во моментов не е изводливо да се менува главниот град. прво инфраструктура, па патишта, аеродром...култура. нас денес во главното село ни се случува во самиот центар да ни се прошета некој импровизиран пајтон, овца, кокошка...а па замислете како тоа би изгледало во некое друго село.
децентрализција не се прави со преместување на некое министерство во друг град. тоа е чиста глупост. замислете пекара што има мелница во Скопје, печки во Охрид а управна зграда во Дојран- па како тоа би функционирало???
да мрдне малку таа локалната децентрализација, да се префрлат парите од кај што се земаат, да имаат локалните шерифи повеќе моќ на одлучување па тогаш ќе се види кој за што (не)го бива и кој град колку ќе напредува, кој град ќе може да конкурира за главен. само жалосно е што тоа е во недогледна иднина.
а и што е битно кој ќе биде главен град??? најважно е да си ги средиме градовите пред се да изгледаат на градови, да имаме убаво место за живеење, да имаме култура, да имаме пари, чистота, туристи, кино театар, концертна сала, спортски клубови,...