Сигурен ли си дека ке простиш?
100 % ?
Нема да имаш сомнежи?
Ни љубомора?
Ниту да се прашуваш кој е тој со кој си се поздравила?
Ке продолжиш да имаш доверба во нејзе?
Човечки е да се греши нели?Ама си постојат граници.
Но.. дали нема да те боли помислата дека бакнувала и прегрнувала друг?
А не тебе?
Инаку на темата.
Не простувам неверство...
Не сакам... Кога бил со друга зошто ме бара тогаш мене?
Не му се допаднало па ке оди од една на друга?
Подобро раскини ми и крши глава отколку да ме изневери додека сме заедно...
И глупаво е да бара прошка...
А го направил свесно...
Никакво оправдување не прифакам...
: )
ЗАтоа рекоф,од лично искуство
Мене ми се десило нешто такво,ми беше признато од нејзина страна..и преминаф преку то.Ама,ко шо кажа ти во првиот дел од постов,се шо наброја,јас го почувствував.И првиот ден од ко и простив,и после еден месец,и два
....Сепак,истерафме уште добри 8 месеци заедно,и тоа искуство не имаше толку големи траги,колку што очекував
ТВрдам дека тие 8 месеци ми беа најдобар период во мојот живот.Сепак,раскинавме,и тоа заради сосема трета причина.
Моето тврдење и став потекнува прво од возраста која ја имам/е......Имам 19 години,и не можам да очеквам дека мојата девојка,или пак таа од мене,дека никогаш немат да подпадниме под некое искушние. На факултет си 5 сати,на вежбање 2,состаноци во организации сат време,семинари,глупости....Премногу време каде што не си со неа/него,а си со други личности...кај шо постојат многу можности за раѓање на физички привлечности,а потоа и емоционални симпатии.Времето е премногу турбулентно и хиперактивно,и на таа возраст едно неверство од една или од друга,ако не и од двете страни,МОРАТ да се десит
Е од ко ќе се десит веќе такво нешто,мојме да разговараме за тоа дали врската се базират на вистински чувства,или не....зошто ако е,со мал напор и од едната и од другата страна ќе бидит ко ништо да не било.Но повторно викам,ако се десит то по втор пат...одговорно тврдам,бесплатно делам длабоко изваден шлајм од дебело црево право в чело,и една низа пцофки,ако не и физички контакт.Зато шо и преголема верба во врска,одење од прва средно,делење секоја минута заедно,не е добро.Зато шо имам голем број на пријатели кои на свои 19 години имет 4 годишни врски,и сеа ај шо се понашет и гледет на животов ко на парче хартија,туку и љубомората почвит и очи да им корнит,дур не се испокарет,испонавредет,и фрлет 4 години од животот и свој најблизок партнер/пријател во вода .
Навлегов можит и во друга тема,но сепак,на кратко пробав да ти го објаснам мислењето.Значит,повторно викам,возраста која ја имам и окружувањето која таа го носит,ме терат да мислам така
... Но,само да е еднаш......Сфати го ова како некоја средина
.....Додека за поодминати години,брак и деца,сум против оваа појава