Гледам сте се фатиле за женети мажи, со немажени девојки
Ана убаво објасни, али некако и се изгубивте во смислата дека ,сето тоа можела да го прави со неженет,.
Проблемот со ,неженетите, е во тоа што по некое време, самиот ќе сака да преспие кај неа, или таа кај него, па ќе сака да одат некаде со друштвото итн.
Значи, ќе престане да биде она што мора да биде - без никакви обврски (освен дискреција, де).
Било кој слободен дечко, има две опции
1. Ќе биде со неа неколку пати, и ќе прејде на следна, зошто нема што да го спречи (со оглед дека е да речеме помлад од женетиот, што значи дека генерациски овој помладиов ќе се шлае по дискотеки, повозрасниов нема, зошто ќе биде постар од фаците во дискотеката)
2. Ќе сака посериозна врска
И овие две опции не би и одговарале.
Да не се разбереме погрешно, јас не одобрувам вакво нешто, барем не во мојот живот, но не се ни потресувам нешто страшно за да ги етикетирам учесниците.
Неа ја разбирам, зошто не може да го добие тоа од слободните, него не го разбирам сосема, оти има и други начини.