Дали ви е потребен долг сон за да функционирате преку ден?

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Зависи како сакам да функционирам.

За време на колоквиумчиња и слични активности, се случува со 2 сати дремење на кревет да го зграбам денот. Обично обавезно примам одредена доза кофеин(можи да е пласибо ефектот, али јбг ми помага). Ми се подотвораат очите и потоа немам гајле. Малку сум сљоу моушн, малку ми жежи црпкава . Позитивното е тоа што се чувствувам далеку поопуштен и многу многу не му ја мислам Исто имам заприметено дека тогаш сум повеќе склон кон тресење глупости, како да ми се подразбудува на сета приспаност таквата креативност.
Физичките активности ми создаваат мала тежина (побрзо работење на срце, полесно задишување).
Паметам дека еднаш без да легнам сум поминал 14 километри пеш без да имам мака. Но денот беше убав и убаво мирисаше надвор. Природата се рашири и јас влегов :D
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Најчесто да. Или спијам само саат два, станувам рано насабајле, завршувам работа што имам и гледам што побрзо да му се вратам на креветот дома да си го гушнам. И после цел ден ме нема. :)
А најдолго без сон што сум издржала, околу 40 саати без око да склопам.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Ако спијам помалку од 5 саати, тогаш се ми смета, станувам ептен кенкало (повеќе од обично :D).
Шест се ок некако, можам цел ден да издржам, но сепак ми се малку, а гледам бар 8 да отспијам за да ми биде таман.

Сум одела на предавања од 8 сабајле со 2-3 саати спиено, многу доцна легнував, а кога ќе се вратев спиев, ме нервираше многу тоа, глава ме болеше на предавања, а и цел ден спиев што се вика.
На полагање одам скоро секогаш со 1-2 саата спиење, и тоа не е спиење, се будам на секои 5 минути да не се успијам случајно, па кога ќе станам глава ме боли, желудник, ми се повраќа, абе заникаде. И секогаш викам нареден пат ќе се наспијам, и пак не се случува, али за овие што идат, има да се наспијам! :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не знам зошто, не знам како ама еве, се враќам на темава после пола година, исполнета со повеќе обврски од било кога и можам совесно да кажам дека потребата за сон ми е намалена.

Спијам по 4-5 часа на ден, ми се случува накај 6 да ме фати дремка, ако сум дома и ако легнам, спијам по 2 часа ко ништо и кога ќе ме пробудат како зомби сум. Ми се случува еднаш во месец дена, просечно, да заспијам. Иначе, да ми се приспие, еднаш неделно али наоѓам некоја занимација и за еден саат ми помунува дремката и можам да окапувам до доцна, без разлика дали еве чмаам на форум или сум излезен. Следниот ден си станувам во 8, скоро како нов.

Ќе кажам пак, не знам што се случи али пресреќен сум:vozbud:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Потребен ми е да сум среќен, а тоа значи за да функционирам :)
Од 8 до 10 саати, онака, длабок сон, како да сум умрел и пак да сум се родил.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Не знам зошто, не знам како ама еве, се враќам на темава после пола година, исполнета со повеќе обврски од било кога и можам совесно да кажам дека потребата за сон ми е намалена.

Спијам по 4-5 часа на ден, ми се случува накај 6 да ме фати дремка, ако сум дома и ако легнам, спијам по 2 часа ко ништо и кога ќе ме пробудат како зомби сум. Ми се случува еднаш во месец дена, просечно, да заспијам. Иначе, да ми се приспие, еднаш неделно али наоѓам некоја занимација и за еден саат ми помунува дремката и можам да окапувам до доцна, без разлика дали еве чмаам на форум или сум излезен. Следниот ден си станувам во 8, скоро како нов.

Ќе кажам пак, не знам што се случи али пресреќен сум:vozbud:

Има една финта околу неспиењето. Не знам точно која течност се лачеше доколку човек не е наспан, но истата таа катара создава поголема радост и позитивна енергија во текот на денот, која и не е така препорачлива и корисна.
Тргнувам од мене, кога одам да полагам со спиење од 3 часа преку сила, утрото чинам имам позитивна енергија за 5 дена, глупостите тресење ми одат онака од ракав, максимална опуштеност и кулиранција. Но го сретнав податоков во некоја статија и се подизненадив околу истиот. Не можам да ја најдам целосната статија, но утре ќе прошуркам околу точното име. Демек засилено лачење, моментала убавина, но штетна последица.
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Не знам зошто, не знам како ама еве, се враќам на темава после пола година, исполнета со повеќе обврски од било кога и можам совесно да кажам дека потребата за сон ми е намалена.

Спијам по 4-5 часа на ден, ми се случува накај 6 да ме фати дремка, ако сум дома и ако легнам, спијам по 2 часа ко ништо и кога ќе ме пробудат како зомби сум. Ми се случува еднаш во месец дена, просечно, да заспијам. Иначе, да ми се приспие, еднаш неделно али наоѓам некоја занимација и за еден саат ми помунува дремката и можам да окапувам до доцна, без разлика дали еве чмаам на форум или сум излезен. Следниот ден си станувам во 8, скоро како нов.

