- Член од
- 14 јули 2005
- Мислења
- 1.428
- Поени од реакции
- 43
Тоа не е твое размислување. Тоа се зборови неодамна изречени од Бранко Црвенковски.но одреден компромис кој нема да задира во националниот идентитет и постоење, а ќе донесе пред се стабилност, развој и сите други бенефиции, е прифатлив. Тоа е моето размислување!
И предизвикот “не само да критикувате, туку ајде кажете која е алтернативата“ е исто така омилениот одговор на Бранко Црвенковски.
Толку многу е верглана што веќе нема никаква жар да се одговара, ама ајде нека ти биде:
- алтернативата на менување на името е неменување на името. Па нели стопати имате речено дека името не е предуслов за НАТО? Зошто си противречите сами на себе и велите - кој не сака да го смени името - против НАТО е!
- алтернативата на грчкиот нацизам се европските вредности на еднаквост и респект кон другите. Зошто пак си противречите сами на себе, и велите: кој не потклекнува под грчкиот фашизам, против НАТО е!
- алтернативата на корумпирана држава е држава во која има ред.
- алтернатива на простотијата е образованието;
- алтернатива на комплексот на инфериорност е самопочитувањето,
и има уште колку што сакаш, но за тие пари - толку. Поздрави го Бране, ако сака да научи уште некоја алтернатива, нека плати, па ќе добие.