Дали би сакале да имате можност да ги бришете негативните спомени?

Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Генерално, се сложувам дека збирот на убавите и лошите спомени се она што не довело таму каде што сме, па со тоа и составен дел од нашата личност.

Сепак, треба да се земе во предвид дека постојат спомени, односно настани кои и те како го оневозможуваат правилниот раст и развој на личноста, влијаат негативно на сите аспекти од животот, поттикнуваат страв кој се граничи со опсесија и резултираат со деструктивно однесување и функционирање. Заради ваквите настани, кои се претвараат во спомени кои прогонуваат, не би ја отфрлила толку лесно можноста истите да бидат избришани.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Не, ни најмалку. Сакам се да си остане исто, иначе нема да ми биде интересно.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Би сакал еден формат да му напрам на харддисков, а во Де да ги зачувам побитните моменти :)
Така подолго се живее :pipi:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.732
Поени од реакции
4.483
Сакам да верувам дека се што случува во нашите животи е со причина. Така да во идеален случај би учеле од сите грешки и тие веќе не би ни претставувале тежина туку само потсетник каде сме згрешиле за да не ги повторуваме грешките.

Но, не секогаш негативните спомени се наша вина, а сепак оставаат лузни и дури и „најсилните“ не секогаш можат да пребродат одредени настани.

Поради тоа ќе се согласам дека вакво нешто би било корисно, но барем според мене многу малку луѓе би биле способни за можат да одлучат вакво нешто. Можеби ваквите одлуки би требало да се регулираат на некој начин т.е да не може да се изведе без одобрение од стручно лице, но тогаш пак сигурно би можело да се најде на црниот пазар.

Сума сумарум ова е меч со две острици во 99% од ситуациите.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Абе оно да се 2-3 па и 10 океј ке ги бришам, ама оно кога ке видиш дека пола живот ти е лоши моменти, што да правиш? :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас сум изгледа единствена која би избришала негативни спомени. Не сите, но некои, да. Не се учи од сите негативни спомени, некои те трансформираат во огорчена личност. Од тоа ништо добро не може да излезе.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Јас сум изгледа единствена која би избришала негативни спомени. Не сите, но некои, да. Не се учи од сите негативни спомени, некои те трансформираат во огорчена личност. Од тоа ништо добро не може да излезе.

Не си, и јас би избришала без око да ми трепне, ама јбг - не може. А уште полошо е ако нешто не можеш да заборавиш и простиш, (тогаш се создава огорчена личност).
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Да, би сакала...Нема потреба да се памтат лошите спомени, кога би можела би ги избришала. Сите грешиме и правиме глупости но многу поубаво е кога заборавам на сите неубави нешта позади мене и ги оставам во вечен заборав каде и припаѓаат...Тешко е,но успевам со позитивните да ги потиснам негативните спомени..
 

SteamyLover

beautiful tango
Член од
24 октомври 2012
Мислења
202
Поени од реакции
554
Кој не би сакал да ги избрише спомените кои го прават тажен, несреќен? Не постои таква личност. Да, тие спомени да се избришат, но лекциите што ги добиваш во текот на животот и од добро и од лошо, да останат запамтени.
Јас не би се сложила дека не може да се извлече поука и од некои многу трагични нешта. Се' е до личноста, како таа личност ментално ќе се постави кон тие нешта. Ако сакаш ќе добиеш лекција, без разлика на големината на лошото односно доброто но доколку не сакаш, тие нешта ќе гнијат во тебе за цел живот и ќе те влечат надоле (зборам секако за негативните моменти од животот). Лошото е што колку и да си ги посакуваме овие работи, сепак лошото не можеме да го избришеме. Можеме само да најдеме начин да се помириме со некои работи, да научиме нешто и да продолжиме понатака.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Доколку мене би ми дале некоја направа и би ме прашале: Дали ти сакаш да го избришеш минатото или пак некој дел од минатото?

Мојот одговор би бил не! зошто? Бидејќи да не ми се случеа сите работи во моето минато препоставувам немаше да бидам ова што сум иако се чуствувам како товарна локомотива која влече вагони на угорница полека, но битното е тоа што тоа минато ме створи ова што сум денеска, далеку појака личност, повеќе ги ценам работите поточно ситниците, уживам и во најмалите нешта и се радувам како малецко детенце во базен кое шлапка со рачињата. Научив дека минатото треба да се прифати онакво какво што е, бидејќи кога ќе го прифатиме минатото и ќе се помириме со него тогаш нашата совест ќе биде сосема поинаква а нашата сегашност полесна за живеење а иднината е на поубав повидок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom