Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.833
Ептен ме издеперимира муабетот, ќе одам да гледам вести на шител малку да се орсположам.
најдобро е да ја напуштш државата и да си бараш чаре како многу други наместо да гледаш шител и губиш време на кајгана.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Гледаш ни дрогата во Македонија не е како што треба...

https://jakubmarian.com/best-countries-to-live-in-europe-in-2016/

Ај сеа иди читај анкети од Павел Шатев и слушај го Латас колку е убаво тука!
Еве на мапава се гледа дека сме први у Европа по животен стандард, колку помала бројка толку подобро, така? :D
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Еве на мапава се гледа дека сме први у Европа по животен стандард, колку помала бројка толку подобро, така? :D
Е може и јас да сум се збунил...Башка нашето е црвено, а црвена е боја на Македонија значи зрело, топло, убаво...Овие Швеѓаниве зелени недозреани!
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
најдобро е да ја напуштш државата и да си бараш чаре како многу други наместо да гледаш шител и губиш време на кајгана.
Не зфркавај, зошто да ја напуштам??
Кај се напушта држава која е прва во европа по се, каде секој ден се отвараат по 600 нови работни места.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.833
Не зфркавај, зошто да ја напуштам??
Кај се напушта држава која е прва во европа по се, каде секој ден се отвараат по 600 нови работни места.
од кај знам јас за тебе, нон стоп се лигавиш како не ти чини нешто.
 
M

Moon Child

Гостин
Зарем одење на летовање или зимување тебе ти е репер за среќен живот??
Дај батали детски моабети..абе ти во градинка изгледа одиш:P[DOUBLEPOST=1470310226][/DOUBLEPOST]
Среќен е тој човек што воопшто нема потреба ни од приватна ниту од државна болница, ниту за него ниту за некој свој близок..тоа е среќата душичко.
А само да знаеш колку има од приватни клиники што излегле осакатени и неизлечени..ехееееееееееее...
Многу мудро речено, сузе Турунџиева, ти ли си?
Јас ти кажувам ок за идеални услови, во мојот живот и моемталнава ситуација и јас сум среќна, ме усреќува тоа што сум бремена и ќе имам деца и сето тоа е ок. А што правиме во неидеални услови? Ќе се молиме на Господа? Ќе собираме пари преку хуманитарни акции со надеж дека ќе собереме доволно?
Ќе бидам морбидна сега. Ако утре мене ми откријат тумор, а јас имам месечни примања од (лупам) 500 евра, а и откријат тумор и на некоја која има месечни примања од 5000 евра, која има повеќе среќа во таквата ситуација?
Јас што ќе одам на државна клиника да се оперирам, или некоја што има пари да се оперира кај сака во светот?
Мудри изреки и поговорки ако сакав да читам ќе си лајкнев семе синапово на ФБ.
 
Член од
27 јули 2016
Мислења
34
Поени од реакции
19
ако на @katinakatalina материјалното не и носи среќа, нека оди во некој манастир нека се посвети на духовното, можеби таму ќе најде среќа
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
88
Поени од реакции
99
Оглас за работа.
-познавање компјутерски вештини
-познавање англиски јазик
-возачка дозвола
-задолжително работно искуство
-до 35 години
Плата: 12.000 - 15.000 денари.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=46D6386D03205C459BD7C6EA04B1EC7D

Поз, нема шо да се лажиме :oeoeoe:
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Би заминала, незнам каде на некое место со координати на животот 0.0.
0 пари, 0 луѓе што не се потесно семејство, 0 знаење, се сакам да измножам со 0 ... освен семејство

Толку долго живеев лошо што да имав добри услови за живот и љубезни луѓе - незнам која ќе бев, немаше да бидам јас.
И страв ми е да заминам, јас да бев растение ќе виреев во пустина, во подобри услови не ќе знаев како
Ама би заминала, мачно ми стана се сакам да заборавам и да појдам во некоја земја кај што ќе го учам јазикот и азбуката од 0 , и цел живот рестартирање[DOUBLEPOST=1470520880][/DOUBLEPOST]И кучето ќе си го земам!
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Оглас за работа.
-познавање компјутерски вештини
-познавање англиски јазик
-возачка дозвола
-задолжително работно искуство
-до 35 години
Плата: 12.000 - 15.000 денари.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=46D6386D03205C459BD7C6EA04B1EC7D

Поз, нема шо да се лажиме :oeoeoe:
Да не се лажеме , од ова што си го навел само платата вреди да се дискутира , мала е ! А првите три точки не се квалификација некоја за да се исчудуваш . Ова се квалификации за разнесувач на роба . И во земја во која инженер има 20 000 плата овој е ок .
 
Т

Триптико

Гостин
Да не се лажеме , од ова што си го навел само платата вреди да се дискутира , мала е ! А првите три точки не се квалификација некоја за да се исчудуваш . Ова се квалификации за разнесувач на роба . И во земја во која инженер има 20 000 плата овој е ок .
Да не се лажеме, ова е срање!
Дефинирај "компјутерски вештини". Фејсбук не се брои, зашто 90% да ги одлогираш, нема да знаат да се логираат. Англиски јазик? Ха ха! Дали е доволно thank you and fuck you за да се брои како познавање? За разнесувач во МК доволно е македонски и албански. Возачка дозвола...која категорија? Знаеш да возиш? Знам. Еве ти клучевите, пали авионот и летаме за (пиши по желба) :D Луѓе од 40-50 год не можат да ја работат работава (не го кликнав линкот, не знам за што се работи)? Значи, огласов го пишувала некоја гуска, кај какви јас едно време одев на интервјуа. Прво прашање: кажи ми нешто за тебе (!!!) Ова не е ни прашање. Второ: и што работеше на Х место? Сѐ ти пишува во CV оФцо (CV од 4 стр А4 формат, фул опишано што и како). Трето: Колку плата би сакал да имаш (кој е минимумот под кој не би работел)? Мене ми пукна филм од дебилни прашања и ѝ одговорив: Ако се прашувам, под 2000е не би работел! Ми направи една фаца...можеш да замислиш. И, не знае да води интервју...е не знае, ама знае да носи минич и шминката на тоа јулско лето да и "тече" низ лицето. Ама доволно е глупава повремено да се погледне во огледало :D Сѐ додека на таквите им "тече" на друго место, ќе има вакви дебилни огласи, ќе си трошите пари за превоз и ќе "фаќате боја" по улициве (место на плажа) и ќе излегувате од интервју со 200 притисок! Можам и фирмата да ти ја кажам, слободно прошетај до нив. Барем ќе ја видиш цуцава и ќе ти "дигне" расположение. Позитивно или не, во зависност од тоа колку си алергичен на "кози со шминка" ;)

А, ако го пишувал маж...истиот никогаш во свој живот не барал работа и појма нема какви луѓе му требаат во фирма. После државата не чинела, пазар не чинел, тетката во банка не го е*ела ни 2%...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Друже , јас ја разбирам твојата резигнираност ама си стојам на кажаното .
1. Кога некој пишува компјутерски вештини , подразбира основно владение на компјутер , Офис воглавном и баратање по интернет . Ако му треба нешто специфично ( Auto Cad , 3D Max , Corel....) тогаш тоа мора обавезно да се нагласи . Јес и тоа спаѓа во комјутерска вештина ама е многу повисок стапен на квалификација и за тука муабетите се други .
2. Англиски јазик , кога се наведува обично така се мисли на базично познавање на јазикот да може да прочита или напише мејл , се разбира со помош на контрола од транслејт :). Доколку се бара повисок степен на познавање , тоа обавезно се нагласува.
3. Вака напишано возачка дозвола , значи Б категорија . Ти треба Ц , Д, Е е тоа е друга приказна и обично не оди со првите 2 точки .
Мене повеќе ми смета политиката на плати , со држање на платите на патос уствари нашива владеачи ја убиваат желбата на младите луѓе за учење , креативност и самоусовршување . Вака НИКАДЕ не одиме , плата 200 евра не заслужува да се нарече плата и што да се очекува од тој работник? Само безволно влечење на работа , ништо друго .
Инаку линкот беше уопштен , за огласите за работа , ништо конкретно.
П.С. Да не отвараме муабет за степенот на подготовка и квантумот на знаења на младите кандидати за работа , кој го добиле од нашите Викокообразовни институции :cenzura: . Ќе почнеме да наоѓаме оправдувања за платите а тоа никако не би сакал да се случи !
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.160
За не многу големи бројки во банка? Озбилно?
Јас зедов за пример луѓе кои напредувале во кариерата, не останале на почетната конобарска работа. Е сега ако ти правиш муабет тука за вечити конобари и чистачи на бродски базени тогаш да, црнчење е. има луѓе кои одат на брод нешто да заработат и успат да го видат светот.
Тие луѓе кои црнчат на брод или било каде во светот, еден ден ќе се вратат во својата држава како господа, животот обезбеден им е, си купиле и куќи и станови и автомобили, бизнис можат да си отворат ко од шала. Ние што живееме и работиме овде дигаме стамбени кредити и пола живот ги исплаќаме за 40 квадрата.
Или нека не е на брод, еден куп постојат примери од животот, еве ти уште еден. Каде што живеам по кирија газдарицата е баба од 70 и кусур, работела 40 години во Германија, заработила пензија таму. Знаеш колкава куќа има? Знаеш колку земја има? Споредно од тоа, на својот син му изградила куќа од 3 спрата. Сега со својата пензија оди на море, шала и е да отиде кај внуката во америка, и кај братот во Австралија. А што имаме ние што остануваме да се бориме под балканското небо? Треба да тргаме по 1000ка секој месец и тоа дали ќе успееме за да отидеме летоска до Охрид.
Примери од секојдневниот живот има колку сакаш од луѓе кои живеат и работат на Балканот и луѓе кои работат настрана а трошат на Балканот.
Не ме заебавај, споредуваш неспоредливо.
Да не ви се мешам во стандардни жалопојќи , нешто друго ми фати окото. Таа бабата , газдарицата што печалела 40 години во Германија. Живее во таа куќата? Зошто се вратила после 40 години од Германија за туку да направи куќа наместо среќно и весело да си го проживее последните пензионерски денови во земјата каде што си ја заработила големата пензија? Исто ме интересира на син му му направи таму куќа на три спрата( во Босна де) или во Германија ?
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Да не ви се мешам во стандардни жалопојќи , нешто друго ми фати окото. Таа бабата , газдарицата што печалела 40 години во Германија. Живее во таа куќата? Зошто се вратила после 40 години од Германија за туку да направи куќа наместо среќно и весело да си го проживее последните пензионерски денови во земјата каде што си ја заработила големата пензија? Исто ме интересира на син му му направи таму куќа на три спрата( во Босна де) или во Германија ?
Изгледа после 40 години поминати во Германија бабата сватила дека Германија е мизерна држава, каде што се е скапои треба да се врати назад во рајот.
Озбилно.
Отишла прв пат пред 7 години и напредувала, почнала од 0 и стигнала до официрски чин.
Ама има и такви луѓе кои се борат да напредуваат и не се задоволуваат со почетната заработувачка. Таму на бродот нели, смештај не плаќаат, храна обезбедена, платите чисти остануваат. За 1 година она ќе заработи повеќе од што ќе заработам јас за два живота. Ама треба кохонес и за тоа, јас сакам мирен живот без многу луѓе и гужви, она сака живот у покрету. И тоа е во ред.
Ја зедов неа за пример затоа што кога се сврте муабетот за разболување и кај ќе се лечиш прво ми падна на памет дека нејзиниот брат е два пати опериран од тумор. Двата пати е опериран во приватна болница во Белград. Ама имало пари за да се плати тоа.
Или фактот дека со една нејзина месечна плата отворила цвеќара за да има мајка и со што да се занимава во слободно време. Јас со години мечтаам и размислувам дека еден ден во мојот живот и јас ќе успеам да отворам цвеќара.
Во тоа е разликата.
Ако нема во Скопје кај да ги троши парите, има каде во соседството и светот. Чартер летови имаш за кај ти душа сака, луѓето кои имаат пари сигурно не седат во Скопје и се досадуваат. Одат на крстарења, одат на Сејшели, знам за една од Велес што има пари на меден месец беше на Малдиви и така... Ене ви го синот на Мијалков, сигурно не седи дома во стан и вика еј абе шо ќе праам со волкави пари немам кај да ги потрошам, досадно ми е.
Нешто имаш погрешно разберено, и двајцата заедно можат 5000 месечно, но еден 5000 нема шанси 100%.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom