои судат по кориците, а не ја знаат содржината на книгата.
Овде мал дел од луѓето живеат за себе. Најголемиот процент живеат за други и тоа е факт.
Запрашајте се еден професионален и асален кадар што и колку треба да помине и колкава себе-надградба треба да има за да дојде до завидна позиција во развиениот западен свет (патем, не зборам за апла дефицитарен кадар). Кај нас врие од легачи кои мислат дека воопшто не треба да вложуваат во себе и дека треба од небо да им падне платиште. Со денови треба да ги молиш за да завршат нешто што им е ДОЛЖНОСТ и ОБВРСКА, да не зборам да направат нешто плус (недај боже) за да научат уште по некој скил.
Малата плата и газдите идиоти се и те како голем проблем во државата. Ама мора од некаде да се почне, да не се лажеме. Некој почнал од 12.000, ја почнав од пракса за 50 мочани евра (тотално различна професија од моето образование), но не престанав да се надградувам себеси и да учам се што може да се научи каде и да бев, бидејќи не планирав на тие позиции и места цел живот да останам, додека другите инстантно го прифаќаа она "колку пари, толку музика", па ни таа мизерна плата ја изработуваат колку да помине. Една година непрестан труд, учење и промена на неколку фирми, дојдов до солидна работа (за македонски услови) каде што имам можност уште повеќе да се надградувам и да учам, и имам можност да подработам уште некои работи како фриленсер. Ок, таа е поентата и нема да замарам за себе.
Нефункционално здравство, правосудство, корупција на секој чекор, неписмена полиција се само симптоми кои произлегуваат од сево ова што е горе-наведено.
Ќе си речеш сиромаштијата ги тера да се такви, ама не е така, мислам дека сево ова горекажано може повеќе важи за луѓе кои се во некоја висока или висока-средна класа.
Прашањето е исто ко јајцето и кокошката. Дали за лошата состојба во нашата држава е крива немаштијата или менталитетот. Ама се повеќе и повеќе се уверувам дека е до менталитетот и културата, бидејќи и те како мнозинството од богатите во државава се совпаѓаат со се што е горенаведено.
Знам од лично искуство и искуство на луѓе од фамилија дека на запад си поприфатен ако си еманципиран дојденец (секако дека ако си лешинар и не го знаеш домицилниот јазик ќе бидеш граѓанин од 16ти ред), отколку во Македонија ако не си "еден од нас" во било која смисла на оваа реченица.
Нити сум човек што ќе се задоволи со 4 коли и 3 станови или екстра луксузни одмори. Сосема доволно ми е некоја кола која ќе ми овозможи да отидам 600-1000 км без проблем, дом и неколку прошетки низ Европа во годината (+ одмор), нешто што и во македонија е и те како возможно. Она што ми е проблем, се 90% од луѓето во нашава ни држава кои потпаѓаат под она што е горенаведено, и си присилен да стапуваш во комуникација со такви. Од таа причина и те како вреди да се избега од државата.
Премногу токсични луѓе, каде и свртиш глава.