Друже , јас ја разбирам твојата резигнираност ама си стојам на кажаното .
1. Кога некој пишува компјутерски вештини , подразбира основно владение на компјутер , Офис воглавном и баратање по интернет . Ако му треба нешто специфично ( Auto Cad , 3D Max , Corel....) тогаш тоа мора обавезно да се нагласи . Јес и тоа спаѓа во комјутерска вештина ама е многу повисок стапен на квалификација и за тука муабетите се други .
2. Англиски јазик , кога се наведува обично така се мисли на базично познавање на јазикот да може да прочита или напише мејл , се разбира со помош на контрола од транслејт

. Доколку се бара повисок степен на познавање , тоа обавезно се нагласува.
3. Вака напишано возачка дозвола , значи Б категорија . Ти треба Ц , Д, Е е тоа е друга приказна и обично не оди со првите 2 точки .
Мене повеќе ми смета политиката на плати , со држање на платите на патос уствари нашива владеачи ја убиваат желбата на младите луѓе за учење , креативност и самоусовршување . Вака НИКАДЕ не одиме , плата 200 евра не заслужува да се нарече плата и што да се очекува од тој работник? Само безволно влечење на работа , ништо друго .
Инаку линкот беше уопштен , за огласите за работа , ништо конкретно.
П.С. Да не отвараме муабет за степенот на подготовка и квантумот на знаења на младите кандидати за работа , кој го добиле од нашите Викокообразовни институции

. Ќе почнеме да наоѓаме оправдувања за платите а тоа никако не би сакал да се случи !