Ќе кажам пак, не знам што се случи али пресреќен сум:vozbud:

И јас постигнав сличен биоритам како твојот, се случува и цела недела да легнувам во 3 и да станам во 7 и 30 сабајле а после ми треба еден ден да наполнам батерии 8 часа спиење и опет исто. Не знам за тебе ама мене секојдневие ми е 3 кафиња дури сум на работа и после 2 кафиња во текот на денот
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Па кога имам за учење, знам да спијам и помалку од половина час. Така неколку дена по ред... Не ради тоа што имам којзнае колку за учење, туку ради тоа што цел ден се шуткам и дури накај 3-4 навечер, ми текнува да почнам да учам. А тогаш имам највеќе енергија, дури мислам дека имам и повеќе концентрација. Постојано пеам, изведувам бесни глисти и слично. Не сум љубител на кафе, не пијам. Дури некогаш се чудам како издржувам.
Додуша и кога немам за учење, си легнувам доцна. Не памтам кога последен пат сум заспала пред еден часот, а потоа си станувам нормално во шест.
Но, потоа наредните неколку дена, најчесто за викенди, можам да спијам и до петнаесет часа. Секако, најзадоволна сум кога имам спиено дванаесет часа, но тоа многу ретко се случува. Така што, не го знам конкретниот одговор на ова прашање. :icon_lol:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
многу често функционирам само со 5 часа спиење :)
нема спомени од спиење :свиркам:
 
Ф

Флеш

Гостин
многу често функционирам само со 5 часа спиење :)
нема спомени од спиење :свиркам:
Мора да имам нормално спиење,најмалку 6 часа да се .... не можам да функционирам нормално,само на спиење рамислуваш,предницата на главата ужасно те боли,кај челото,очи те печат,плакни со вода и купуваш време од 30 минути додека пак не ти се врати чуството на суви очи кои тежат 100 кг .... неподносливо е ..... поотово да не зборам кога имам напад на паника и не можеш баш да спиеш ноќта и приморан сум да ме спијам и да издржам и бел ден се додека не дојдам дома,спуштам ролетна и гинам за кревет .... дајте совет како се справувате, видов доста викате енерџи дринк,кафе,апче за глава и шо не ти знам ....
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Мора да имам нормално спиење,најмалку 6 часа да се .... не можам да функционирам нормално,само на спиење рамислуваш,предницата на главата ужасно те боли,кај челото,очи те печат,плакни со вода и купуваш време од 30 минути додека пак не ти се врати чуството на суви очи кои тежат 100 кг .... неподносливо е ..... поотово да не зборам кога имам напад на паника и не можеш баш да спиеш ноќта и приморан сум да ме спијам и да издржам и бел ден се додека не дојдам дома,спуштам ролетна и гинам за кревет .... дајте совет како се справувате, видов доста викате енерџи дринк,кафе,апче за глава и шо не ти знам ....

Мене некни ми помогна едно енергетско во зелена лименка, нешто налик на гуараната. Инаку обавезно некое чоколатце, по можност од оние за кување што се бидејќи чинам досега најдобро ми делувале наутро. Исто имам постигнато добар ефект и со зелениот чај кој ми помогна да ја олеснам главата небаре на ментеше ми ја стегаше некој. И банана такоџе, онака за енергија.

Сонот си е сон и најпосауван ми е во тие глупи колоквиумски недели и со ништо не можи да се замени, но ете некој мал дел од помагалата. :)
 
Јас ок нема проблем да не спијам преку ноќ,но голем проблем ми преставува после ефектот на издржување .... кафе,апче и плакнење на очи ич не ми помага,сега читнав тука и на нет дека супер било енерџи па сакам да пробам овие денови да се ставам на тест бидејки ќе мора да останам преку ноќ заради лични причини .... па барем да искористам :)))
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
се навикнав со по 4 саата периодов :/
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Мора да имам нормално спиење,најмалку 6 часа да се .... не можам да функционирам нормално,само на спиење рамислуваш,предницата на главата ужасно те боли,кај челото,очи те печат,плакни со вода и купуваш време од 30 минути додека пак не ти се врати чуството на суви очи кои тежат 100 кг .... неподносливо е ..... поотово да не зборам кога имам напад на паника и не можеш баш да спиеш ноќта и приморан сум да ме спијам и да издржам и бел ден се додека не дојдам дома,спуштам ролетна и гинам за кревет .... дајте совет како се справувате, видов доста викате енерџи дринк,кафе,апче за глава и шо не ти знам ....
ваљда се е до навиката :)
малку потешко станувам насабајле али по пола саат се расонувам скроз и готово не ме пукаат кризи за спиење.
во денот пијам 3-4 кафиња, апчиња и енерџи дринкови не пијам така да веројатно кај секој е индивидуално :)
послем работа мавам туш и пичам на вежбање и послем тоа што да ти кажувам пукам од свежина и релаксираност :)
иначе не е здраво тоа што по малку спиеме, треба 8 часа најмалку али јебеш га, брз живот :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom