Дали ви е потребен долг сон за да функционирате преку ден?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Стравови леандро, стравови.
Од што, од сон? Децата да не им плачат без леб у друга соба? :D
--- надополнето: 28 јули 2013 во 21:41 ---
Toa викам и јас, изгледа се цел ден без физичка активност и одморени што неможат да заспијат. Јас после 16 часа работа денес и тоа физички тешка едвај чекам да си легнам. Ако е за нервози нема кој нема нервози па поради тоа да не може да заспијат...стварно незнам што е причината.
Јас немам физичка активност, али имам психичка и ми треба мир, тишина и сон. Легнувам и заспивам, еве сега се спремам да се комирам :D
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Може да пробаш со Мелатонин. Ако тоа не функционира тогаш Луната.
Мелатонин помага,но чудни соништа имаш од него.
Луната е ха-це,ако те мавне ќе спиеш и по 20-часа,за екстремна несоница е тоа.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
во граници на нормалата денот е поделен на 3 еднакви дела од кои 8 се за спиење 8 се за работа и 8 се за одмарање/рекреација.

мене на пример за да се наспијам и за да се осетам одморен ми требаат 11/12 саата :(
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Смешки сме еј....смешки :)

Еве денес, чекам гости од странство што прв пат доаѓаат. Ќе ми дојдат за 40тина минути, со нив сигурно ќе окапам уште неколку часа, значи ќе легнам накај 2-3....и ајде утре стани да те видам за на работа :)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Смешки сме еј....смешки :)

Еве денес, чекам гости од странство што прв пат доаѓаат. Ќе ми дојдат за 40тина минути, со нив сигурно ќе окапам уште неколку часа, значи ќе легнам накај 2-3....и ајде утре стани да те видам за на работа :)
јебига друже тоа е тоа... нема правда.. :) јас работам од 7 до 4 што на страрт ти се 9 часа... у 12 да легнам у 6 да станам тоа се 6 саата спиење - и оди нормално функционирај после :)
 
Член од
17 август 2012
Мислења
49
Поени од реакции
5
Со 6 часа сон можам да функционирам.. па дури и со помалце... еве веќе цело лето :) се навикнав на тоа темпо
 
Член од
7 април 2013
Мислења
206
Поени од реакции
329
До пред 4 години и јас го имав сличниот проблем при што морав обавезно преку ден да преспијам дури и по 4 часа што за попладневен одмор е претерано,вечерно спиење под 8 часа не доаѓаше во предвид.Не знам како се реши работава,отсекогаш си практикувам по неколку кафиња дневно,мислам дека се се реши само од себе,штознам.

Последниве месеци имав друга крајност,имав големи проблеми со несоница ми се случувало да спијам по 2-3 часа со ретки исклучоци над тоа и така терав некои 3-4 месеци.Повремено пиев и диазепам но знаев дека на долг рок тие нема да ми го решат проблемот,почнав некои чајчиња па ни тие не ми помогнаа,па совети дур не ми се приспие не легнував во кревет јадев порано пешачев и од сето тоа ништо и се уфурав дека не ми чини креветот и си купив наддушек од тие убавите(не сакам да ги рекламирам да не ме сфатите погрешно) и сега си спијам како бебенце колку што и треба по 7-8 часа дневно и функционирам супер.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Леле,велите по 8 часа ви требаат за да функционирате,тогаш ја шо сум бе ?
Легнувам накај 1 или 2,станувам во 2-3 попладне.12-13 часа спиење не ми бегаат,а 2-3 пати ми се има случено да преспијам и до 15 часа.
Кога одев прва смена на школо,легнував накај 11 станував во 7 тоа е 8 часа,ама шом си дојдев од школо веднаш 2 часа спиење пак.А по некогаш и цел ден спиење ми се паднеше,па вечерта пак заспивав.Кога намерно морам да станам порано,ако станам после 6-7 часа спиење свеж ќе сум,ако ме разбудат после 8-9 часа спиење како отепан ќе сум.Иронично нели? Не знам како да го објаснам тоа.
Ама,навистина многу ми е убаво кога спијам.Едноставно,обожавам да спијам.Спиењето не би го жртвувал за ништо,макар и година да треба да поновувам на факултет сеа.
 
YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
991
Поени од реакции
650
За мене се доволни 6 саати, до најмногу 8 дневно. Ако ми се случи да спијам повеќе од тоа, ќе ми се спие цел ден потоа. А со 6 саати спиење имам енергија цел ден да работам, шетам и слично.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Леле,велите по 8 часа ви требаат за да функционирате,тогаш ја шо сум бе ?
Легнувам накај 1 или 2,станувам во 2-3 попладне.12-13 часа спиење не ми бегаат,а 2-3 пати ми се има случено да преспијам и до 15 часа.
Исто, не само средно и на факултет додека бев, осмолетка исто.

Сега немам време за толку спиење а и рака на срце се трудам да не спијам по цели денови.

[/QUOTE]Ама,навистина многу ми е убаво кога спијам.Едноставно,обожавам да спијам.Спиењето не би го жртвувал за ништо,макар и година да треба да поновувам на факултет сеа.[/quote]

Леле исто чувство, дефинитивно те разбирам само немој да се будалиш со факултетот, не вреди :)

јебига друже тоа е тоа... нема правда.. :) јас работам од 7 до 4 што на страрт ти се 9 часа... у 12 да легнам у 6 да станам тоа се 6 саата спиење - и оди нормално функционирај после :)

Солзи ми доаѓаат на очи, само што читам каква мака имаш :)
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Може да пробаш со Мелатонин. Ако тоа не функционира тогаш Луната.

Мелатонин на запад е со двојна рецепта и строга контрола а кај нас и не ти треба.

во секој случај луната(золпидем) нека биде крајно "оружје" и мерка против инсомниа оти некад и тоа не помага.

Што се однесува до мелатонинот кој е природен успивач на мозокот бидејќи лачењето почнува веднаш после заоѓање на сонцето т.е после снемување на УВ зрачење се активира природниот механизам и се лачи мелатонин.

Кај нас имате три милиграма таблети има и од 5мг таблети а има и стрипс од по 5мг (како LSD) за под јазик но имајте предвид мелатонин се користи почесто кај патниците кои преминуваат од една временска зона во друга.

Пробајте првен со работа како физичка така и психичка но и со намалување на кофеин на кока кола исто и зелен и црн чај(кои јас на време ги мешав со енергетски додека бев по кофеинот неконтролирано) па дури и женшен ако некои конзумираат и да не функцинира недела две не се откажувајте лесно бидејќи после ќе има ефект барем кај мене е така освен ако не ме удри неподнослива главоболка.

Бензодијазепините треба да бидат последни во решавањето на овој проблем(мелатонин не е бензодијазепин и може да пробате со него но скап е и пробајте на претходниот начин) бидејќи толеранција е иманента а и често многу често имаат сајд ефект-несоница, затоа внимателно тука никако земање на свое и само по препорака на доктор матичен за диазепам и други полесни а за тешкиве ако имате дијагностицирана инсомниа тогаш треба и специјалист/субспецијалист.
--- надополнето: 29 јули 2013 во 10:48 ---
Леле,велите по 8 часа ви требаат за да функционирате,тогаш ја шо сум бе ?
Легнувам накај 1 или 2,станувам во 2-3 попладне.12-13 часа спиење не ми бегаат,а 2-3 пати ми се има случено да преспијам и до 15 часа.
Кога одев прва смена на школо,легнував накај 11 станував во 7 тоа е 8 часа,ама шом си дојдев од школо веднаш 2 часа спиење пак.А по некогаш и цел ден спиење ми се паднеше,па вечерта пак заспивав.Кога намерно морам да станам порано,ако станам после 6-7 часа спиење свеж ќе сум,ако ме разбудат после 8-9 часа спиење како отепан ќе сум.Иронично нели? Не знам како да го објаснам тоа.
Ама,навистина многу ми е убаво кога спијам.Едноставно,обожавам да спијам.Спиењето не би го жртвувал за ништо,макар и година да треба да поновувам на факултет сеа.
Си станал мрзлив најверојтно штом ти е тооолку мубаво во кревет да си наниш соонуваш фантазираш њам њам;)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Мене пак ми се потребни од 8-10 часа спиење за да можам да функционирам нормално.Имало периоди кога сум спиела по помалку часови и не успевам да го контролирам уморот...И по 2-3 кафиња испиени не можам да бидам свежа.Кога некој ке ми кажува дека минатата нок не спиел автоматски ми се создаваат слики како успеал да издржи...Пред некој ден еден мој пријател ми вели:Јас три ноки немам спиено...Ми се преврте желудникот...Го прашувам која е тајната на успехот...Ми одговори дека е потребен тренинг за сето тоа...
Не знам,не се ни обидувам повеке...Еднаш се обидов да не спијам цела нок..Следниот ден целиот го преспав!!! И се повеке ми се спиеше...Велат колку повеке спиеш толку повеке ти се спие...Дали има вистина во сето тоа не знам.
Друга работа...Едно прашање до оние кои конзумираат Дијазепам ...По колку пијат?Дали редовно ги конзумираат?Или само кога ги мачи инсомнија?Дали сте помислиле што ке правите кога лековите повеке нема да ви користат?
Ми има кажано пријателка која редовно ги користи.Се жали дека повеке немаат ефект...До што е тоа?До предозираноста?Инаку таа пие по 3-4...:eek:Речиси секој ден...
Јас сум против конзумирање на лекови.Ствараат зависност,мислам дека единствено за добар сон ке помогне физичка активност. :)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072

Ако те мачи несоница закачи едно пиво поарно е него да се труеш со апчиња ... нормално дека после подолго конзумирање на било кое апче организмот си ствара некој имунитет и го нема истото дејство
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Мислам дека проблемот е повеќе психички, отколку нешто друго. Порано знаев да спијам и по 12 саати на ден и се чуствував како утепан ако станам порано. После почнав во еден период со школа и работа, па не можев да спијам повеќе од 6/7 саати. Тешко е првата недела, после пак се навикнуваш и без проблем спиев по 6 саати и за викенд, кај што можев да се излежавам цел ден во кревет.
Сега лето ко лето, не можам нормално да заспијам до 3-4 ноќеска, а секој ден станувам околу 10 или 7 ако идам на работа.
Проблемот ми е што се навикнав на пиење кафе сабајле и ако не испијам знам дека шансите да ме боли глава во текот на денот се огромни.

За несоница помага една чаша ладна вода пола саат пред спиење. Не верував додека не пробав. Ова со пиво е веќе познат метод :D
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ако те мачи несоница закачи едно пиво поарно е него да се труеш со апчиња ... нормално дека после подолго конзумирање на било кое апче организмот си ствара некој имунитет и го нема истото дејство

Јас за срека немам проблем со несоница...Се случувало да не можам да заспијам со часови,се мачев но не конзумирав ни лекови ниту ништо...На крај успевав да заспивам...Инаку пиво не пијам...Може вино домашно :icon_mrgr:
Секако дека со лекови конзумирање не е убаво,затоа и не ги препорачувам.
И уште нешто...Постојат примери каде што некој не може да го контролира тајмингот кога е време за спиење...Мислам дека кај сите е така речиси...Заспиваат во 03-04 часот наутро па и преку сила 05 часот за да го преспијат целиот ден...Така секоја нок...организмот ке се навикне..А јас можеби и на некого ке му звучи смешно.Ретко кога некогаш заспивам пред полнок.Обично во 23 часот сум во кревет...Си имам створено некоја навика и затоа немам проблеми со умор...Се будам секогаш во 09 часот наутро и се чувствувам доста одморено..Вреди да се проба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom