Дали Груевски со своите нелогични изјави ја отежнува состојбата и позицијата?

Член од
18 јануари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
7

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа ја одржа својата 27 седница на која расправаше за предлогот на посредникот Метју Нимиц.
ИК на ВМРО-ДПМНЕ во однос на предлогот на медијаторот Нимиц завзеде став дека ниту една политичка партија нема право дa го прифати и да даде конечен одговор по предлогот на медијаторот Нимиц на седницата во Парламентот во понеделник и истиот може да биде даден исклучиво на изјаснување на референдум од граѓаните.
Парламентот и политичките партии може единствено да овозможат граѓаните да се изјаснат по овој предлог и со тоа да го имаат последниот, конечен збор, преку нивно директно и непосредно изјаснување на референдум.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека ниту една политичка елита нема морално и историско право, ниту пак легитимитет да одлучува самостојно, без граѓаните по едно вакво прашање. Исто така и Парламентот во овој состав нема легитимитет да прифати еден ваков предлог, имајќи во предвид дека ниту еден од пратениците во предизборниот период не најави пред граѓаните дека би гласал во парламентот за ваков вид на остапка.
ВМРО-ДПМНЕ го смета за еден од најглавните приоритети членството на Република Македонија во НАТО, и токму затоа во изминатите година и половина, работеше на исполнување на сите критериуми и стандарди за добивање на членство, при што Република Македонија доби пофалби и честитки од претставниците на НАТО Алијансата.
ВМРО-ДПМНЕ согледувајќи го распоредот на силите во Парламентот, најавува дека ќе направи се што е во нејзина моќ, да не дозволи по ова прашање да биде надгласана во Парламентот на Република Македонија, и за тоа ќе ги примени сите демократски средства.

Ова е официјален став на ВМРО-ДПМНЕ и човек незнае што да си мисли.Живциве си ги искинав вчера кога слушнав дека овој предлог е конечен и дека оди во собрание,затоа што знам дека ќе биде прифатен скоро од сите политички партии.А сега овие искачаат со
сосема друг став,луѓе незнам што да си мислам.Ќе побудалам.Дај више нека кажат ќе го отфрлиме или прифатиме,оваа неизвеснос ме убива.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
ВМРО ДПМНЕ е за референдум по предлогот за името

Парламентот нема легитимитет да го прифати предлогот на Нимиц и истиот може да биде даден исклучиво на изјаснување на референдум од граѓаните – се вели во соопштението на најголемата владеачка партија

- ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазеде став дека ниту една политичка партија нема право дa го прифати и да даде конечен одговор по предлогот на медијаторот Нимиц на седницата во Парламентот во понеделник и истиот може да биде даден исклучиво на изјаснување на референдум од граѓаните – се вели во соопштението на најголемата владеачка партија.

На синоќешната седница на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ било заклучено дека парламентот и политичките партии може единствено да овозможат граѓаните да се изјаснат по овој предлог, преку нивно директно и непосредно изјаснување на референдум.

- Парламентот нема легитимитет да прифати еден ваков предлог, имајќи во предвид дека ниту еден од пратениците во предизборниот период не најави пред граѓаните дека би гласал за ваков вид на остапка. ВМРО -ДПМНЕ согледувајќи го распоредот на силите во Парламентот, најавува дека ќе направи се што е во нејзина моќ, да не дозволи по ова прашање да биде надгласана и за тоа ќе ги примени сите демократски средства, се вели во соопштението.

Воедно од партијата потврдуваат дека еден од најглавните приоритети останува членството на Република Македонија во НАТО и дека токму затоа во изминатите година и половина работела на исполнување на сите критериуми и стандарди за добивање на членството.

Превземено од: kirilica.com.mk:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Bitno e da ne se donese odluka do samitot a potoa veke nema ni da bide potrebno.
 
CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Извини, ама и покрај ветувањето, мачно ми е да се занимавам со ова. Кога економијата ќе почне да се врзува со политиката - таа веќе не е економија. Ако во процесот на инвестирањето политичките определби навистина беа прв и најважен критериум, комунизмот ќе беше најјбогатото општество. А за приказните дека НАТО е Дедо Мраз што ќе ни ги донесе најубавите играчки - мислам дека не заслужува да се губи време за нив.
Работата е што НАТО влева сигурност кај странските инвеститори, затоа што секој се плаши за својот капитал, посебно ако размислуваш да инвестираш во регион каде што секогаш има потенцијал да избувне некој конфликт или слично како што е Македонија. Точно е дека НАТО не интервенира за внатрешни немири, но ќе бидеме заштитени на Север од Косово и на Запад од Албанија.
 
CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Најверојатно е следново сценарио да се случи во четврток.

Македониај заради зајакнување на односите со САД(кој патем се "кумови" на последниот предлог) ќе го прифатиме последниот предлог кој веќе и онака е одбиен од Гејлада, што значи нема да има никакво правно дејствие. Во четврток Македонија ќе се повика на времената спогодба од 1995 која имаше важност од 7 години, но бидејќи никоја од страните во 2002 не побарала прекинување автоматски се продолжува на уште 7 што значи дека трае до 2009 и е на сила, асите знаеме дека внатре има клаузула дека Гејлада нема право да го попречува зачленувањето на Македонија во ниедна меѓународна организација.

Да се вратам на тоа што сакав да го кажам, Македонија ќе се повика на таа спогодба и Грција ќе нема ниту еден аргумент да не ја почитува(освен тоа што сакаат да не постоиме како држава) и буквално ќе биде нападната од цел свет дека нема право да го блокира влезот на Македонија во алијансата, на што Гејлада би попуштила и не би ставила вето!!!

Тоа е најреалното сценарио!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Најверојатно е следново сценарио да се случи во четврток.

Да се вратам на тоа што сакав да го кажам, Македонија ќе се повика на таа спогодба и Грција ќе нема ниту еден аргумент да не ја почитува(освен тоа што сакаат да не постоиме како држава) и буквално ќе биде нападната од цел свет дека нема право да го блокира влезот на Македонија во алијансата, на што Гејлада би попуштила и не би ставила вето!!!

Тоа е најреалното сценарио!
Кажи од кои лекови земаш??? :pos:
Надвор од реалноста си, мора да е ептен јака дозата.

Го заболе светот за Македонија, ако некој ( САД ) нешто направи во стопирање на ветото тоа ќе биде само поради негов личен интерес од кој ние не значи дека ќе имаме корист.

Светот ќе не бранел нас...:nesvest:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Затоа ние ќе го браниме светот.:smir:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Затоа ние ќе го браниме светот.:smir:
И така по повеќе децениско криење ликовите од Allan Ford и нивното потекло ќе и бидат откриени на светската јавност.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
И така по повеќе децениско криење ликовите од Allan Ford и нивното потекло ќе и бидат откриени на светската јавност.
Нема ништо за подсмев. Од 3.април па натака, припадниците на сеуште неименуваната етничка група од најновата држава-членка, РМ Скопје, полноправно ќе учествуваат во воените дејствија со кои Алијансата го брани светот од злото на тероризмот...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
И така по повеќе децениско криење ликовите од Allan Ford и нивното потекло ќе и бидат откриени на светската јавност.

Ееее,нема на сите,"Бренда" ќе остане анонимна,уште извесно време.:smir:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Насловот е подобро да биде, како сдс со својата политика успееа да ја донесат Македонија до вакво дереџе.
Што ти е крив бе Груевски во моментов.???
Вашите ја испосраа работата.
Нелогичните изјави на Груевски..одете таму скријте се, да ви се плукнам на партијата и луѓето кои се во неа.
 
Член од
28 март 2008
Мислења
133
Поени од реакции
3
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ застана против сите, настојувајќи да го одложи прашањето на името до референдум. Застана против светот, евроатланските институции, сопствениот народ, држава, иднина. Партијата на власт стана опозиција, наместо да управува со државата, наметнувајќи опасни поделби и закани во овие пресудни, историски настани.

ВМРО – ДПМНЕ застана против светот, кој речиси без исклучок повикува со разумен компромис да се надмине прашањето од историско значење за иднината на Македонија, клучно за стабилноста на регионот. Застана и против НАТО и против Европската унија (ЕУ). Против стратешките определби во сопствената партиска програма, против европските перспективи и визии за кои плебисцитарно се изјасни народот.

ВМРО – ДПМНЕ застана и против ставот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како јадро на знаењето и мудроста. Против економските експерти, интелегенцијата, граѓанската опција, медиумите, новинарите.

Застанувајќи против овие определби и ставови, ВМРО – ДПМНЕ застана речиси сама против сите. Наместо власт, се стави во улога на опозиција, кон со. Нема, притоа, објаснувања какви ќе бидат последиците за евроатланските интеграции, за стабилноста и безбедноста на државата. Не се наведени ниту причините, поради што можат да се подразберат анахрони историски и квазипатриотски флоскули./пошироко во рубрика тема/

Еве дечки прочитај те го ова и коментирајте јас само ке кажам:kesa::nenene:
 
TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26

Eve sto ima da kazam, me zabole stojko za svetot, eu i nato sto misli za nas.
Podobro da ne snema koga stoime na noze odkolku da ziveeme na kolenici.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Bravo za VMRO!!!!!!!! Nema Makedonija mesto za kompromisi.Megjunarodnoto Pravo i Pravda treba da e dvigatel i osnova za upotrebuvanje na naseto Ustavno Ime Makedonija, a ne nekoi morkovi na stap, nekoi uceni i zakani.

Samo Republika Makedonija i nisto drugo!!!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom