Дали ви е потребен долг сон за да функционирате преку ден?

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ја отварам оваа тема за да прашам, воедно и добијам совет за тоа што треба да направам за да можам да функционирам преку ден а да спијам помалку од 8 часа?

Имам проблем, ако може да се каже дека е здравтсвен проблем. Доколку во еден ден не спијам 8 или повеќе часа, едноставно не можам да функционирам. Изгубен ми е паметот, не размислувам, можам во секое време да заспијам, макар било и додека обавувам некаква физичка функција. Мислам дека би заспал и додека возам точак ако престанам да се трудам да не заспијам. Возам кола, ми се спие и не размислувам.

Пример: Тргам од дома до работа со бајк/кола, стигам за прилично краток период а всушност не ми текнува на ништо по пат, мозокот ми спие а јас всушност цело време се трудам да не заспијам, буквално!

Додека бев средно или на факултет воопшто не се замарав со „проблемов“, но подоцна почна да ми ствара голем проблем во секојдневното функционирање. Верувајте ми, пукам од мака и им се восхитувам на луѓе кога ќе ми кажат дека со 3-4 часа спиење, функционираат турбо и не им пречи што спијат толку малку.

Лично, спремен сум да спијам 10 часа навечер, да дојдам од работа/факултет и да легнам попладне на попладневна дремка околу 5-6, зависно кога ќе завршам со дневни обврски и доколку не наместам аларм да ме разбуди за час-два, се будам дури наредниот ден.

Верувајте ми, се чувствувам ужасно. Имам уште неколку примери кои би ги навел ама вака инстант ќе ја отворам темава, ако има некој случно искуство да сподели, ако некој од Вас ја победил потребата од многу спиење, ужасно Ве замолувам да ме/не' советувате.
 
2

~2A

Гостин
Најверојатно е од жештинава.

Јас веќе една недела се чувствувам изморен, не можам да размислувам, ниту да функционирам физички како претходно. Спиев по 7-8 часа дневно, а сега почнав да спијам и после ручек по 2-3 часа и пак да ми е мака.

Порано и покрај тоа што играм секој ден фудбал, вежбав скоро секој ден ( претежно на секој втор ден имав по еден ден одмор) и немав никаков проблем, а сега... :unsure:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Лично со мојов случај не е жештината во прашање затоа што го имам проблемот цел живот, постојано :)

Кога станува збор за вежбање, некаква активност, рекреативно сум се бавел со спорт, сеуште се бавам, си спортувам и уште потешко ми е кога ќе се уморам, ми треба долг период за да се одморам.

Ужас.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Испиј кафе сабајле, кога ќе станеш.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Не верувам дека има некој што само со 3-4 саати може да функционира како што треба цело време, лично мене ми се потребни 7-8 саати за да бидам продуктивен следната ден - ако случајно неможам да отспијам толку тогаш надокнадувам преку ден со некој саат плус. Инаку пробај со нескафе (стронг) верувам ќе ти помогне и нема да ти се спие толку :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не верувам дека има некој што само со 3-4 саати може да функционира како што треба цело време, лично мене ми се потребни 7-8 саати за да бидам продуктивен следната ден - ако случајно неможам да отспијам толку тогаш надокнадувам преку ден со некој саат плус. Инаку пробај со нескафе (стронг) верувам ќе ти помогне и нема да ти се спие толку :D

Од дома ми е примерот, не го кажувам од муабет. Моите и покрај тоа што имаат по 52 години верувај ми дека секој ден стануваат во 15 до 7 за да одат на работа а од 5 работни дена, 3-4 легнуваат во 2. Често знаат и повеќе да заглават.

Ова со кафево ќе го пробам, ќе почнам и турско да пијам ако треба :D
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
И ја го имам истиов проблем. И осум саати ми е смешно мене.
Десет ми се таман, 12 класика, 13-14 иако си поштуем, не ми прија, не се осеќам убаво после низ текот на денот.
Инаку кога спијам 8 часа или помалку, мозокот ми функционира, неам проблем со тоа, туку проблемот е што можам да заспијам во секој момент. Пример одам во читална и ако сум спиен 8 часа или помалце, читам 2 саати и заспивам. Неможам едноставно, ми бара сон мозоков.
Морам да одвојувам екстра енергија за да не заспијам. Морам константно да се трудам, да се движам, да праам нешо да се дружам а у..
А више влагам у фаза на животов каде што неможам да си дозволам баш 10плус часа сон...
Решение?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
И ја го имам истиов проблем. И осум саати ми е смешно мене.
Десет ми се таман, 12 класика, 13-14 иако си поштуем, не ми прија, не се осеќам убаво после низ текот на денот.

Е, исто и ова ми е чудно. 24 часа да спијам, одкако ќе се разбудам нема да имам никаков проблем. Нит глава ме боли, нит мачно ми е. Многу луѓе, да не речам сите ги слушам како после подолго спиење викаат „леее глава ме фрка“, „леее, што спиев толку, сега цел ден ќе ми биде тиње“ и слично. Мене што подолго спиење, тоа поубаво ми е.
 
T

Tamora

Гостин
Нема замена за сон и одмор исто како што нема замена за храна :) едноставно на некој му треба повеќе сон на некој помалку .
Освен да се трудиш секоја недела по малку да скратуваш од времето по 15 мин да речиме првата недела следната недела пробај по половина час и така ...се додека не дојдеш до некоја нормална граница.
Мене ми е сосем доволно 8 часа на ден без 8 часа немам концентрација , а вистина е дека има луѓе кои совршено добро функционираат и со 5 часа не им смета ни физички ни умствено да си работат :)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
И јас порано имав проблем , спиев по 10 сати и пак уморен .... најидеално е да спиеш 7 сати со краток одмор попладне .... не да заспиваш попладне туку да одмораш , сонот има фази или најдобро би ти било ова да го изгледаш

 
А

Атомската мравка

Гостин
Од дома ми е примерот, не го кажувам од муабет. Моите и покрај тоа што имаат по 52 години верувај ми дека секој ден стануваат во 15 до 7 за да одат на работа а од 5 работни дена, 3-4 легнуваат во 2. Често знаат и повеќе да заглават.

Ова со кафево ќе го пробам, ќе почнам и турско да пијам ако треба :D

Со годините се намалува и потребата за сон, на деца им треба повеќе од на возрасните а на возрасен човек му треба 7-8 саати. После како старееш и ќе се намалува потребата за сон, и кај мене во 5:30 најкасно се станати и тоа без аларм ама ќе си дојдат од работа ќе завршат обврски и дремат цел ден така - а јас на факултет, па шетам некаде, спортувам итн и нема шанси со 4-5 саати сон да можам да издржам цел ден.. уствари ќе издржам ама после следната ден ќе треба да преспијам пола ден :) инаку и турското би требало да е таман почни првен со тоа или капучино, а ако не помага тоа оди на нескафе појако е мислам
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
spijam mnogu, minimum 10-12 saati koga nemam obvrski i se nerviram, denot mi leta za dzabe sekogas. Se ke stanam vo 12 ili pak 1 i plus umoren ke stanam i nikogas svez. I mnogu spienje ne e na arno. 8 saati mislam deka e nekoja norma sto e dovolna.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Многу луѓе се жалат дека имаат лош сон, но никој незнае како да се спаси од него...
Навечер доволно е да спиеме 7 или 8 саати, ни помалку, ни повеќе.
Насабајле пиењето на кафе не е најдобар предлог за добро утро, подобро да испиеме една чаша ладен чај од нане или планински чај..... со што кафето не буцка за да бидеме будни, а чајот внесува свежина во организмот и на правилен начин не буди.
Спиењето преку ден го скратува животот и го зголемува она чувство на омалаксаност, мамурлук, исполнетост со воздух во тебе, досада на организмот и слично. Преку ден подобро да легнеме и да одмараме, одколку да спиеме.
Преку ден дома да дува климата, а додека спиеме прозорот да биде отворен, за да влегува вистински кислород кој е добар за циркулацијата на крвта, а така и за сонот.
Пиењето преку ден лимонада, постојано не држи будни.
Има уште многу други работи, ама се надевам дека со дел од овие ви помогнав некако... :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
До пред година време и јас спиев по 10-12 часа, така се навикнав и секојдневно по толку терав. Ако требаше да станам сабајлето од 8 или 10 за да одам на факултет, едноставно како зомби се влечкав по пат и без кафе не ни помислував да тргнам тоа време. Секако, после завршување на обврските следуваше пола ден преспивање и будење вечер во 9-10 часот. И тука скроз се пореметуваш.

Инаку, се е до тоа како ќе се навикнеш. Помина тој период, сега спијам по максимум 7 саати, но си зимам одмор саат време после работа, дали гледам нешто на тв, листам некој весник или некој безвезе ствари на интернет, нешто колку да ме релаксира. Моите на пример, како навикени се. Татко ми станува во 6ипол, прави кафе, мајка ми околу 15 за 7, иако двајцата се на работа од 8-9. А има денови кога си легнуваат и после мене.

Пробај неколку денови да станеш порано, кафе и терај со обврските. Нема да ти е исто како што си спиел по 10 часа, ама полека ќе се навикнеш. Исто, ако се разбудиш порано од предвиденото и во тој момент се осеќаш дека не ти се спие, никако не дремнувај уште на 5 минути, пошто ќе се изгубиш и пак ќе ги истераш тие 10 часа.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Исто, ако се разбудиш порано од предвиденото и во тој момент се осеќаш дека не ти се спие, никако не дремнувај уште на 5 минути, пошто ќе се изгубиш и пак ќе ги истераш тие 10 часа.

Често и ова ми се случува. Ако треба да станав во 8, се будам во 7 и 20, не ми се спие ама некако рано ми е да станам, се вртам на друга страна „да се доспијам“, да го искористам преостанатото време и после топ не ме буди.

Фала за советиве, ќе пробам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom