Дали Бекстејџ имаат грам памет?

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
За да победиш на Евровизија, не ти треба песна ти треба добар кеш и некоја ПР агенција и се ќе ти биде скоцкано од маркетиншка страна пред настапот и по победата. А нашите не се трошат многу бидејќи ако победиме следната година нема каде да го одржиме Евросонгот.
Од тоа што сме го вложиле, често го добиваме тоа што сме го заслужиле, а ретко (како оваа година) добиваме нешто многу повеќе.
па нормално, песната од шведска се вртеше веќе месец дена по радијата, хајп невиден, туку мене ми е кеиф што од нигде никаде се појави калиопи и си беше изненадување на евровизија, читав разни странски форуми и најголем дел беа позитивни мислењата за нашава.
а тоа што бектеш(така баба ми ги вика :D ) јадат гомна тоа не му е првпат, ама се понашаат бетер од деца мали со оние изјави и статуси.
јбг важно динго ги пука доги стајл за др. не е битно :)
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
овие од бекстејџ се прави идиоти ама ја незнам ни кој ги гледа
 
V

Vollstandig

Гостин
За да победиш на Евровизија, не ти треба песна ти треба добар кеш и некоја ПР агенција и се ќе ти биде скоцкано од маркетиншка страна пред настапот и по победата. А нашите не се трошат многу бидејќи ако победиме следната година нема каде да го одржиме Евросонгот.
Од тоа што сме го вложиле, често го добиваме тоа што сме го заслужиле, а ретко (како оваа година) добиваме нешто многу повеќе.
Наместо ограда, се прави една сала. Во случај да победиме.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Бекстејџ, дај молимт те. Блажевски сељакот, УМС ДПМНЕ Чуприна, Миа Курвиштето и плус комбинација Сител и Латас = сељачана од најдолен кооперациски вид. Нивната нетолеранција и некултура одамна се гледаше уште кога се бореа со А1 и нивните емисии- и нормално ниеднаш не победија.

Нема везе битно ја праќаат таа грдата по филмски фестивали со нашите пари што ги пумпа владата во Шител.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
ЕВРОВИЗИСКИ ПЛУКАНКИ
Kaко што знаете вчера се одржа финалната вечер за избор на ,,најдобра” песна во Европава. Некој би рекол дека е премногу mainstream да се пишува за овој настан, на истиот став стојам и јас, но не успеав да останам имун на глупостите кои ги изначитав по интернетов пласирани од страна на некои забавни емисии, или wannabe ѕвезди кои никој не ги шајкари во Македонијава. Евровизија како настан, јасно ни е на сите во кои рамки се движи, како и секоја работа која се поврзува со политика, така и чудово не може да биде одбегнато од истата.
Најпрвин бев скептик околу нашиот избор за песна, поточно не ги оспорувам квалитетите како вокал на Калиопи, едноставно песната на прво слушање не ме прими. Да бидам искрен, бев пријатно изненаден после настапот на полуфиналната вечер, кога меѓу сите тие претставници, нашата распали со својата, моќност, енергија, пристојност на сцена. Настрана симпатиите дека станува збор за наш претставник од МАКЕДОНИЈА, реално гледано пласман во топ 5 на финалната вечер, би било најдобро отсликување за реално мерило на квалитетот. Една од работите коja најмногу ме израдува е тоа што нашиот народ е обединет како никогаш порано, таква катарза доживеавме со спортските настани, сега ја обновуваме истата нирвана.За радоста да биде поголема од се’, во нештово нема политика. Но по обичај како и секогаш не може да му се погоди на секое Македонче, или поточно секогаш се најдува некој кој ужива да плука по радоста на мнозинството. Исклучок не беше ниту овој настан. Една од забавните емисии си зеде за право да мавни со камшикот на малоумноста по вратот на народот, како демек изборот на песна не чинел, како демек не сме испратиле најдобар претставник, како демек минатите претставници имале поголем успех ( без разлика на оценката која ја дадовме скоро сите едногласно ,,ОВА БЕШЕ НАЈДОБАРИОТ ИЗБОР НА ПЕСНА ДОСЕГА ИСПРАТЕНА НА ОВА НАТПРЕВАРУВАЊЕ”).За да глупавоста биде уште поголема, тие успеаа да ја испратат најголемата навреда кон мнозинството, цитирам - ,,Стварно ни го начука Калиопи!!!”. Aко подобро размислам, станува збор за музичка оценка од страна на лица кои пласираат во најавна шпица како Шеќерко извадил нова песна во која следува неморално исплукување кон се што мрда на оваа земја, како Јелена Карлеуша ја фатиле пијана во 3 часот по полноќ, како Цеца се спремала за некаква турнеја и слични, шундовски, нискокултурни, безвредносни работи. Истите тие кои уживаат во звуците на глупавото, музички невредното, компјутерски составеното, со текстови чија содржина е разбирлива само за нивните мозочни капацитети, бидејќи станува збор за употреба на ,,јака метафора” со ,,огромна’’ порака на крајот од песната , си дозволија за една ноќ да си играат музички експерти од светски рамки. Нивни поддржувачи се секако нивните братучеди, оние лижачи кои составиле песна со спотче, па се лажат дека некогаш ќе наидат на промоција од нивната супер ,,професионална” eкипа, браќата и сестрите на форсираните ,,музичари”, сите оние кои влегуваат под капата на овците кои беа постирани од нивна страна. Тука некаде се надоврзаа и некои личности кои ги примија веќе одамна клоците од народот, па спасот го бараа некаде низ Балканот, каде нивниот образ е сега ,,чист” но за брзо време ќе потони во гнасотиите кои ги оставаат зад себе. Какви и реченици да напишеме, во кои се живо и диво би испокарале, нема да бидат толку глупави и нема да го достигнат нивото на нискост и простотилак како горенаведените. Честито!!!Пред некој ден добив впечаток со изјавата дека го достигнаа дното, но сега заклучив дека лопатата вешто ја криеле во џебот и дека допрва почнуваат да копаатво длабочините. Слободно........... дами (ако можам така да ги наречам оти сега место Д можиме комотно да поставиме С) продолжете со работата, а тоа дали некој ќе ве следи, останува да видиме. Како за крај, сигурен сум дека со изјавите кои беа дадени од нашата претставничка, се разбуди повторно она МАКЕДОНСКОТО во нас, крајот на изведбата, закопувањето на грчкото гејско мангупче, сите тие беа остварувања за восхит. Останете сплотени МАКЕДОНЦИ, така сме посилни од се’.
Нешто кое го напишав за еден блог, кој не го мрзи нека читни.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
а шо е то бекстејџ уствари?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.193
Поени од реакции
84.067
Сите знаеме дека овој ужасен проект од секогаш имал за цел да ги воздигнува нивните пријатели и да ги деградира оние кои не се дел од нив, но што се случува со нив? Знаат ли што прават?
Кој нормален би го болело уво што некоја шабанска емисија (на Сител) за шунд музика*, на смрдлив фејсбук, кој и самиот е смрдлива алатка (која не сум ја употребуел уште, рака на срце), напишала за ултимативниот кич настан на кој учествува преставник на нашите шабани?


*Колку што сум информиран Бекстејџ е шабанска емисија за музика ко онаа на тоше, моше, ламбе, елвир....
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Самиот состав на водителки на Бекстејџ говори за ‘сериозноста‘ и ‘професионалноста‘ на емисијата. Освен физички што се убави, некоја друга добра карактеристика баш и немаат. Крескав глас, лажна насмевка, и секако - многу лоша репутација. Повеке наликуваат на спонзоруши отколку на новинарки. Самата емисија воопшто не нуди некакви интересни вести за естрадата, туку таа најчесто се состои од нешто начуено па потоа зачинето со свои некои никакви мислења од уредникот и новинарките.
Интелигенцијата и проверените вести се нешто што оваа емисија, а впрочем и самиот канал Сител, не ги познава. Шегите им се очајни, критиките им се невкусни, едноставно се што е кажано таму се граничи со безобразлук. Слават родендени нa емисијава, а лугето едвај ја гледаат. Нивните родендени на што им личат - не би сакала подолго да дискутирам само би кажала дека се еден неуспешен обид за ВИП забава.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Калиопи на оваа еврозија беше пласирана на 12 а не 13-то место. Ние имавме ист број гласови со Романија но повеќе земји ни дадоа 12 поени што според официјалните правила на натпреварот не прави на позиција погоре од Романците, што ја прави песната на Калиопи на иста позиција со онаа на Елена Ристевска и го прави нејзиниот пласман најдобар за Македонија досега (Нинанајна беше 12 од 37 натпреварувачи додека Црно и Бело е 12 од 42 натпреварувачи). Трагичное што таканаречените водители, водителки и новинари во Сител ни најмалку не се обиделе да ги проверат фактите пред да почнат да плукаат по туѓите успеси.
 
M

Muranyi

Гостин
најстварно, и што е најкрваво веста ја ОБЕЛОДЕНИЈА токму на бекстејџ, а кокошката Миа без трошка непријатност и страм ја потврди веста- КОЈА ПАТЕТИКА!:pos:
:facepalm:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не чини тоа што враќаат со навреди на се и сешто, ебати медиумот, стварно не знам кој прави така, како од патишка река да се.
 
Член од
20 февруари 2009
Мислења
103
Поени од реакции
73
Калиопи на оваа еврозија беше пласирана на 12 а не 13-то место. Ние имавме ист број гласови со Романија но повеќе земји ни дадоа 12 поени што според официјалните правила на натпреварот не прави на позиција погоре од Романците, што ја прави песната на Калиопи на иста позиција со онаа на Елена Ристевска и го прави нејзиниот пласман најдобар за Македонија досега (Нинанајна беше 12 од 37 натпреварувачи додека Црно и Бело е 12 од 42 натпреварувачи). Трагичное што таканаречените водители, водителки и новинари во Сител ни најмалку не се обиделе да ги проверат фактите пред да почнат да плукаат по туѓите успеси.
тоа правило веќе не важи романија имаше бодови од повекје држави затоа сме 13.ти
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Не дека не се во право, али ај кај сите турци и гол Асан.
Идиоти бе како можеа само такво нешто да речат за ОПИ :rolleyes:
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Бекстејџ?? Одамна забораив дека постојат:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom