Не!Верувам дека повеќе научив од нив,него ли од позитивните спомени.Зборувам и за негативни спомени како лични грешки,не помнејќи ги повеќе сигурна сум дека ќе ги повторам,а нели се учи од грешките.Има толку работи кои будат лоши спомени,но ниеден како таков не сакам да го заборавам,затоа што секој подеднакво ме прави ова што сум,тоа е еден своевиден биланс за моето Јас.Не сакам да бидам поинаква,сакам да бидам подобра,но не да се менувам од корен.Верувам дека без почувствувани негативни емоции колку и да биле бестијални и не знам какви,сакам да ги помнам и без нив не би ја знаела вредноста на позитивното и убавото во вистинска големина,како и сето она олеснување кога се ќе помине.Со помош на негативните искуства се учиме на самоутеха,истрајност и созреваме.Доста кукавички би било да се избегнат.Балансот е важен,ја сакам златната средина,а можам да ја имам ако го имам позитивното и негативното,во спротивно би била кретен кој се церека за се и сешто и го гледа светот со розови очила кои нижат само бајковити замисли.Не сакам одново да се учам за лошите страни на животот и да ги доживувам,ако повторно се сретнам со истите барем ќе знам како веќе да се соочам,а оние кои ќе зависат од мене да ги поправам на време или избегнам.
Искуство не е искуство ако не те плеснал животот барем еднаш по нос и те натерал да се замислиш дека постојат идиот на светот,иако и ти можеби учествуваш во нив и си бил некогаш идиот,па колку-толку ќе се пронајдеш и ќе се потрудиш да се поправиш во однос на останатите низ негативното искуство почувствувано на своја кожа.Не мора да се извиниш,доволно е да се покаеш во себе итн.