Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Конкретно се задржав на прашањето „зошто девојките се впуштаат во врска со женети?“. Апсолутно мислам дека тие такви девојки се спонзоруши, но не ги обвинувам нив туку мажите кои си дозволуваат таков луксуз, зошто таа не ризикува ништо а тој ризикува брак. Факат слобода во врска или брак се постигнува со меѓусебна доверба и договор, ама таа бре не сака нормална врска, не сака да се договара (сам свој газда) :), таа известува батка :)...и тоа не однапред, туку ако е затекната некаде а типот ја бара на телефон на пример...И да, опишав девојка која не сака ништо сериозно но со женет, а ако посака некогаш сериозна врска, нема да ја бара од нејзинот женет дечко туку од друг, ерген, разведен како и да е...а доколку ја побара од женетиот, значи му врши притисок да се разведе а тоа е веќе нешто друго, тоа доведува до семејни, брачни трагедии...
И јас се согласувам со Kaiser и мислам дека тоа не се спозоруши, што значи се согласувам со твојот став, освен во последниот пасос.
Девојка или момче созрева за брак, во оној момент кога ќе посака да ја напушти родителската фамилија и да формира сопствена фамилија. Односно, од девојка да стане жена, а од момче, маж.
Многумина, никогаш не созреваат и стално сакат да бидат деца.
Знам девојки, кои се омажиле само кратко време и набргу наоѓаат изговор да се разведат па се враќаат кај својот татко, сега со дете.
Во моите комшии, живее мајката на еден маж, кој е одамна женет, дури е нешто постар од мене. Тој речиси секој ден доаѓа кај својата мајка на ручек ( сам ). Штом го видам, го закачам: „ Никој не готви така вкусно како мама ...“
Мислам дека тука треба да се бараат причините зашто некои девојки се одлучуваат на врски кои се без перспектива.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115

Ок, малце се заплеткавме со темава сега:) Јас дискутирав за девојки кои свесно влегуваат во врска со женети мажи. Созревањето за брак е посебна дискусија. Некој созрева па влегува во брак, некој не е созреан, влегува во брак па созрева во истиот, некој созреан влегол во брак па се развел, двајца несозреани стапиле во брак и имаат супер заеднички живот...но ќе повторам, јас го кажав сопственото мислење за девојки кои експлицитно „се дружат“ со женети мажиња. Не значи дека девојка која се плетка со женет не е зрела за брак...таа не сака да е во брак. Ако јас знам кои се обврските во бракот, или ај не во бракот туку во домаќинството, и знам совршено да си ги обавувам, тоа не значи дека ми е задоволство тоа да го правам, ако незнам како се пегла, незначи дека нема да научам, но сигурно нема да уживам во таа работа, како што и не уживам, а пеглам:).
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Конкретно се задржав на прашањето „зошто девојките се впуштаат во врска со женети?“. Апсолутно мислам дека тие такви девојки се спонзоруши, но не ги обвинувам нив туку мажите кои си дозволуваат таков луксуз, зошто таа не ризикува ништо а тој ризикува брак. Факат слобода во врска или брак се постигнува со меѓусебна доверба и договор, ама таа бре не сака нормална врска, не сака да се договара (сам свој газда) :), таа известува батка :)...и тоа не однапред, туку ако е затекната некаде а типот ја бара на телефон на пример...И да, опишав девојка која не сака ништо сериозно но со женет, а ако посака некогаш сериозна врска, нема да ја бара од нејзинот женет дечко туку од друг, ерген, разведен како и да е...а доколку ја побара од женетиот, значи му врши притисок да се разведе а тоа е веќе нешто друго, тоа доведува до семејни, брачни трагедии...
Ајде да разграничиме два типа на девојки за да не се заплеткаме во поими и да испадне исто мислиме различно кажуваме :).

Еден тип се спонзоруши, не сака брак, сака да менува мажи и исклучиво бара мажи без овбрска значи ко ти шо кажа, женет за да не и бара брак.

Другиот тип се неспонзоруши, способна е да се заљуби и ќе очекува овој да се разведе и да ја земе неа за партнерка или жена. Има и многу што стварно се надеваат и чекаат развод кој најчесто од машка страна е блокиран пошо него не му паѓа на памет да се разведува и да си руши комоција со тоа шо има и жена и швалерка истовремено, значи си живее со две жени.

Има и трет случај (кој е најредок) двајцата сфаќаат дека се еден за друг, машкото се разведува и тие остануваат заедно во врска :).

Пс. Не верувам дека постои жена што сака да пегла, многу досадна работа :).
 
1.Сонзоруша - не сака брак, бара материјална придобивка, не е правило да менува спонзори, ако еден и врши работа, нема да се замара од почеток да придобие некој друг.
2.Да, има такви, и јас како жена не ги разбирам, не разбирам зошто да тера врска и да очекува дека тој ќе се разведе, мислам дека би и било попаметно тоа да го оствари на тој начин што ќе се повлече од него, да почне да му недостига, а вака му е достапна секогаш и секаде што значи дека тој е во поволна ситуација да го одложува разводот. И овие девојки јас лично, најодговорно ке ги ставам во кош очајни (со тенденција да станат) домаќинки;)
3.За третото ќе ти кажам вака: кога јас би била во ситуација некој женет маж да се разведе од жена му заради мене, ќе одам и ќе се казнам самата себеси. Постојат девојки на кои тој чин им ласка, но лично сметам дека доколку се случи такво нешто кај и да е во нивната врска ќе избие војна, ќе следат префрлувања при секоја и најмала караница...но доколку тој истиот маж имал проблематичен брак и тој брак ќе доживеел развод со или без мене присутна во неговиот живот, тука веќе можеме да дискутираме за happy end:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Смрт за зони и пајак возила @ Anna Killah @ Kaiser
Апсолутно сте во право „ таа не сака да е во брак “ а има мажи на кои „не му паѓа на памет да се разведува и да си руши комоција со тоа шо има и жена и швалерка истовремено “. Многу ретко вакви врски имаат среќен завршеток.
 
Со сѐ се согласувам освен со болдот, сега размислуваш рационално но кога си заљубен емоциите и хормоните земаат примат и тогаш се паѓа во вода. Но ако имаш став однапред чим видиш женет ставаш СТОП за било какво приближување и интимност тогаш е твојот став супер но со забелешка ако тој реши да се разведе ради тебе тешко да го спречиш што сепак би значело стопот не бил на време поставен или јасно кажан :).

Малку заплеткано напишав но мислам ќе ме разбереш, фина дискусија се разврза :).
 
Да, те разбирам и сосема се согласувам. И да, јас лично би ставила еден како планина голем СТОП доколку е типот во функционален брак баш поради тоа да не се лизнам па да се затрескам па после да плачам. И не би сакала никогаш да бидам причина за нечив брачен бродолом. Верувам во онаа старата „што е мое ќе си дојде“. А за такви лигуши на кои им треба да се фатат за втора гранка пред да ја пуштат првата, среден прст без двоумење. Ако му требам јас или некоја друга која што тазе ја запознал да сфати дека бракот му е срање, од кај да знам дека утре нема истото да се случи кога ние двајца ќе бидеме заедно и навидум среќни? Не не не...:)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.669
Поени од реакции
35.321
Неверството не е само бакнеж и секс со друга...
Неверството е ЦЕЛОСНО НЕПОЧИТУВАЊЕ на личноста !! Ако можел да го направи тоа значи нема ни трошка љубов. Ако некој сака не ни помислува на афера со друг/а. Никогаш не сум изневерила ниту ќе изневерам прво и осново од почитување кон таа личност, второ ако јас го сакам не сум способна да изневерам затоа што тоа би ги повредило прво моите чувства, јас во сопствените очи нема да бидам повеќе вредна личност затоа што сум згазила ПРИНЦИП, а да не зборуваме за неговите чувства некој ми се предал со цело срце и душа,

Со неверството според мене се уништува нешто скапоцено како што е пружената доверба, вљубеното срце, тело...на некој му се руши целиот свет !!
Со неверство според мене се потценува прво самиот себе си, а потоа другата личност...

Да, може да се прости, но не и да се заборави, тоа секогаш би било рана која што никогаш не зараснува
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И јас не изенерувам, само имам разбирање за тие што изневеруваат.
Но не се согласувам со тебе дека жените се тие што готват. Не е вкусно тоа што го напиша за овој мој афинитет. Јас отворено признавам дека три работи посебно ме интересирале во животот, историја, љубов и готвење.
Сексот и градот за сите други, Хомеини за по дома...Khmer Rouge FTW.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сексот и градот за сите други, Хомеини за по дома...Khmer Rouge FTW.
Серии не гледам, кој е Хомеини знам, но не разбирам што сакаш да ми порачаш. Те молам, објасни го прашањето подетално
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Мене да ме изневери пичката ќе и купам точак без ланец,и ќе и речам BITCH YOU UGLY ANYWAYS!
После ќе идам негде да се начукам.......
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
136
Поени од реакции
32
a
Смрт за зони и пајак возила @ Anna Killah @ Kaiser
Апсолутно сте во право „ таа не сака да е во брак “ а има мажи на кои „не му паѓа на памет да се разведува и да си руши комоција со тоа шо има и жена и швалерка истовремено “. Многу ретко вакви врски имаат среќен завршеток.
Eve ke vi kazam za mojata slucka koga ja prasav zosto toa go napravila i mi odgovori : Mnogu mi se svigase muabetot so nego,mn ubavo se custvuvav koga me guskase i koga bev vo negova blizina da ne bese zenet ke si ostanev so nego (a kako 7 god i bilo se vo red so mene :) ) .....Spored mene toa e ili i se zdosadilo so mene ili sakala da proba so dr da vidi so e kako e :D Kako i da gledas neubava rabota e toa samo Imeto si go gazis nisto druga samo ima luge sto ne im e gajle za toa :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве нешто за оние што, „ простуваат, а не забораваат “:
Можам да простам, но не можам да заборавам, е само поинаков начин на кажување на зборовите: Јас не ти простувам. Простувањето треба да биде како поништена белешка која се кине на две и се гори за никогаш да не биде покажана на ниеден човек.
Henry Ward Beecher
 
Kajgana Shop

На врв Bottom