Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Јас би ја шлакнал по образ и би и рекол срам да ти е и ај сега ти прости ми!Ако барате простување простете вие некому па ќе видите колку тешко се простува на оној кој нешто ви значи. Кој многу сака многу и казнува вели една изрека, Ко Фикрет што му Кажа на Таксин -да не те сакав толку многу можеби ќе можев да ти простам!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Изневерувањето е лошо дело.
Ако постои некој нечесен на форумов тогаш тоa сум јас, јас признавам дека сум говедо, стока од човек и ѓаволот од Ми нисмо анџели може вода да ми носи, но не изневерувaм
И јас не изенерувам, само имам разбирање за тие што изневеруваат.
Но не се согласувам со тебе дека жените се тие што готват. Не е вкусно тоа што го напиша за овој мој афинитет. Јас отворено признавам дека три работи посебно ме интересирале во животот, историја, љубов и готвење.
toj samo ke si napravi eden "mal izlet "a pred da se stemne pak ke se vrati doma..:sneaky:
--- надополнето: Nov 18, 2011 1:47 PM ---
mislam deka kako kaj zenite klimakteriumot,a kaj mazite pokasno se pojavvuva zadocnet pubertet hahahhaah
Благодарам за интересирањето за моето здравје.

Изневерувањето е последица... кои се причинте за да се случи, е друга тема на разговор. За некој е доволна причина да прекини врска, за некој не е. Секој со својот ум и размислување.
Секогаш ме одушевувале твоите постови. Голема вистина е тоа што го велиш „ изневерувањето е последица “

Јас не се плашам дали ќе ја изгубам па пак не одобрувам неверство зашто е лажење и манипулирање а манипулатори органски не поднесувам. Чим не ме сака и ме лаже шо ќе ми е, за туршија секако нема да ја чувам.

Болдот никогаш не би го кажал зашто ќе личи дека се фалам а коа ќе почнеш да се фалиш колку те бива, дали во себе, пред други или пред женска има одредени сили кои едвај ќе дочекаат да ти удрат шамар и тоа таков да се чудиш шо те снашло (метафизички кажано).

Самото изневерување е манипулација зашто ти знаеш а партнерот нема поим додека не дознае (ако дознае). Кажи му па плескајте (или водите љубов и романтики) двајцата на страна или пак останете заедно ама имаш избор и нема лажење, се друго е амнестирање на слабоста и егоизмот и е тешка хипокризија.

Вистинските мажи знаат шо им прават партнерките и ако овие почнат да ги зезаат или ставаат СТОП или кажуваат чао пријатно. Е сеа друго е ако двајцата немаат храброст да се договорат па се прават на удрени за излетите на другиот, тоа не ме интересира а и никогаш не би го дозволил.
Врз овој и другите твои постови јас високо ги оценувам твоите ставови. Но овде се работи за нешто друго. Не смее ме одлуката за прекин на бракот, да ја донесеме само врз основа на изневерувањето. Во бракот има деца, има и други работи и треба да се обидеме да ги најдеме и санираме причините за изневерувањето. Затоа не се согласувам со пренаглени одлуки.

За болдот се согласувам, нема друга вистина освен таа. Мојот пост се однесуваше на ставот на членот во кој тој вика дека неверството е ситница и треба да се прости. Ако е ситница и е прифатлива за него во случајот, прашањето си беше на место, како може да знаеш дека те изневеруваат и тоа воопшто да не ти пречи? Или партнерот не ти значи или имаш сериозен проблем со емоции.
Ниту мојата Сопруга, ниту девојките во предбачните врски никогаш не ме изневериле. Мислам дека тоа е последица што секогаш сум имал толерантен став кон партнерките.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
И јас не изенерувам, само имам разбирање за тие што изневеруваат.
Но не се согласувам со тебе дека жените се тие што готват. Не е вкусно тоа што го напиша за овој мој афинитет. Јас отворено признавам дека три работи посебно ме интересирале во животот, историја, љубов и готвење.

.
И јас готвам, и немам ништо против тоа, но јас дојдов до таков заклучок поради твојот пост.

А за тоа дека не те изневериле ниту сопругата ниту девојките од каде знаеш?
 
F

FuckYouAll

Гостин
Никогаш, па шо сакат нека е.
Не изневерувам а и не сакам да ме заебат. :)
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Врз овој и другите твои постови јас високо ги оценувам твоите ставови. Но овде се работи за нешто друго. Не смее ме одлуката за прекин на бракот, да ја донесеме само врз основа на изневерувањето. Во бракот има деца, има и други работи и треба да се обидеме да ги најдеме и санираме причините за изневерувањето. Затоа не се согласувам со пренаглени одлуки.
Досега главно дискутирав за предбрачни врски но ете да речеме и во брак, зашто се изневерува?

Ако не е изневерувањето последица на моментално незадоволство, значи инцидентно (такво ајде да речеме еднаш ќе простиш) туку е континуирано е секогаш последица на егоизам и тоа лош егоизам.

Зашто да не му се каже на партнерот дека сакаш да одиш и со друг па да се продискутира околу таа идеја?

Криењето го прави изневерувањето мизерно а се крие од две прични, да не те остави другиот или да не возврати со иста мерка, т.е. да оди и тој/таа со друг.

И пак доаѓаме до констатацијата дека е чист егоизам инаку сите кои сакат да одат со друг без разлика од која причина кога би знаеле дека би добиле „дозвола“ од партнерот воопшто не би криеле. Ама во колку случаи ако кажеш: Маче, сонце, идам јас ноќва кај швалерката, утре ќе се вратам, ќе добиеш одговор: Нема проблем убаво да си поминеш?

И за брак ако збориме, кога правилата биле јасно поставени однапред што е во ред а што не е (изневерувањето како чин и полигамијата би требало да се едни од првите теми за муабет) многу ќе биде појасно што и како да реагираш ако некој договор се прекрши од едната страна.

Освен се разбира ако двајцата имаат преќутен договор да „шеткаат“ на страна а да се прават дека ништо не знаат и наизглед бракот е совршен а тие веќе со години не сврзале нормален муабет туку остануваат заедно само ради деца или финасии.

Останатите кои и покрај „шеткањето“ имаат успешен и функционален брак и сеуште се сакаат де факто веќе живеат полигамно ама такви се бројат на прсти.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.793
Поени од реакции
29.280
eve zoshto.........:oops: abe toa neverstvo u sushtina e kurvarluk ., e demek sega bilo neverstvo.,....bljak ., kaj e satarot be:P
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Epa neznam dali si procital moe mislenje i obrazlozenie sto dadov za licno mojata vrska sto bese traese 7 god i na kraj me izneveruvase sokolega od rab i toa nekolku meseci i koga mi kazuvaa rekov ne se skaruvam dodeka jas ne vidam so ocive i taka i ispadna fanav na delo i po nekoja nedela toj (zenet e so 2 decinja) mi se javi da sme razgovarale i fino lepo otidov i toj mene uporno me pravese budala me ubeduva deka nisss ne bilo a so e so e ona koga mi priznavase se jas recording na tel :)) i od A so Sh se mu kazav i se zdrvi i mu kazav bilo so bilo on ne e niss kriv deka nema ni da kazam ni nisto samo mu rekov nemoj da me poglednuvas vo oci veke koga ke se sretneme i tolku bese :) i de po tvoe kazi mi kako treba voa da go racunam ????
Aко добро те разбрав, таа врска веќе си ја раскинал и бадијала ти е сега да се враќаш на тоа.
Сега ќе го изнесам моето мислење за тоа. Релативно често се случува девојки да одпочнуваат љубовни врски со женети. Во суштина таква девојка не сака да оствари логична врска, со момче со кое може да има брак, туку се впушта во врска која нема перспектива. Зошто го прават тоа, тешко е да се одговори. Најверојатно, не се созреани, но по одредено време можно е да го променат мислењето. Но има девојки и момчиња кои никогаш не созреваат и никогаш не склопуваат брак. Секој има право сам да ја одбере својата судбина и тука немаме право да им замеруваме.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Релативно често се случува девојки да одпочнуваат љубовни врски со женети. Во суштина таква девојка не сака да оствари логична врска, со момче со кое може да има брак, туку се впушта во врска која нема перспектива. Зошто го прават тоа, тешко е да се одговори. Најверојатно, не се созреани, но по одредено време можно е да го променат мислењето. Но има девојки и момчиња кои никогаш не созреваат и никогаш не склопуваат брак. Секој има право сам да ја одбере својата судбина и тука немаме право да им замеруваме.
Во право си, само малку да подобјаснам од женска гледна точка. Девојки кои се впуштаат во врска со женети мажи, свесно го прават тоа. Зошто? Не поради незрелост за брак, напротив, таа многу добро знае што значи да биде во брак, односно какви обврски би имала и баш затоа на тој начин се штити. Таа не сака да пржи кромид над шпорет, да пегла, да пере, да чисти, барем не за двајца, тројца...таа сака да се забавува, по можност да добива подарочиња и извесен финансиски ќар, а тоа најдобро може да и го пружи човек кој веќе знае што е одговорност кон жена. Истовремено, слободна е кога сака да шета со пријатели без никој да ја тормози кога ќе се врати бидејќи нели, нема право тој на тоа, а ако почне да напиња свесен е дека оди out од игра. Истите тие девојки не се впуштаат во врски со женети мажи кои работат за просечна плата и незнаат како ќе ги платат сметките, туку со нафатирани за кои нема да биде забележливо кога ќе и купи на пр. парфемче...
 
Тоа од првиот болдот може да го има и со неженет кој има добра работа, значи не мора тоа да е главна причина. Нормално е женска шо ја сакаш да и купуваш повремено подарочиња а чим сте во сериозна врска еден ден и финансиите стануваат заеднички за трошење :).

Вториот болд не е толкав проблем ако се заљубиш, под услов дечкото да не е тешко посесивен и многу љубоморен па да те загуши со забрани, се друго се решава или со заедничко излегување или со договор :).

Ок ти е постот, сакав само да искоментирам и од мој агол пошо вака како опиша личи на класична спонзоруша или девојка за забава која не сака ништо сериозно освен повремен секс и финасиска корист :).
 
Конкретно се задржав на прашањето „зошто девојките се впуштаат во врска со женети?“. Апсолутно мислам дека тие такви девојки се спонзоруши, но не ги обвинувам нив туку мажите кои си дозволуваат таков луксуз, зошто таа не ризикува ништо а тој ризикува брак. Факат слобода во врска или брак се постигнува со меѓусебна доверба и договор, ама таа бре не сака нормална врска, не сака да се договара (сам свој газда) :), таа известува батка :)...и тоа не однапред, туку ако е затекната некаде а типот ја бара на телефон на пример...И да, опишав девојка која не сака ништо сериозно но со женет, а ако посака некогаш сериозна врска, нема да ја бара од нејзинот женет дечко туку од друг, ерген, разведен како и да е...а доколку ја побара од женетиот, значи му врши притисок да се разведе а тоа е веќе нешто друго, тоа доведува до семејни, брачни трагедии...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom