Друга работа, нормално дека ќе се навредам кога некој ќе те нарече како што ме нарече, ЗАТОА ШТО СИТЕ НИЕ СМЕ НА ИСТА СТРАНА ВО ОВОЈ СПОР, И НАВРЕДИТЕ ОД ТАКОВ ТИП ДОПИРААТ!!!
Не е точно. Не сме сите на иста страна.
На една страна се оние што бараат македонската нација да опстои и да ја има во иднина. На друга страна се оние што бараат македонската нација да се избрише од историјата и од лицето на земјата, и го завиткуваат своето тврдење во шарени приказни за “компромис“. Разликата меѓу двете страни е суштинска, длабока и непремостлива. Доколку навистина успеете во она што го сакате, не сме повеќе само идеолошки, туку стануваме и крвни непријатели.
Јас кажав дека не се осеќам компетентен, впорчем такви и нема, и дека сум 100% во право, но сепак мислам дека треба малце и рационално да размислуваме, јас највеќе се плашам од распад на државата ако не влеземе во НАТО, што не значи дека треба да погазиме све и да влеземе, но не треба да се брза, туку треба длабоко да се размислува!
А си се прашал ли некогаш, од што во суштина се плашиш? Каков е тој распад за кој зборуваш? Можеш ли на некој неутрален посматрач рационално да му ги образложиш причините за тој страв?
Мислам дека нема да бидам Ванѓа ако погодам: ти е страв од Голема Албанија. А пак Голема Албанија, сакаш да признаеш или не, е проект на НАТО и единствено е остварлива под покровителство на НАТО. Албанците сами немаат ресурси да го реализираат овој проект.
Значи, стравот е од НАТО, а не од албанците. Притоа, еписибир ти е - дали како составен дел од НАТО ќе ја градиш Голема АЛбанија како заеднички проект, или без да си член ќе станеш дел од таа Голема Албанија, а преку неа - сепак ќе му бидеш во устата на Луцифер.
Јас искрено верувам дека моменталнава политичка постава, Претседателот ,Премиерот, Опозицијата, имаат доволно капацитет да оценат, што е штетно а што добро за Македонија во овие моменти и дека ќе ја донесат правата одлука. Можда премногу им верувам, ама пак сме ние тие што сме ги гласале, и треба да имаме малце доверба во нив!!
Во што веруваш? Во онаа: “Не коалицираме со Али Ахмети“ од октомври 2002? или во онаа: “не дозволуваме никаква промена на уставното име Република Македонија“ од декември 2007?
И на крајот, уште еднаш за курвите:
CurvaSud_Milan; напиша:
Aбе со вакви лаички коментари тешко нас, ако знаеш нешто паметно да кажеш и да ме остаиш без зборови и да ме побиеш во тоа што го зборам пиши!!! Ако не поубаво е да си ќутиш!
Вицот е стар, ама сосема на место денес:
Постар човек и приоѓа на млада, испеглана и елегантна жена:
- Извинете госпоѓо, дали вие би дошле во кревет со мене за 1,000 000 долари?
жената го погледнува од глава до пети, па одговара;
- Да.
- Одлично. Во принцип се договоривме. Сега може да преговараме за цената.
Отприлика истото е и со денешните “преговори“.
Со самото тоа што некој дискутира за тоа каков предлог му е соодветен, а каков не, значи дека во принцип се согласил - се согласил дека е припадник на аморфна маса, а не на нација со историја и со иднина, и се согласил да биде третиран како таков.